Еден американски реформатор (шести дел)

(продолжува од претходниот ден) „Свеченото уверување дека за кратко време ќе се случи толку величествен настан, што го преткажува Светото писмо, кај мене разбуди непреодоливо прашање: Што е моја должност кон светот во врска со овие очигледни докази што ја потресоа мојата душа“ (Исто, page 81). Милер чувствувал дека негова должност е и на другите да им ја соопшти светлината што ја примил. Очекувал безбожниците да дадат отпор, но верувал дека сите христијани ќе се израдуваат за надежта што ќе можат да го сретнат Спасителот што го љубат. Единствено се плашел дека мнозина во големата радост поради слободата што ќе настане наскоро, таа наука ќе ја прифатат не испитувајќи ги доволно стиховите на Писмото што ја докажуваат таа вистина. Сè уште се колебал своето уверување да го изнесе јавно, плашејќи се, ако самиот е во заблуда, другите да не ги доведе во заблуда. Тоа го поттикнало уште еднаш да ги провери доказите на своите заклучоци и внимателно да испита секоја тешкотија што би можела да се појави. Се уверил дека пред светлината на Божјата реч исчезнуваат сите приговори како маглата што исчезнува пред сончевите зраци. По пет години вакво проучување, потполно се уверил во исправноста на своето гледиште.

Сега, бидејќи верувал така, со нова сила му се наметнала должноста и другите да ги запознае со она што е јасно изнесено во Светото писмо. Рекол: „Кога одев на работа, во ушите постојано ми се одгласуваше: ‘Оди и кажи му на светот во каква опасност се наоѓа.’ Во мислите постојано ми одѕвонуваше следниот библиски текст: ‘Кога ќе му речам на грешникот’: ‘Грешнику, ти бездруго ќе умреш’, а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави својот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од твојата рака. Ако пак беззаконикот си го предупредил да се врати од својот пат, а тој не се одврати од својот пат, тој ќе умре за својот грев, но ти ќе ја сочуваш својата душа’ (Езекил 33,8.9). Чувствував дека многу безбожници би се покајале кога би биле предупредени; а ако не ги предупредам, нивната крв ќе се бара од моите раце“ (Bliss, page 92).

Почнал да ги шири своите погледи секаде каде што му се дала можност и се молел на Бога барем еден проповедник да ја почувствува нивната важност и својот живот да му го посвети на ширењето на таа вест. Но не можел да се ослободи од чувството на одговорност дека објавувањето на опомената е негова лична должност. Во мислите постојано му се одгласувале зборовите: „Оди и објави му го тоа на светот; нивната крв ќе ја барам од твоите раце.“ Чекал девет години и тој товар постојано му лежел на срце, додека во 1831 година не ги изнесе првпат јавно темелите на своето верување.

Како Елисеј, кој бил повикан да ги остави воловите на поле и да го прими светиот плашт за пророчка служба, така и Вилијам Милер бил повикан да го напушти својот плуг и да му ги открие на народот тајните на Божјето царство. Со страв го почна тоа дело, водејќи ги своите слушатели чекор по чекор низ пророчките отсеци до второто Христово доаѓање. При секој напор добиваше нова сила и храброст, зашто забележуваше голем интерес што го предизвикаа неговите зборови.

Милер реши јавно да ги изнесе своите погледи само затоа што на тоа го поттикнуваа неговите браќа во верата и што во нивните зборови слушна Божји повик. Тогаш веќе имаше педесет години и не беше навикнат јавно да зборува. Го мачеше чувство на неспособност за делото што стоеше пред него. Но, уште од самиот почеток неговите напори за спасување на душите беа благословени. По неговите први проповеди настана силно религиозно будење и во таа пригода се обратија триесет цели семејства, освен два члена. Веднаш беше повикан да зборува и на други места и речиси се каде неговата работа разбуди живо интересирање за Божјата реч. Грешниците се обраќаа, христијаните беа поттикнати на поголема преданост кон Бога, а деистите и неверниците мораа да ја признаат библиската вистина и христијанската религија. Оние, меѓу кои работеше, за него го дадоа следното сведоштво: „Тој ги задобива и оние луѓе врз кои друг човек не би можел да влијае“ (Исто, паге 138). Неговите проповеди имаа за цел да разбудат општо интересирање за верските работи и да го спречат ширењето на световниот дух и развратот во тоа време.

Речиси во секој град, како резултат на неговите проповеди, се обраќаа по дваесетина, а некаде и по стотина. На многу места му се отвораа разни протестантски цркви; Милер обично добиваше повици од проповедници на различни цркви. Негово правило беше да не зборува никаде каде што не е повикан, но сепак, набргу увиде дека не може да одговори ниту на половината од молбите што му беа упатени. (продолжува)

Во светињата на светињите (втор дел)
Во светињата на светињите (прв дел)
Што е тоа светилиште? (шести дел)
Што е тоа светилиште? (петти дел)
Што е тоа светилиште? (четврти дел)
Што е тоа светилиште? (трет дел)
Што е тоа светилиште? (втор дел)
Што е тоа светилиште? (прв дел)
Исполнети пророштва (седми дел)
Исполнети пророштва (шести дел)

Pin It on Pinterest