(продолжува од претходниот ден) Во Откровението Спасителот оваа состојба на црквата во последните денови ја опишува со следните зборови: „Имаш име дека си жив, но си мртов“ (Откровение 3,1). За оние што не сакаат да ја напуштат својата состојба на рамно душност, дадена е оваа опомена: „Ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец и нема да знаеш во кој час ќе ти дојдам“ (Откровение 3,3).
Луѓето треба да бидат предупредени на опасноста што им се заканува; тие мора да се разбудат за да се приготват за свечените настани што се поврзани со крајот на времето на милоста. Божјиот пророк изјавува: „Да, голем е Господовиот ден и мошне страшен. Кој ќе го поднесе?“ Кој ќе може да опстане кога ќе се покаже Оној чии што „очи се премногу чисти за да гледаат злосторство; ти не можеш да посматраш бездушност“. На оние што викаат: „Боже Израелов, те познаваме“, а сепак го престапуваат неговиот завет и следат други богови, во своето срце кријат беззаконие и го љубат патот на неправдата за нив денот Господен ќе биде темнина а не светлина; мрак, а не сончев сјај“ (Јоил 2,11; Авакум 1,13; Осија 8,2; Псалм 16,4; Амос 5,20). „Во тоа време“, вели Господ, „јас ќе го разгледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние кои седат на своите стражарски места и велат во своето срце: ‘Господ не прави ни добро ни лошо’“ (Софонија 1,12). „Јас ќе го казнам светот за злото, и нечесните за нивните беззаконија; ќе го премавнам високоумството на гордите и ќе ја понизам надуеноста на угнетувачите“ (Исаија 13,11). „Ниту нивното сребро, ниту нивното злато не ќе може да ги спаси“, „пак ќе станат нивните богатства грабеж и нивните куќи ќе се запустат“ (Софонија 1,18.13).
Гледајќи го тоа страшно време, пророкот Еремија извикнал: „Утробо моја! Утробо моја! Боледувам, срцето ми се кине! Ми трепери душата! Не можам да молчам, зашто слушам звук на труба, боен вик. Зло по зло, цела земја опустува“ (Еремија 4,19.20).
„Тој ден е ден на гнев, ден на жалост и тескоба, ден на запустување и уривање, ден на темнина и мрак, ден облачен и маглив, ден на труба и боен вик против утврдените градови и високите кули“ (Софонија 1,15.16).
„Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја претвори земјата во пустина и да ги истреби од неа нејзините грешници“ (Исаија 13,9).
Упатувајќи го нашиот поглед кон оној ден, пострашен од сите денови, Бог најсвечено го повикува својот народ да се разбудиме од нашето духовно мртвило и со покајание и понизност да го бараме неговото лице. „Трубете со труба на Сион и викајте на мојата света гора; нека треперат сите земни жители, оти настапува денот Господен, бидејќи е близу… Наредете пост и објавете свечен собир. Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженецот од својата одаја и невестата од својата горна одаја. Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа… Обрнете се кон мене од сè срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги своите срца, а не облеката и обрнете се кон вашиот Господ Бог, зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многу милостив и се разжалува над злото“ (Јоил 2,1; 2,1517.12.13).
Треба да се спроведе голема реформа за да се приготви еден на род кој ќе може да се одржи во Божјиот ден. Бог видел дека мнозина, кои се викаат негови деца, не се подготвени за вечноста, и во својата милост Тој им праќа вест со опомена за да ги разбуди од нивното мртвило и да ги приготви за Христовото доаѓање.
Оваа опомена се наоѓа во 14тата глава на Откровението. Овде е наведена тројна ангелска вест што ја објавуваат небесни суштества. Непосредно потоа доаѓа Синот човечки „да го пожнее земното жито“. Првата вест го објавува часот на судот. Пророкот гледа ангел како лета „среде небото, кој имаше вечно евангелие за да им го проповеда на жителите на земјата на секој народ, племе, јазик и род. Тој викаше со силен глас: ‘Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд и поклонете му се на Оној кој ги создаде небото и земјата, морето и водните извори“ (Откровение 14,6.7).
Оваа вест претставува дел на „вечното евангелие“. Проповедањето на евангелието не им е доверено на ангелите, туку на луѓето. Небесните ангели управуваат со тоа дело; тие водат големо движење наменето да му донесе спасение на човечкиот род, но самото проповедање го вршат слугите на живиот Бог што живеат на земјата.
Оваа опомена требало да му ја објават на светот верните луѓе кои ги прифатиле упатствата на Светиот Дух и поуките на неговата Реч. Тие внимавале на „најсигурната пророчка Реч“, која апостол Петар ја споредува со „светило што свети на темно место додека не осамне денот и ѕвездата Деница не болсне во вашите срца“ (2. Петрово 1,19). Тие барале знаење за Бога повеќе отколку сите закопани богатства и истото го ценеле повеќе отколку сето сребро и злато (Мудри изреки 3,14). Ним Господ им открил големи работи за своето царство. „Присноста Господова е со оние кои кон него имаат страхопочит: ним им го објавува својот завет“ (Псалм 25,14). (продолжува)