Утрински предвесници (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Беа запалени свеќи; огнот на огништето пламтеше како за време на есенските ноќ и кога нема месечина. Кокошките се повлекоа на починка; говедата се собираа и мукаа при излезот на пасиштето; жабите крекаа; птиците ги пееја своите вечерни песни, а наоколу летаа лилјаци. Но луѓето знаеја дека уште не настапила ноќ …“

„Д­р Натанаел Витакер, проповедник на црквата во Салем, држел проповед во која нагласил дека темнината е натприродна. Во многу други места се одржувале состаноци. На тие состаноци се читале библиски текстови од кои можело да се види дека темнината во тој мрачен ден се совпаѓа со библиските пророштва… Темнината била најгуста малку по единаесет часот“ (The Essex Antiquarian, April, 1899, vol. 3, No. 4, pp. 53, 54) „Во повеќето места темнината била толку густа преку цел ден, што не можеле да се видат сказалките на часовникот, ниту се гледало да се руча, ниту да се извршува каква и да е домашна работа без запалена свеќа.

Темнината опфатила необично големо пространство. Допирала до Фалмаут на исток и на запад достигнувала до надворешните делови на Конектикат и Алабама; на југ можела да се посматра по должината на целиот морски брег, а на север се протегала додека се протегаат американските населби“ (William Gordon, History of the Rise, Progress, and Establishment of the Independence of the U.S.A., vol. 3, p. 57).

По густата темнина тој ден, еден или два часа пред вечера, од делумно јасното небо се појавило сонцето кое сè уште како да било затемнето со црна, густа магла. „По заоѓањето на сонцето, небото пак го покриле облаци и нагло настапила темнина.“ „Темнината таа ноќ била исто толку необична и страшна како и онаа во текот на денот. Иако месечината била полна, никаков предмет не можел да се види без вештачка светлина што, посматрана од соседните куќи или од другите оддалечени места, се наѕирала како низ некој вид египетска темнина што не можеле да ја пробијат светлосните зраци“(Isaiah Thomas, Massachusetts Spy ili American Oracle of Liberty, vol. 10, No. 472 (May 25, 1780). Еден очевидец пишува: „Не можам да се ослободам од помислата дека, кога секое светло тело во вселената би се завиткало во непробивна темнина или би престанало да постои, тогаш темнината не би можела да биде погуста“ (Letter by Dr. Samuel Tenney, of Exeter, New Hampshire, December, 1785; in Massachusetts Historical Society Collections, 1792, 1st series, vol. 1, p. 97). Иако во девет часот навечер излегла полна Месечина, „таа не можела да го растера претсмртниот мрак.“ По полноќ темнината се растурила и кога се покажала Месечината, изгледала како крв.

Христос го предупредил својот народ да внимава на белезите на неговото доаѓање и да се радува кога ќе ги види знаците на својот Цар кој доаѓа. „Кога ќе почне да се случува тоа“, рекол Тој, „исправете се и поткренете ги главите, зашто наближува вашето откупување.“ Исус им обрнал внимание на своите ученици на дрвјата во полето што почнале да пуштаат пупки и рекол: „Кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу. Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божје“ (Лука 21,28.30.31).

 

Но, кога во црквата духот на понизноста и побожноста им го отстапил местото на горделивоста и формализмот, тогаш се изладила љубовта кон Христа и верата во неговото доаѓање. Проникнати со световен дух и со желба за уживања, тие што тврделе дека се Божји народ станале слепи за науката на Спасителот во врска со знаците на неговото доаѓање. Ја занемариле науката за неговото второ доаѓање; библиските стихови за Христовото доаѓање биле затемнети со погрешно толкување, додека најпосле не биле целосно занемарени и заборавени. Таков бил случајот со црквите во Америка. Слободата и удобноста што ги уживале сите, стремежот кон богатство и раскош што предизвикал опасна страст за пари, незаситниот копнеж за популарност и моќ што секо му му се чинеле достижни сето тоа ги натерало луѓето своите интереси и надежи да ги сосредоточат кон овој живот, и свечениот ден, кога ќе дојде крајот на сегашниот ток на настаните, да го потиснат во далечна иднина.

Кога Спасителот на своите следбеници им ги покажал знаците на своето враќање, преткажал и општ отпад што ќе се случи непосредно пред неговото враќање. Ќе биде како во Ноево време ќе се покаже жив интерес за работите на овој свет и желба за уживање: луѓето ќе купуваат, ќе продаваат, ќе садат, ќе ѕидаат, ќе се мажат и ќе се женат, заборавајќи го Бога и идниот живот. Опомената на Спасителот, упатена до оние што живеат во тие денови, гласи: „Туку, вардете се, вашите срца да не бидат обременети со ненаситност, со пијанство и со грижи за животот, за да не ви дојде ненадејно тој ден… Туку бдејте и молете се да имате сила да избегнете од сето тоа што ќе настане, и да застанете пред Синот човечки“ (Лука 21,34.36). (продолжува)

Во светињата на светињите (втор дел)
Во светињата на светињите (прв дел)
Што е тоа светилиште? (шести дел)
Што е тоа светилиште? (петти дел)
Што е тоа светилиште? (четврти дел)
Што е тоа светилиште? (трет дел)
Што е тоа светилиште? (втор дел)
Што е тоа светилиште? (прв дел)
Исполнети пророштва (седми дел)
Исполнети пророштва (шести дел)

Pin It on Pinterest