Протест на кнезовите (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) „Со ова писмо ние протестираме пред Бога, пред нашиот единствен Творец, Бранител, Откупител и Спасител, кој еднаш ќе ни суди, и изјавуваме пред сите луѓе и созданија дека ние, и нашите приврзаници, во никој случај не се согласуваме со предложениот декрет во точките што се против Бога, против неговата света Реч, против нашата чиста совест и спасението на нашите души.“

„Што! Зар да го потврдиме тој декрет! Кога Семожниот Бог ќе повика еден човек да го запознае, зар да признаеме дека тој човек нема слобода да го запознае Бога?“ „Нема друга здрава наука освен онаа што се согласува со Божјата реч… Господ забранува проповедање на друга наука… Светото писмо мора да се објаснува со помош на други појасни негови делови. Оваа света Книга е лесно разбирлива за христијанинот во сè што му е потребно и дадена е да ја растера темнината. Затоа решивме, со Божја милост, да го сочуваме чистото проповедање на неговата реч, така како што е дадена во библиските книги на Стариот и Новиот завет, не додавајќи ништо што би било против неа. Оваа реч е единствена вистина. Таа е сигурно правило на науката на животот. Таа не може да згреши ниту да измами. Оној што гради на нејзиниот темел, ќе се одржи против сите сили на пеколот; сите човечки суети што ѝ се противат на Божјата реч, нема да се одржат пред Божјето лице.“

„Затоа го отфрламе јаремот што ни се наметнува.“ „Во исто време очекуваме неговото царско величество да постапи со нас како што му прилега на еден христијански кнез кој го љуби Бога над сè. Од своја страна изјавуваме дека, и кон него, и кон вас, благородна господа, ќе негуваме целосна љубов и внимание, што го сметаме за своја праведна и законита должност“ (Исто, b. 13, ch. 6).

Оваа изјава оставила длабок впечаток врз државниот собор. Храброста на кнезовите што протестирале предизвикала чудење и вознемиреност кај мнозинството присутни. Иднината им изгледала темна и несигурна. Насетувале раздори, караници и крвопролевања. Но реформаторите, сигурни во праведноста на своето дело и потпирајќи се на десница та на Семожниот Бог, „биле исполнети со храброст и решителност“.

„Начелата на овој прочуен протест ја сочинуваат суштината на протестантизмот… Овој протест бил насочен против две човечки злоупотреби во врска со верата: против вплеткувањето на цивилните власти во прашањата на верата и против самоволниот авторитет на црквата. Наместо овие злоупотреби, протестантизмот ја издигнува моќта на совеста над световната власт и авторитетот на Божјата реч над авторитетот на црквата. Пред сè, тој го отфрла мешањето на граѓанските власти во божествените работи и кажува како што кажале апостолите и пророците: „Повеќе треба да му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.“ Не противејќи ѝ се на царската круна, тој над неа ја издигнува круната на Исуса Христа. Но оди и понатаму: Тој тврди дека секое човечко учење мора да биде подложено на судот на Божјата реч“ (Исто, b. 13, ch. 6). Протестантите не барале само право да можат да веруваат и да ја исповедаат својата вера, туку да можат и слободно да го проповедаат она што го сметаат за вистина. Тие го негирале правото на свештениците и на световната власт да ги спречуваат во тоа. Протестот во Шпаер бил свечена изјава против религиозната нетрпеливост и решителна одбрана на правото на секој човек да може да му служи на Бога според својата совест. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest