Разурнувањето на Ерусалим (трет дел)

(продолжува од претходниот ден)
Исус во Ерусалим гледал симбол на светот окоравен во неверство и бунт, кој бргу се приближува кон Божјите одмазднички судови. Неговата душа ја тиштела бедата на отпаднатиот човечки род и од устата му се оттргнал неизмерно горчлив извик. Ја гледал историјата на гревот и на човечкото страдање напишана со солзи и крв. Неговото срце се кинело од жалост над несреќите и патилата на луѓето. Но, како да ја запре поплавата на страдањата? Тој сакал на сите да им помогне. Меѓутоа, малку имало такви кои во него барале единствен извор на помош. Тој бил готов да појде во смрт за да им даде спасение; но малку имало такви што дошле кај него за да имаат живот вечен.

Небесното Величество плаче! Синот на вечниот Бог ожалостен во духот, изнемоштен од болка! Оваа сцена што го исполни ла целото небо со чудење, ни го открива бескрајниот ужас на гревот; таа ни покажува колку е тежок, дури и за божествената семоќ , задачата да ги спаси грешниците од последиците на престапот на Божјиот закон. Посматрајќи ги пред себе вековите, сè до последното поколение, Исус го видел светот проникнат со измама слична на онаа што била причина за разурнувањето на Ерусалим. Евреите имаат голем грев што го отфрлиле Христа, а христијаните имаат голем грев што го отфрлаат Божјиот закон кој е темел на Божјето владеење на небото и на земјата. Божјите заповеди ќе бидат презрени и отфрлени. Милиони робови на гревот и на сатаната, осудени да ја претрпат втората смрт, не сакаат да ги слушаат зборовите на вистината кога за тоа им се дава можност. Ужасна заслепеност! Ужасно безумие!

Два дена пред празникот Пасха, откако го открил лицемерството на фарисеите, Исус, напуштајќи го храмот за последен пат, се упатил со своите ученици на врвот на Маслинската гора. Седнал со нив на една падинка обрасната со трева, падинка што се издигнувала над градот, и уште еднаш почнал да ги посматра неговите ѕидови, кули и палати. Уште еднаш го посматрал храмот во неговиот прекрасен сјај, круната на убавината со која била надарена светата гора.

Пред илјада години псалмистот ја возвишувал Божјата милост кон Израел што неговиот свет дом го избрал да му биде престојувалиште. „Во Салим е неговиот шатор, на Сион неговото живеалиште“ (Псалм 76,2). Тој го избрал „племето на Јуда и гората Сион која му стана мила“ (Псалм 78,68.69). Првиот храм бил изграден во најславниот период на израелската историја. Давид собрал огромно богатство за таа цел. Бог ги дал нацртите за неговото градење (1. Дневникот 28,12.19). Најмудриот цар Израелов, Соломон, го довршил тоа дело. Овој храм бил највеличествена градба што светот кога било ја видел. Но, зборувајќи за вториот храм, Бог преку пророкот Агеј ја дал следната изјава: “Славата на овој втор дом ќе биде поголема отколку на првиот, вели Господ над војските.” “Ќе ги потресам сите народи, и ќе дојде Саканиот на сите народи, и ќе го наполнам овој дом со слава, вели Господ над војските” (Агеј 2,9.7).

Разурнат од Навуходоносора, Соломоновиот храм бил повторно изграден околу петстотини години пред Христа. Тоа го сторил народот што се вратил во ограбената и опустена земја од ропството што траело околу еден човечки век. Меѓу нив имало и старци кои ја виделе славата на Соломоновиот храм и кои плачеле посматрајќи го поставувањето на темелите на новиот храм кој бил многу помалечок од првиот. Чувството што владеело тогаш пророкот го опишал вака: „Има ли уште некој меѓу вас кој го ви дел овој дом во неговата стара слава? А каков го гледате вие сега. Нели е тоа спрема оној како ништо во вашите очи?“ (Агеј 2,3; Ездра 3,12). Тогаш е дадено ветување дека славата на вториот храм ќе биде поголема од славата на првиот.

Вториот храм не можел по убавина да се спореди со првиот, ниту бил посветен со исти видливи знаци на Божје присуство како првиот; не се открила натприродна сила да го означи неговото посветување. Новоизградената Светиња не ја исполнувал никаков облак на слава. Од небото не паднал никаков оган да ја запали жртвата на олтарот, како во првиот случај. Меѓу херувимите во светињата над светињите не почивала повеќе Божја слава; во него не се наоѓале веќе ковчегот на заветот, престолот на милоста и камените плочи со десетте Божји заповеди. Од небото не одговорил никаков глас на прашањето на свештеникот кој требало да ја објави волјата на Јахве.

Во текот на вековите Евреите напразно се труделе да покажат како се исполнило Божјето ветување дадено преку пророкот Агеј. Нивниот ум бил затемнет со горделивост и со неверство и затоа не го сфатиле вистинското значење на пророчките зборови. Вториот храм не бил почестен со облак на Господова слава туку со живо присуство на Оној во кого телесно живее полнотата на Божеството ­ кој сам бил Бог откриен во тело. „Очекуваниот од сите народи“ навистина дошол во својот храм кога Човекот од Назарет учел и лекувал во светото предворје на храмот. Со Христовото присуство, и само со неговото присуство, вториот храм ја надминал славата на првиот. Но Израел го отфрлил дарот што му го дало Небото. Тој ден, кога понизниот Учител го пречекорил прагот на златната врата од храмот, Божјата слава засекогаш го на пуштила храмот. Се исполниле зборовите на Спасителот: „Ете, пуст ви останува вашиот дом“ (Матеј 23,38). (продолжува)

Библијата и француската револуција (осми дел)
Библијата и француската револуција (седми дел)
Библијата и француската револуција (шести дел)
Библијата и француската револуција (петти дел)
Библијата и француската револуција (четврти дел)
Библијата и француската револуција (трет дел)
Библијата и француската револуција (втор дел)
Библијата и француската револуција (прв дел)
Подоцнежни англиски реформатори (осми дел)
Подоцнежни англиски реформатори (седми дел)

Pin It on Pinterest