Време на голема неволја (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Христијаните по име, кои ќе влезат неподготвени во онаа страшна последна борба, во очај и со голем страв ќе ги признаат своите гревови, додека грешните ќе се радуваат за нивната мака. Овие признавања се слични на признавањата на Исава и на Јуда. Тие што постапуваат така, плачат поради последиците на престапот, а не поради својата вина. Тие не чувствуваат никакво вистинско каење ниту одвратност кон гревот. Тие го признаваат својот грев од страв од казна; но, како и фараонот некогаш, тие пак би му се противеле на Бога кога казните би биле повлечени.

Случајот на Јакова исто така е доказ дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени, искушани и наведени на грев, но се обратиле на Бога со искрено каење. Додека сатаната се обидува да ги уништи овие луѓе, Бог ги праќа своите ангели да ги тешат и да ги заштитат за време на опасноста. Нападите на сатаната се остри и решителни и неговите измами страшни, но окото Господово бдее над неговиот народ и неговите уши го слушаат нивниот вик. Нивната неволја е голема; се чини дека ќе ги голтне пламен на огнена печка; но Бог, како леар, ќе ги спроведе низ огнот, како скапоцено злато што се пречистува во оган. Божјата љубов кон неговите деца за време на нивното најтешко искушение е исто толку силна и нежна како и во деновите на нивната најголема благосостојба, но заради нив потребно е да поминат низ огнена печка. Сè што е земно во нив мора да изгори за да можат целосно да го одблеснуваат Христовиот лик.

Времето на неволја и стравот што е пред нас ќе бара вера што може да поднесе маки, откажувања и глад, вера што нема да се поколеба иако ќе биде тешко искушана. Времето на милоста им се дава на сите за да се приготват за тоа време. Јаков победил зашто бил истраен и решителен. Неговата победа е доказ за силата на истрајната молитва. Сите што се потпираат врз Божјето ветување на ист начин, кои се сериозни и истрајни како него, ќе постигнат ист успех. Оној што не е подготвен да се откаже од самиот себе, да се понизи пред Бога и долго и сериозно да се моли за негов благослов, нема ни да го добие. Да се бориш со Бога  малцина знаат што значи тоа! Колку малку се оние кои кога било излегле нред Бога со длабок копнеж кој силно ги поткренал сите сили на нивното битие! Кога душата на молителот ќе ја преплават бранови на очај, кои никакви зборови не можат да ги изразат, колку ретки се оние кои со непоколеблива вера се потпираат врз Божјите ветувања!

Тие што сега имаат само малку вера, се наоѓаат во голема опасност да потклекнат пред силата на сатанските измами и декретот кои ќе извршат насилството над совеста. Па дури и ако ги издржат искушенијата, сепак, во времето на големата неволја ќе поднесуваат длабока жалост и страв, зашто не навикнале да се потпираат врз Бога. Лекциите на верата што не ги научиле на време, ќе мора да ги учат под страшен притисок на обесхрабрување.

Сега треба да се запознаеме со Бога и да ги провериме неговите ветувања. Ангелите запишуваат секоја сериозна и искрена молитва. Побргу треба да се откажеме од себичните задоволства, отколку да ја занемариме заедницата со Бога. Најголемото сиромаштво и самооткажување со него се подобри од сите богатства, од честа, од удобноста и од сите пријателства без него. Мораме да најдеме време за молитва. Ако дозволиме световните интереси да го окупираат нашиот дух, Бог можеби ќе ни даде време така што ќе ни ги одземе нашите идоли кои се состојат од злато, од куќи и од плодна земја.

Младината не би била наведена на грев кога би одбила да следи кој било друг пат освен оној на кој може да бара Божји благослов. Кога весниците што му ја објавуваат на светот последната свечена опомена би барале Божји благослов не студено, рамнодушно и немарно, туку срдечно и со вера како Јаков ­ тогаш често би имале прилика да кажат: „Бога го видов лице в лице и мојата душа се избави“ (1. Мојсеева 32,30). Небото би ги сметало за кнезови, зашто би имале сила да победат во својата борба со Бога и со луѓето.

Наскоро ќе настапи „време на страдање какво што не постоело никогаш“, и тогаш ќе ни биде потребно искуство што сега го немаме, а кое мнозина занемаруваат да го стекнат. Често очекуваните неволји ги преувеличуваме, но тоа не е случај со неволјата што е пред нас. Најбујната мечта не може да замисли колку тешко ќе биде искушението. Во тоа време на искушение секоја душа ќе мора да стои сама за себе пред Бога. „Ако Ное, Даниел и Јов би биле во неа, жив да сум јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души“ (Езекил 14,20). (продлжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest