Протест на кнезовите (трет дел)

(продолжува од претходниот ден) „Да го отфрлиме овој едикт“, рекле кнезовите. „Во прашањето на совеста мнозинството нема никаква власт.“ Пратениците изјавиле: „Благодарение на декретот од 1526 година, државата ужива мир, но укинувањето на тој декрет Германија би ја исполнило со немири и судири. Државниот собор нема друго право освен да ја сочува религиозната слобода до свикување на нов собор“ (Исто, b. 13, ch. 5). Должност на државата е да ја штити слободата на совеста, и тука е границата на нејзиниот авторитет во религиозните работи. Секоја световна власт што се обидува да одредува или да наметнува верски прописи го гази оној прицип за кој толку благородно се бореле евангелистичките христијани.

Приврзаниците на папата решиле да го скршат она што го нарекувале „дрска тврдоглавост“. Се обиделе да предизвикаат расцеп меѓу приврзаниците на реформацијата и да ги заплашат сите што уште не се изјасниле отворено во нејзина корист. Најпосле пред државниот собор биле повикани претставници на слободните градови и од нив се барало да се изјаснат дали се согласуваат со дадените предлози или не. Тие побарале да им се даде рок, но напразно. Кога така биле ставени на искушение, речиси половината од нив се изјасниле за реформаторите. Оние што одбиле на овој начин да ја жртвуваат слободата на совеста и правото на лично мислење, добро знаеле дека во иднина ќе бидат предмет на критика, на осуда и прогонство. Еден од делегатите рекол: „Ние мораме да се откажеме од Божјата реч или ќе бидеме спалени“ (Исто, b. 13, ch. 5).

Царевиот застапник на државниот собор, кралот Фердинанд, видел дека едиктот ќе предизвика сериозни раздори ако не биде можно да се наговорат кнезовите да го прифатат или да го поддржат. Се обидувал тоа да го постигне со убедување, знаејќи добро дека ако употреби сила тие луѓе ќе станат уште порешителни. „Ги молел кнезовите да го прифатат едиктот, уверувајќи ги дека царот за тоа ќе им биде благодарен.“ Но овие храбри луѓе познавале една повисока власт од земните цареви и за тоа мирно одговориле: „Ние ќе му се покориме на царот во сè што служи за одржување на мирот и за прослава на Бога“ (Исто, b. 13, ch. 5).

Најпосле пред целиот собор кралот изјавил дека „едиктот дефинитивно е прифатен и дека ќе биде издаден во вид на царски декрет. Потоа му рекол на Саксонскиот изборен кнез и на неговите пријатели дека не им преостанува ништо друго освен да му се покорат на мнозинството.“ Кога го рекол тоа, го напуштил собранието, не давајќи им на реформаторите можност да му одговорат. Напразно тие пратиле кај кралот делегација со молба да се врати. „Ова прашање е решено; сè што ви преостанува е да се покорите“ (Исто, b. 13, ch. 5).

Приврзаниците на царот биле длабоко уверени дека христијанските кнезови решиле да се придржуваат кон Светото писмо како кон повисок авторитет од човечките науки и прописи; а го знаеле и тоа дека прифаќањето на ова начело на крај ќе го урне папството. Но, „гледајќи само на она што се гледа“, како што го правеле тоа илјадници пред и по нив, и тие себеси си ласкале дека моќта е на страна на папата и царот, а дека реформаторите се слаби. Кога протестантите би сметале на човечка поддршка, навистина би биле слаби, како што мислеле приврзаниците на папата. Но, иако малобројни и скарани со Рим, тие сепак биле силни. Против „одлуките на државниот собор се повикувале на Божјата реч, а против царот Карло на Исуса Христа, Царот над царевите и Господарот над господарите“ (Исто, b. 13, ch. 6).

Бидејќи Фердинанд одбил да го уважи уверувањето на нивната совест, кнезовите решиле, не водејќи сметка за неговото отсуство, без одлагање својот протест да го изнесат пред државниот собор. (продолжува)

Библијата и француската револуција (осми дел)
Библијата и француската револуција (седми дел)
Библијата и француската револуција (шести дел)
Библијата и француската револуција (петти дел)
Библијата и француската револуција (четврти дел)
Библијата и француската револуција (трет дел)
Библијата и француската револуција (втор дел)
Библијата и француската револуција (прв дел)
Подоцнежни англиски реформатори (осми дел)
Подоцнежни англиски реформатори (седми дел)

Pin It on Pinterest