Утрински предвесници (седми дел)

(продолжува од претходноит ден) Какви поуки содржи оваа прекрасна историја за Витлеем! Каков укор за нашата неверност, гордост и себичност! Каква опомена да не бидеме рамнодушни и поради тоа неспособни да ги разликуваме знаците на нашето време и да не го препознаеме својот ден!

Небесните весници не нашле луѓе само на јудејските полјанки, меѓу скромните пастири, кои го чекале доаѓањето на Месија. И меѓу незнабошците имало такви кои го чекале Месија. Тука биле филозофите од Исток мудри, богати и благородни луѓе. Овие мудреци ја проучувале природата и го препознале Бога во неговите дела. Во еврејските списи го пронашле пророштвото за „Ѕвездата која излегува од Јакова“, и нестрпливо го очекувале доаѓањето на Оној што треба да биде не само „утеха за Израел“, туку и „светлина што ги осветлува незнабошците“ и „спасение до крајот на земјата“ (Лука 2,25.32; Дела 13,47). Тие барале светлина и светлината од небесниот престол го осветлила патот на нивните чекори. Додека свештениците и рабините во Ерусалим, повластени чувари и толкувачи на вистината, потонале во мрак, небото пратило ѕвезда да ги води овие странци до местото каде што се родил Царот.

Исто така Христос ќе се „појави по вторпат“, но не заради гревот, „туку да им даде спасение на оние што го чекаат“. Веста за раѓањето на Спасителот и веста за Христовото второ доаѓање, не им била доверена на религиозните водачи на народот. Тие ја прекинале својата врска со Бога и ја одбиле небесната светлина; затоа не се вбројуваат меѓу оние за кои пишува апостол Павле: „Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец, зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот, и не ѝ припаѓаме на ноќта, ниту на темнината“ (1. Солуњаните 5,4.5).

Стражарите на ѕидовите на Сион требало први да ја прифатат радосната вест за доаѓањето на Спасителот; требало први да го објават неговото доаѓање и да го предупредат народот да се приготви за неговото доаѓање. Но тие биле рамнодушни, сонувале за мир и сигурност, а народот спиел во своите гревови. Исус својата црква ја видел како неродна смоква, покриена со обилни лисја, но без драгоцен плод. Навистина, се фалела со изглед на побожност, со надворешна вера, но ѝ недостигала вистинска понизност, покајание и вера, без што нема вистинска служба на Бога. Наместо плодови на Божјиот Дух, тука се покажувал дух на горделивост, формализам, празна слава, себичност и насилство. Црквата, која сè повеќе се оддалечувала од Бога, ги затворила очите пред знаците на времето. Неа не ја напуштил Бог. Не отстапил Тој од својата верност, туку таа отстапила од него и се одвоила од неговата љубов. Бидејќи таа не ги исполнила дадените услови, Бог не можел да ги исполни ниту своите ветувања што ѝ ги дал.

Сигурно се јавуваат неизбежни последици кога не се цени светлината и предимствата што ги дава Бог. Штом црквата ќе престане да живее во виделото, штом ќе занемари да прифати секој зрак на светлината и да исполни секоја должност, религијата неизбежно се сведува на формализам и духот на вистинската побожност исчезнува. Оваа вистина повеќе пати се повторила во црковната историја. Бог од својот народ бара вера и послушност, што одговараат на примените благослови и предимства. Послушноста бара жртви и крст; тоа е причината зошто многу само наречени христијани не се подготвени да го прифатат виделото што им го праќа Небото и, како некогаш Евреите, не можат да го препознаат своето време (Лука 19,44). Поради нивната горделивост и неверство, Бог ги напуштил и својата вистина им ја открил на оние кои, како витлеемските пастири и мудреците од Исток, внимаваат на секој зрак на светлината што им е дадена.

Во светињата на светињите (втор дел)
Во светињата на светињите (прв дел)
Што е тоа светилиште? (шести дел)
Што е тоа светилиште? (петти дел)
Што е тоа светилиште? (четврти дел)
Што е тоа светилиште? (трет дел)
Што е тоа светилиште? (втор дел)
Што е тоа светилиште? (прв дел)
Исполнети пророштва (седми дел)
Исполнети пророштва (шести дел)

Pin It on Pinterest