11 февруари – Непоколеблива чесност

„Лажната мерка гнасна е на Господа, а полната мерка му е угодна.“ (Пословици 11,1)

Извештаите за секоја работа, деталите од секоја трансакција, внимателно се испитуваат од страна на невидливите ревизори, застапниците на Оној кој никогаш не прави компромиси со неправедноста, на чии очи злото никогаш не може да му избега, кој никогаш не го прикрива гревот. (Воспитување, стр. 144. оригинал)

Чесен човек, според Христовите мерила е само оној кој непоколебливо останува исправен и честит во сите околности. Лажните тегови и неисправните мерила со кои многумина настојуваат да ја зголемат својата земна добивка, се одвратни во Божјите очи… Кога човекот е навистина поврзан со Бога и навистина го држи Неговиот закон, тоа се гледа во неговиот живот, бидејќи сите негови постапки секогаш се во склад со Христовото учење. Тој не ја продава својата чест за никаква земна добивка. Неговите начела се засновани на сигурен темел, и неговото однесување и во земните работи е одраз на неговите внатрешни принципи. Непоколебливата чесност блеска како злато меѓу плевелот и троскотот на овој свет. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 310. оригинал)

Оние кои се определени за чесност го покажуваат тоа во сите свои постапки. На многумина таквите не им се по волја, но затоа на Бога му се исклучително драги. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 607. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest