Потеклото на злото (прв дел)

За мнозина потеклото на злото и причината за неговото постоење е причина за голема збунетост. Тие го гледаат гревот со неговите страшни последици што се јавуваат во вид на јад и очај и се прашуваат како може да постои сето ова под суверено владеење на Оној кој е безмерен во својата мудрост, сила и љубов. Пред нив е тајна што тие не можат да ја одгатнат. Опфатени со сомневања и несигурност, стануваат слепи за вистините кои се јасно откриени во Божјата реч, за вистините кои се неопходни за спасението. Има луѓе кои во врска со постоењето на гревот се обидуваат да го дознаат она што Бог никогаш не го открил и затоа не можат да најдат решение за своите тешкотии. А оние што се наклонети кон сомневање и критикување тоа го земаат како оправдување за отфрлање на Светото писмо. Други, пак, не можат да најдат решение за овој голем проблем на злото затоа што преданијата и погрешните толкувања ја затемниле библиската наука за Божјиот карактер, за природата на неговото владеење и за начелата на неговото постапување со гревот.

Не е можно да се даде такво објаснување за потеклото на гревот со кое би можело да се оправда неговото постоење. Но сепак, за потеклото и за конечната судбина на гревот може ме да сфатиме толку за да ни биде јасна Божјата правда и доброта во врска со неговото постапување со злото. Светото писмо јасно учи дека Бог во никој поглед не е одговорен за појавувањето на гревот и никакво самоволно скусување на божествената милост ниту каква и да е несовршеност во Божјето владеење не дале повод за создавање на бунт. Гревот е неканет дојденик за чие што постоење не може да се најде причина. Тој е таинствен, необјаснив; да се оправда гревот би значело тој да се брани. Кога би можело за него да се најде оправдување или причина за неговото по стоење, тогаш тој би престанал да биде грев. Наше единствено толкување за гревот е она што е дадено во Божјата реч: Гревот е „престап на Законот“; тој е олицетворение на начелата што се во спротивност со големиот Закон на љубовта врз кој се засновува Божјето владеење. Пред да се појави злото, во целата вселена владееле мир и радост. Сè било во целосна хармонија со волјата на Творецот. Љубовта кон Бога била над сè, а меѓусебната љубов непристрасна. Христос, Речта, Единородниот од Бога, бил едно со вечниот Отец едно во природата, во карактерот и во намерите единствено суштество во целата вселена кое можело да влезе во сите Божји планови и намери. Бог преку Христа делувал при создавањето на сите небесни суштества. „Зашто преку него е создадено сè што е на небесата и на земјата; видливо и невидливо, престоли, господства, началства или власт  сè е создадено преку него и за него“ (Колошаните 1,16). И на Христа, како и на Отецот, цело небо му укажувало преданост.

Бидејќи законот на љубовта е темел на Божјето владеење, блаженството на сите создадени суштества зависело од нивната целосна хармонија со неговите начела на правдата. Бог очекува од сите свои созданија служба од љубов, почит што се темели на вистинското разбирање на Божјиот карактер. Тој не сака изнудена верност и затоа на сите суштества им дава слободна волја за доброволно да му служат.

Но се нашол еден кој решил да ја злоупотреби оваа слобода. Гревот се појавил во оној кој, покрај Христа, бил најмногу почитуван од Бога и кој меѓу небесните жители бил највисок по моќта и честа. Пред да падне, Луцифер бил херувим засолнувач, свет и чист. „Вака вели Бог: ‘Ти си печат на совршенството, полнота на мудроста и венец на убавината… Ти беше помазан херувим за да осенува, и јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше среде огнени камења. Ти беше совршен на своите патишта, од денот кога беше создаден, сè додека не се најде во тебе беззаконие’“ (Езекил 28,12.14.15).

Луцифер можел да ја сочува Божјата наклоност, можел да биде сакан и почитуван од сета небесна војска, а сите свои благородни особини можел да ги употреби на благослов на другите и на прослава на својот Творец. Но пророкот вели: „Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја“ (Езекил 28,17). Луцифер дозволил кај него постепено да се развие склоност кон извишување на самиот себеси. Бог го укорил: „Бидејќи го изедначуваш своето срце со Божјето“ (Езекил 28,6). „А во срцето свое си велеше: ‘Ќе се искачам на небесата, ќе си подигнам себеси престол погоре од Божјите ѕвезди. Ќе царувам на соборната гора на крајниот север. Ќе се вивнам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Севишниот’“ (Исаија 14,13.14). Наместо да се труди над сè да го издигне Бога во мислите и во срцата на Божјите созданија, Луцифер се стремел Пред да падне, пред да стане ѓавол, Луцифер бил херувим засолнувач, свет и чист. „Вака вели Бог: ‘Ти си печат на совршенството, полнота на мудроста и венец на убавината… Ти беше помазан херувим за да осенува.’“ Од ангел светлоносец ѓавол, отпадник, бунтовник, уништувач… нивната служба и почит да ги задобие за себе. И бидејќи ја посакал честа што неизмерниот Отец му ја дал на својот Син, овој кнез на ангелите се стремел кон власт на која имал право само Христос. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest