Швајцарски реформатор (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Во Германија продавањето на прошталници им било доверено на доминиканските калуѓери. На чело на таа трговија стоел Тецел. Во Швајцарија трговијата со прошталници им била доверена на фрањевците, под контрола на еден италијански калуѓер, Самсон. Самсон веќе на црквата ѝ направил големи услуги, донесувајќи од Германија и Швајцарија огромни суми пари во папската благајна. Сега поминувал низ Швајцарија; привлекувал големо мноштво, лишувајќи ги сиромашните селани од нивните скромни приходи и измамувајќи од богатите големи дарови. Но влијанието на реформацијата веќе се чувствувало. Иако оваа трговија со прошталници не била целосно осуетена, сепак, била значително ослабена. Цвингли уште бил во Ајнзиделн кога Самсон ја почнал својата дејност во еден соседен град. Кога слушнал за неговата мисија, реформаторот веднаш станал против него. Обајцата противници не се сретнале, но успехот на Цвингли во разоткривањето на трговијата на калуѓерот бил толку голем што тој морал да замине во друго место да бара среќа.

Во Цирих Цвингли огнено проповедал против трговијата со прошталници; и кога Самсон се приближил до градот, градскиот совет пратил пред него пратеник со молба да не влегува во градот. Успевајќи со итрина да добие дозвола и да влезе во него, сепак, бил вратен назад, не продавајќи ниту една единствена прошталница и набргу потоа ја напуштил Швајцарија.

Реформата добила силен поттик кога се појавила чума, наречена „црна смрт“, која во 1519 година пустела во Швајцарија. Гледајќи ѝ на смртта во очи, мнозина се сетиле на ништожноста и на безвредноста на проштавањето што го купиле за пари, и посакале нивната вера да почива на поцврст темел. Цвингли во Цирих се разболел; болеста била толку тешка, што мнозина загубиле надеж дека ќе оздрави и веќе кружеле вести дека Цвингли умрел. Во тој критичен час, неговата надеж и храброст не го напуштиле. Тој со вера гледал на крстот на Голгота, надевајќи се дека Христовата жртва е доволна за проштавање на гревовите. Избегнувајќи ја смртта, почнал да го проповеда евангелието со поголема ревност од кога и да е порано, и неговите зборови имале непреодолива сила. Народот со радосно срце го поздравувал својот мил проповедник кој се вратил од работ на гробот. Бидејќи самите бдееле крај креветот на болните и на оние што умирале, подобро од кога и да е порано ја чувствувале вредноста на евангелието.

Цвингли појасно ја сфатил вистината и подобро ја почувствувал во себе нејзината преродбенска сила. Падот на човекот и планот на спасението биле негова омилена тема. „Во Адама“, зборувал тој, „сите сме мртви, потонати во расипаност и проклетство“ (Исто, b. 8, ch. 6). „Христос … платил за нас бескрајно голема откупнина … Неговото страдање е … вечна жртва и вечно успешна да лекува; таа за секогаш ја задоволува божествената правда во полза на сите кои со цврста и непоколеблива вера се потпираат на неа.“ Меѓутоа, тој јасно учел дека Христовата благодат не ни дава право и понатаму да живееме во грев. Секаде каде што постои вера во Бога, таму е и Бог, а каде што е Бог, таму е и ревност што нè гони да правиме добри дела“(D’Aubigne, b. 8, ch. 9).

Интересот за проповедите на Цвингли бил толку голем, што катедралата била полна со слушатели кои доаѓале да го чујат. Малку по малку, колку што можеле да разберат, им ја откривал на своите слушатели вистината. Бил внимателен и веднаш од почеток не им ги откривал точките што би можеле да ги збунат и кај нив да создадат предрасуди. Негова цел била да ги задобие нивните срца за Христовата наука, да ги трогне со неговата љубов и пред нивните очи да го оживее Христовиот пример. Кога ќе ги прифатат начелата на евангелието, нивното суеверие и нивните празноверни обичаи ќе исчезнат.

Чекор по чекор реформацијата во Цирих напредувала. Непријателите подигнале силен отпор. Една година порано еден калуѓер од Витенберг на папата и на царот во Вормс им го кажал своето решително „не“, а сега се чинело дека папските интереси ќе наидат на слично противење во Цирих. Цвингли бил изложен на постојани напади. Повремено во папските кантони учениците на евангелието биле спалувани на ломача, но тоа не било доволно: учителот на кривоверството требало наполно да се замолкне. За таа цел епископот од Констанца пратил во Цирих тројца пратеници да го обвинат Цвингли дека народот го учи да ги гази црковните закони и со тоа го доведува во опасност мирот и добриот ред на општеството. Ако се презира црковната власт, порачал тој, ќе настане општа анархија. Цвингли одговорил дека веќе четири години го проповеда евангелието во Цирих и дека тој град „е потивок и помирен од кој и да е друг град во Швајцарија“. „Поради тоа, нели христијанството“, заклу чил тој, „е најдобар чувар на општата сигурност?“ (Wylie, b. 8, ch. 11).

Пратениците на епископот им советувале на градските од борници да останат во црквата, бидејќи, како што изјавиле, надвор од неа нема спасение. Цвингли одговорил: „Ова обвинување против мене нека не ве вознемирува! Темел на црквата е истата Карпа, истиот Христос кој на Петар му го дал неговото име, зашто тој верно го признал. Секој, кој со цело срце верува во Христа, секаде и во секој народ, ќе биде спасен. Тоа е онаа вистинска црква и надвор од неа никој не може да биде спасен“(D’Aubigne, London ed., b. 8, ch. 11)

Како резултат на тој разговор, еден од пратениците на епископот ја примил евангелската вера.

Градскиот совет не сакал да стане против Цвингли и Рим се приготвил за нов напад. Дознавајќи за заговорот на своите не пријатели, реформаторот извикнал: „Нека дојдат! Јас се плашам од нив исто толку колку и карпата што се плаши од брановите што бучат на нејзиното подножје“(Wylie, b. 8, ch. 11).

Вистината се ширела понатаму. Приврзаниците на реформацијата во Германија, обесхрабрени со Лутеровото исчезнување, пак се охрабриле кога слушнале за напредокот на евангелието во Швајцарија. (продолжува)

Библијата и француската револуција (осми дел)
Библијата и француската револуција (седми дел)
Библијата и француската револуција (шести дел)
Библијата и француската револуција (петти дел)
Библијата и француската револуција (четврти дел)
Библијата и француската револуција (трет дел)
Библијата и француската револуција (втор дел)
Библијата и француската револуција (прв дел)
Подоцнежни англиски реформатори (осми дел)
Подоцнежни англиски реформатори (седми дел)

Pin It on Pinterest