Џон Виклиф (шести дел)

(продолжува од претходниот ден) „Папата треба секое земно богатство и власт да ѝ ги препушти на световната власт и целото свое свештенство да го насочува и да го упатува на тоа; зашто така правел Исус, а особено преку своите апостоли. Ако сум во заблуда во врска со некоја од овие точки, понизно ќе примам укор, па дури и смрт, ако е тоа потребно. Кога би можел, имам желба и волја лично да дојдам пред римскиот епископ; но Бог постапи со мене поинаку и ме научи повеќе да му се поко рувам нему отколку на луѓето.“

Завршувајќи го писмото, рекол: „Да се молиме на Бога да влијае врз нашиот папа Урбан VI тој, заедно со своите свештеници, да земе пример од Господа Исуса Христа во животот и во карактерот, за да му дадат на народот здрава наука и сите заедно верно да одиме по неговите стапки“ (John Fodže, Acts and Monuments, vol. 3, pp. 49, 50). Така Виклиф им ја покажал на папата и на неговите кардинали Христовата благост и понизност, со што, не само ним, туку и на целото христијанство, им ја изнел разликата меѓу нив и Учителот, чиишто претставници биле тие.

Реформаторот бил сигурен дека својата верност ќе ја плати со својот живот. Кралот, папата и епископите се здружиле да го унштат и се чинело дека тој најмногу за неколку месеци ќе го заврши својот живот на ломача. Но неговата храброст била непоколеблива. „Не е потребно човек да оди далеку за да бара круна на маченик“, велел тој. „Проповедај им го Христовото евангелие на горделивите епископи, и мачеништвото нема да те одмине. Да живеам и да молчам!? ­ Во никој случај! Нека падне ударот! Јас го чекам!“ (D’Aubigne, b. 17, ch. 8).

Но Божјето провидение сè уште го штитело својот слуга. Човекот кој цел живот стоел храбро бранејќи ја вистината, чијшто живот бил постојано во опасност, не смеел да падне како жртва на омразата на неговите непријатели. Виклиф никогаш не се обидувал да се заштити себеси, но Бог бил негов заштитник. Во мигот кога неговите непријатели чувствувале дека жртвата нема да им побегне, Божјата рака го засолнила надвор од нивниот досег. Токму кога Виклиф се приготвувал да дели вечера Господова во црквата во Латерворт, паднал одненадеж погоден од мозочен удар и набргу умрел.

Бог му го одредил на Виклифа неговото дело. Тој ја ставил речта на вистината во неговата уста и поставил стража околу него за таа реч да може да дојде во народот. Бог го пазел неговиот живот и ја продолжил неговата работа додека не бил поставен темелот на големото дело на реформацијата.

Виклиф дошол од мракот на средниот век. Пред него немало никого чијашто работа би го поттикнала на реформаторско дело. Тој станал како и Јован Крстителот да изврши посебна мисија, да биде весник на новиот век. Системот на вистината што го изнесувал тој бил единствен и целосен, така што ниту подоцнежните реформатори не го надминале; а мнозина од оние што се појавиле околу сто години подоцна и не го достигнале. Тој положил толку широк и длабок темел, изградил толку цврста и сигурна скела, што неговите наследници не морале повторно да ја градат.

Големото движење што го почнал Виклиф за ослободување на умот и совеста, и за ослободување на народите кои толку долго биле впрегнати во триумфалната кола на Рим, имало свој корен во Библијата. Од неа извирале благослови кои како река на животот течеле од четиринаесеттиот век низ сите подоцнежни векови. Виклиф го прегрнал Светото писмо како вдахновено откровение на Божјата волја, како сигурно правило на верата и животот. Тој бил воспитан да ја почитува Римската црква како божествена установа и нејзиниот авторитет како непогрешен, и со слепа доверба да ја прима зацврстената илјадагодишна наука и обичаи. Но сето тоа го напуштил за да ја слуша само Божјата реч. Народот го упатувал Светото писмо да го прима како врховен авторитет. Наместо да го слуша гласот на црквата кој зборува преку папата, изјавил дека единствен авторитет е Божјиот глас кој ни зборува преку неговата Реч. Учел дека Библијата е совршено откровение на Божјата волја, а Светиот Дух нејзин единствен толкувач и дека со лично проучување на нејзината наука секој треба да ги запознае своите должности. Така ги одвраќал срцата на луѓето од папата и од црквата и ги упатувал на Божјата реч.

Виклиф бил еден од најголемите реформатори. Малку има такви кои го достигнале во интелектуалната способност, во јасноста на мислите, во цврстината да ја одржи вистината и во храброста со која се бранел. Чистотата на животот, неуморната трудољубивост во проучувањето и во работата, неизвалканата чесност, љубовта слична на Христовата и верноста во службата ­ биле одлики на овој вистински реформатор. Овие својства тој ги развил наспроти духовната темни на и моралната расипаност на векот во кој живеел. (продолжува)

Библијата и француската револуција (осми дел)
Библијата и француската револуција (седми дел)
Библијата и француската револуција (шести дел)
Библијата и француската револуција (петти дел)
Библијата и француската револуција (четврти дел)
Библијата и француската револуција (трет дел)
Библијата и француската револуција (втор дел)
Библијата и француската револуција (прв дел)
Подоцнежни англиски реформатори (осми дел)
Подоцнежни англиски реформатори (седми дел)

Pin It on Pinterest