10 јануари – Во мир со Бога и луѓето

„Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети.“ (Пословици 12,20)

Оној што е во мир со Бога и со своите ближни, никој не може да го направи несреќен. Во неговото срце нема да има завидливост, нема место ни за зли сомнежи и омраза не може да постои. Срцето кое е во согласност со Бога е исполнето со небесен мир и неговото благословено влијание го шири на сите кои го окружуваат. Духот на мирот како роса ќе се спушта врз срцето уморно и измачено од борбите на оваа земја. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 27. оригинал)

„Блазе на миротворците“. Вистината раѓа Христов мир. Тој е во хармонија со Бога. Светот е во непријателство со Божјиот закон; грешниците се во непријателство со својот Творец ­ и како резултат на тоа, тие се во непријателство еден кон друг. Псалмистот изјавува: „Неизмерно спокојство имаат оние кои го љубат твојот закон – тие од ништо нема да се сопнат“. Луѓето не можат да создадат мир. Човечките планови за исчистување и издигнување на поединците и општеството не успеваат да создадат мир, затоа што не допираат до срцето. Единствена сила што може да создаде и постојано да го одржува вистинскиот мир е Христовата милост. Кога таа е всадена во срцето, ќе бидат отстранети лошите склоности што предизвикуваат кавги и несогласија. „Место трње ќе расте кипарис, место коприва ќе никнува мирта“, а пустината на животот „ќе се весели… и ќе процути како трендафил“. (Копнежот на вековите, стр. 302-305. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest