14 јануари – Божјиот закон

„Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон.“ (Римјаните 7,22)

За побожниот човек, псалмистот вели: „Туку му омиле Господовиот закон и за Неговиот закон размислува ден и ноќ.“ Повикувајќи се на своето лично искуство, тој заклучува: „Колку го љубам Твојот закон! Постојано размислувам за него.“ „Очите мои ги престигнуваат ноќните стражи, за да размислувам за Твојата реч.“ (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 526. оригинал)

Божјата волја е изразена во прописите на Неговиот свет Закон, а начелата на тој Закон се начела на Небото. Небесните ангели не достигнуваат повисок степен на знаење од познавањето на Божјата волја, а највозвишената служба на која можат да ги посветат своите способности е да ја исполнуваат Неговата волја.

Но на небото службата не се извршува само за да се задоволат барањата на Законот. Кога сатаната се побунил против Господовиот закон, помислата дека постои закон ги поттикнала ангелите да размислуваат за она за кое дотогаш не размислувале. Ангелите не ја извршуваат својата служба како слуги, туку како синови. Меѓу нив и нивниот Создател постои совршено единство. Послушноста за нив не претставува товар. Љубовта кон Бога ја претвора нивната служба во радост. Така и во секоја душа во која живее Христос, Надежта на славата, повторно одѕвонуваат неговите зборови: „Со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот закон е во срцето мое“. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 109. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest