Утрински предвесници (втор дел)

(продолжува од претходниот ден) Тогаш, толку долго очекуваното царство на мир, цартвото на Месија, ќе биде воспоставено под цело небо. „Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и неговите пустини ќе ги направи како рај, а неговите степи како градина Господова.“ „Славата на Ливан ќе ѝ се даде, великолепието на Кармил и Сарон.“ „Нема веќе да те нарекуваат Оставена, ниту твојата земја Опустена, туку ќе те викаат Моја милина, а твојата земја Мажена.“ „Како младоженецот што ѝ се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог“ (Исаија 51,3; 35,2; 62,4.5).

Христовото доаѓање во сите векови било блажена надеж за неговите верни ученици. Ветувањето што го дал Спасителот при разделбата на Маслинската гора дека пак ќе дојде, на учениците им ја расветлувало иднината, нивните срца ги исполнувало со радост и надеж што никаква жалост не можела да ги потисне ниту прогонство да ги затемни. Среде страдањата и прогонствата, „појавувањето на славата на великиот Бог, нашиот Спасител, Исус Христос“, била „блажена надеж“. Кога солуњаните ја оплакувале загубата на своите мили, кои се надевале дека ќе останат живи до Христовото враќање, апостол Павле ги тешел зборувајќи им за воскресението што ќе се случи при Христовото доаѓање. Тогаш ќе воскреснат мртвите во Христа и заедно со живите ќе бидат земени во пресрет на Христа на небото. „Така“, рекол Павле, „утешувајте се еден со друг со овие зборови“ (1. Солуњаните 4,16­18).

На карпестиот Патмос омилениот ученик го слушнал ветувањето: „Ќе дојдам скоро“, и неговиот одговор, полн со копнеж, ја изразува молитвата на Божјата црква низ сите векови: „Да, дојди, Господе Исусе!“ (Откровение 22,20).

Од длабината на занданите, од ломачите и губилиштата, каде што светите и мачениците сведочеле за вистината, во сите векови се одгласува истиот извик на вера и надеж. Уверен во Христовото воскресение, па според тоа и во своето сопствено, кога Христос ќе дојде, еден од овие христијани вели дека „тие ја презираа смртта и се издигнаа над неа“(Daniel T. Taylor, The Reign of Christ on Earth: or, The Voice of the Church in All Ages, page 33). Биле подготвени да слезат в гроб за да можат да „станат слободни“ во мигот на воскресението (Исто, page 54). Го очекувале „доаѓањето на Господа на облаците во слава на неговиот Отец“, кога ќе настапи „времето на царството на праведните“. Валденжаните негувале иста вера (Исто, pages 129-132). Виклиф го очекувал појавувањето на Откупителот надежта на црквата (Исто, pages 132-134).

Лутер зборувал: „Јас сум уверен дека нема да поминат ниту три века до судниот ден. Бог не сака и не може повеќе да го трпи овој расипан свет. Се приближува големиот ден во кој ќе се урне царството на омразата“ (Исто, pages 158, 134).

„Овој остарен свет не е далеку од својот крај“, рекол Меланхтон. Калвин ги молел христијаните да „бидат решителни и со сето срце да копнеат за денот на Христовото доаѓање како за најсвет настан“, и изјавил дека целото семејство на верните очите ги насочило кон тој ден. „Мораме да копнееме за Христа, да го бараме и да размислуваме за него до доаѓањето на оној голем ден“, рекол тој, „кога Господ целосно ќе ја открие славата на своето царство“ (Исто, pages 158, 134).

„Нели нашиот Господ и Спасител се вознел на небото во нашетело“, велел шкотскиот реформатор Нокс, „и зар нема пак да дојде? Ние знаеме дека Тој пак ќе дојде и тоа мошне бргу.“ Ридли и Латимер, кои ги положиле своите животи за вистината, со вера го гледале Христовото доаѓање. Ридли пишувал: „Без сомнение јас во тоа верувам, и затоа зборувам светот се приближува кон својот крај. Да извикнеме заедно со Христовиот слуга Јован: ‘Дојди, Господе Исусе!’“ (Исто, pages 151, 145).

„Мислата за Господовото доаѓање“, рекол Бакстер, „мене ми е најслатка и најмила“ (Richard Baxter, Works, vol. 17, p. 555). „Дело на верата и одлика на неговите свети е да го сакаат неговото доаѓање и да ја очекуваат блажената надеж.“ „Ако смртта е последен непријател што ќе биде уништен во мигот на воскресението, тогаш можеме да разбереме зошто верните треба да копнеат и да се молат за Христовото доаѓање кога ќе биде извојувана оваа целосна и конечна победа“ (Исто, vol. 17, p. 500). „Тоа е ден што сите верни треба да го очекуваат и за кој треба да копнеат, зашто тогаш целосно ќе се оствари делото на нивниот откуп и ќе се исполнат сите нивни желби и стремежи.“ „Забрзај го, о Господе, овој благословен ден!“ (Исто, vol. 17, pp. 182, 183). Ова било надеж на апостолската црква, „црквата во пустината“ и на реформаторите.

Пророштвото зборува не само за начинот и за целта на Христовото доаѓање, туку ги дава и знаците според кои може да се знае дека тој настан е близу. Исус рекол: „Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите“ (Лука 21,25). „Сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, ѕвездите ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се разнишаат. И тогаш ќе го видат Синот човечки како доаѓа на облаци со голема сила и слава“ (Марко 13,24­26). Јован во Откровението ги опишува првите знаци што ќе му претходат на Христовото доаѓање: „И се случи голем земјотрес, сонцето поцрне како струнена вреќа, а целата месечина се стори како крв“ (Откровение 6,12). (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest