Слободата на совеста – загрозена (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Христос во својот живот не ни оставил пример мажите и жените да се затворат во манастири за да се оспособат за небото. Никогаш не учел дека љубовта и сочувството треба да се за душуваат. Срцето на Спасителот било полно со љубов. Колку човекот повеќе се приближува кон моралното совршенство, неговите чувства се сè посилни, неговото забележување на гревот поостро, а неговото сочувство кон бедните подлабоко. Папата тврди дека е Христов заменик, но како може неговиот карактер да се спореди со карактерот на нашиот Спасител? Дали Христос некогаш ги осудувал луѓето на затвор или на мачење затоа што не сакале да го почитуваат како небесен цар? Дали Тој некогаш барал да се осудат на смрт оние што не го примиле? Кога жителите на едно самариско село одбиле да го примат Исуса, апостол Јован, полн со гнев, го прашал: „Господе, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби како што направи Илија?“ Исус со жалење го погледнал својот ученик и го укорил неговиот немилостив дух, велејќи: „Синот човечки не дојде да ги уништи човечките души, туку да ги спаси“ (Лука 9,54.56). Каква разлика меѓу духот што го покажал Христос и духот на неговиот таканаречен заменик!

Римската црква сега се прикажува пред светот како мирољубива; таа се обидува да го оправда извештајот за своите суровости. Се облекла во руво на побожност, но не се изменила. Се кое начело со кое се раководело папството во минатите векови постои и денеска. Тоа сè уште се држи за науката што е воведена во мрачниот среден век. Никој нека не се лаже! Папството што протестантите сега се подготвени да го почитуваат е истото она што владеело со светот во деновите на реформацијата кога Божјите луѓе станале, по цена на својот живот, да го објават неговото беззаконие. Тоа се одликува со горделивост и со дрско барање да владее над царевите и кнезовите и да ги присвојува правата што ги има само Бог. Неговиот дух е исто толку суров и деспотски и сега како и тогаш кога ја газел човечката слобода и ги предавал на смрт светите на Севишниот.

Папството е токму она што го кажало пророштвото: отпад на последното време (2. Солуњаните 2,3.4). Дел на неговиот план е да изгради карактер кој најдобро ќе послужи на неговите намери, но под променливата надворешност на камелеон се крие непроменлив отров на старата змија. Тоа вели: „Не треба да се држи зборот даден на еретик и на оние што се осомничени за ерес!“ (Ленфант, вол. 1. п. 516). Дали оваа сила, чијашто историја во текот на илјада години е пишувана со крвта на светите, денеска треба да се признае како дел на Христовата црква?

Во протестантските земји не се истакнува без причина дека сега католицизмот не се разликува толку многу од протестантизмот како во поранешните времиња. Се случила промена, но не во папството. Всушност, католицизмот е мошне сличен на денешниот протестантизам затоа што протестантизмот во голема мера се изопачил од времето на реформаторите.

Бидејќи протестантските цркви бараат наклоност од светот, нивните очи го заслепило лажно човекољубие. Зошто не би било добро, велат тие, да се верува дека од секое зло може да излезе и нешто добро? Но на крај, како неминовна последица од тоа ќе настапи и верување дека во секое добро има и по нешто зло. Наместо да ја бранат верата „која еднаш засекогаш им е предадена на светите“, тие сега речиси се извинуваат пред Рим поради своето неповолно мислење за него и молат за прошка поради својата слепа ревност.

Голем број луѓе, дури и оние што немаат поволно мислење за папството, не се плашат од неговата сила и влијание. Мнозина истакнуваат дека духовната и моралната темнина што владеела за време на средниот век поволно влијаела врз ширењето на неговите догми, на неговите суеверија и на угнетувањето, но дека поголемата просветеност на новото време, сеопштата раширеност на знаењето и сè поголемата слобода во верските работи, не дозволуваат повторно да завладее нетрпеливост и тиранија. Самата помисла дека би можела пак да се врати ваквата состојба наидува на потсмев. Вистина е дека на ова поколение му свети голема духовна, морална и верска светлина. Од отворените страници на светата Божја реч се излева на земјата небесна светлина. Но не треба да се заборави дека колку е поголема светлината, толку е поголема и темнината на оние што ја изопачуваат и ја отфрлаат.

Проучувањето на Библијата со молитва би им го покажало на протестантите вистинскиот карактер на папство то и тоа би сторило да го презрат и да го одбегнуваат. Но мнозина сметаат дека се толку мудри, што не чувствуваат потреба понизно да бараат од Бога да ги води вистината. Иако се фалат со својата просветеност, сепак, не го познаваат ниту Светото писмо ниту Божјата сила. Сакајќи со нешто да ја смират својата совест, тие го бараат она што е најмалку духовно и што изискува најмалку понижување. Она што сакаат тие е да го заборават Бога, но да се чини како уште да се сеќаваат на него. Папството е мошне погодно да ги задоволи желбите на таквите луѓе. Тоа им одговара на стремежите на двете групи луѓе што го опфаќаат речиси цел свет: оние што сакаат да бидат спасени со свои лични заслуги и оние што сакаат да бидат спасени во своите гревови. Тука е тајната на неговата моќ. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest