11 октомври – Постојаност во службата

„Браќа, секој нека остане пред Бога во она во што е повикан.“ (1. Коринтјаните 7,24)

Божјите слуги мораат да го земат на себе секој дел од христијанскиот оклоп. Ние не се бориме со обичен непријател во човечки облик. Бог го повикува секој христијанин да стапи во борба и да се бори под Негово водство, потпирајќи се за успех на небесната благодат и помош. Мораме да напредуваме во силата на Семожниот. Никогаш не смееме да отстапиме пред сатанските напади. Зошто како христијански работници да не се спротивставиме на поглаварствата и властите и управителите на темнината од овој свет? Бог бара од нас да одиме напред, користејќи се со даровите што Тој ни ги доверил. Сатаната ќе нè доведува во искушенија. Тој ќе се обидува да нè совлада со своите борбени лукавства. Но ние мораме, со Божја сила, да стоиме цврсто како карпа во поглед на начелата.

Во оваа борба нема одмор. Сатанските претставници никогаш не застануваат во своето дело на уништување. Оние што се наоѓаат во Христова служба мораат секогаш да бдеат будно. Наша цел е спасување на души од пропаст. Тоа е бескрајно големо дело и човекот не може да се надева на успех, ако не се соедини со божествениот Работник.

Христос е човечки Искупител од вечни времиња. Уште од самото паѓање, до сите оние кои се соединуваат со Него, допираат зборовите: „А вие, браќа, не паѓајте со Духот, кога вршите добро“…

Христијанинот е повикан да биде трпелив и истраен во вршењето на службата на евангелието во врска со здравствено-мисионерската работа. Како што стекнува искуство во вистинската религија, тој добива духовно знаење кое го гради карактерот.

Животот на вистинскиот христијанин е едно непрекинато служење. (Сведоштва за црквата вол. 9, стр. 219-220. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest