Вовед (прв дел)

Пред да се појави грев на светот, Адам можел да разговара лично со својот Творец. Но, кога човекот паднал во грев и со тоа се одвоил од Бога, тој е лишен од тоа големо предимство. Меѓутоа, со планот на спасението е создадена можност жителите на нашата земја повторно да се поврзат со Небото. Со помош на својот Дух Бог одржувал врска со луѓето и на светот му праќал божествена светлина преку своите пророци. „Зборуваа свети Божји луѓе научени од Светиот Дух“ (2. Петрово послание 1,21).

За време на првите дваесет и пет века на човечката историја не постоело пишано Божје откровение. Луѓето што ги учел Бог своето сознание им го пренесувале на другите и така тоа преминувало од татко на син во текот на идните поколенија. Дури во Мојсеево време Божјата објава почнала да се пишува и овие откровенија на Божјиот Дух се помес тувани во една вдахновена Книга. Оваа работа се одвивала во текот на полни шеснаесет веко ви, почнувајќи од Мојсеја, историчарот на создавањето на светот и на давањето на Божјиот закон, па сè до Јована, “писателот на возвишените евангелски вистини”.

Библијата кажува дека Бог е нејзин автор, па сепак, неа ја пишувале човечки раце. Стилот на нејзините разновидни книги носи обележје на своите автори. Сите вистини што се откриени во нив „се инспирирани од Бога“ (2. Тимотеј 3,16), иако се изразени со човечки зборови. Бог со својот Свети Дух го расветлил умот и срцето на своите слуги. Тој им давал соништа и виденија, симболи и слики, а тие, на кои вистината им била откриена на тој начин, сами ја облекле мислата во човечки јазик.

Десетте заповеди ги изговорил лично Бог и потоа ги напишал со своја рака. Нив ги составил Бог, а не човек. Но Библијата, со своите од Бога дадени вистини, изразени со човечки јазик, претставува соединување на божественото со човечкото. Такво соединување постоело и во Христовата природа, зашто Христос бил и син Божји и син човечки. Така, за Библијата може да се каже истото што е напишано за Христа: „Речта стана тело и се настани меѓу нас“ (Јован 1,14).

Библијата е пишувана во текот на повеќе векови; ја пишувале луѓе кои многу се разликувале по својата положба, по звањето и способностите ­ и затоа нејзините книги покажуваат голема разновидност на стилот како и разноликост на предметите што се изнесуваат во неа. Разни писатели се служеле со различни изрази, и често една иста вистина еден писател ја прикажал појасно отколку друг. Бидејќи повеќе писатели изнесуваат ист предмет и иста наука од различни гледишта и односи, на површниот и небрежен читател, полн со предрасуди, може да му се стори дека меѓу нејзините писатели постојат несогласија и противречност, додека разумниот, искрен и непристрасен истражувач, меѓу нив гледа совршена хармонија.

Бидејќи вистината ја изнесувале различни писатели, таа е прикажана од различни страни. Еден писател повеќе е под впечаток на една фаза на предметот; ги изнесува оние точки што се совпаѓаат со неговото искуство и со неговата способност на сфаќање и ценење. Меѓутоа, друг предметот го посматра од друга страна; на тој начин секој, воден од Светиот Дух, го прикажува она што врз него оставило најсилен впечаток. Писателите на Библијата ги прикажале вистините од различни страни, но сите заедно сочинуваат совршена хармонија. Вистините, откриени на тој начин, прават совршена целост што може да ги задоволи потребите на луѓето во сите околности и животни искуства.

Бог сакал својата вистина да му ја соопшти на светот преку луѓе, и Тој сам преку Светиот Дух ги оспособил и им овозможил да го извршат тоа дело. Тој управувал со нивниот ум и ги учел што да пишуваат или што да зборуваат. Тоа богатство им било доверено на „земни садови“, но е со небесно потекло; сведоштвото е соопштено со несовршен израз на човечкиот јазик, но сепак, тоа е Божје сведоштво; понизните, послушните и верните во него ја гледаат славата на божествената сила, многу милост и вистина.

Во својата Реч (Библијата) Бог ни дал сознание потребно за спасение. Ние Светото писмо треба да го примиме како сигурно и непогрешно откровение на неговата волја. Тоа е мерило на карактерот, правило на верата и животот. „Сето Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поучување, за карање, за поправање и за одгледување во праведноста, за да биде Божјиот човек совршен и приготвен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3,16.17).

Иако Бог му ја открил својата волја на човекот во својата Реч, тоа не ја исклучува потребата од постојано присуство и водство на Светиот Дух. Напротив, Спасителот им го ветил Светиот Дух на своите ученици за да можат да ја разберат неговата Реч, да ги расветли и да ја запечати неговата наука во нивните срца. А бидејќ и Библијата ја инспирирал Божјиот Дух, не може да имапро тивречност меѓу учењето на Духот и пишаната Реч.

Божјиот непроменлив закон (прв дел)
Во светињата на светињите (четврти дел)
Во светињата на светињите (трет дел)
Во светињата на светињите (втор дел)
Во светињата на светињите (прв дел)
Што е тоа светилиште? (шести дел)
Што е тоа светилиште? (петти дел)
Што е тоа светилиште? (четврти дел)
Што е тоа светилиште? (трет дел)
Што е тоа светилиште? (втор дел)

Pin It on Pinterest