(продолжува од претходниот ден) Штом ќе се приближи луњата, мнозина кои верувале во третата ангелска вест, но не биле посветени со послушност кон вистината, ќе го напуштат своето гледиште и ќе преминат во редовите на противниците. Соединувајќи се со светот и земајќи учество во неговиот дух, тие работите ги посматраат речиси во иста светлина како нив, а кога ќе настапи искушението, ќе бидат готови да ја изберат полесната, повеќе популарна страна. Надарени, и со привлечно однесување луѓе, кои некогаш ѝ се радувале на вистината, своите сили ќе ги употребат душите да ги измамат и да ги заведат и ќе станат најголеми напријатели на своите некогашни браќа. Кога тие што ја држат саботата ќе бидат до ведени пред судови да одговараат поради својата вера, овие отпадници ќе бидат најдобро оружје на сатаната да ги клеветат и да ги обвинуваат и со лажни извештаи и сомничења ќе предизвикаат гнев кај владетелите против нив.
Во ова време на прогонство ќе биде испитана верата на Божјите слуги. Тие верно ќе ги објавуваат опомените, потпирајќи се единствено на Бога и на неговата Реч. Божјиот Дух, кој дејствува во нивните срца, ќе ги натера да зборуваат. Поттикнати со света ревност и гонети со силата на Божјиот Дух, ќе појдат да ги извршат должностите што им се одредени, не осврнувајќи се на последиците што ќе настапат кога ќе му ја објавуваат на народот речта што им ја доверил Бог. Тие нема да мислат на своите земни интереси, ниту ќе се обидуваат да го сочуваат својот углед или живот. Но, кога ќе ги зафати луња на противење и подбив, некои, над владеани од силното изненадување, ќе бидат готови да извикнат: „Да знаевме какви ќе бидат последиците на нашите зборови, ние би молчеле.“ Тие ќе бидат опколени со тешкотии. Сатаната ќе се устреми врз нив со грозни искушенија. Делото што го презеле ќе изгледа дека ги надминува нивните способности да го извршат. Ќе им се заканува опасност да бидат уништени. Одушевувањето што ги крепело ќе исчезне. Да се вратат не можат. Тогаш, свесни за својата немоќ , ќе прибегнат кон Семожниот барајќи сила. Ќе се сеќаваат дека зборовите што ги зборувале не биле нивни, туку на Оној што им заповедал да ја објават опомената. Бог во нивните срца ја всадил вистината и тие не можеле да се воздржат да не ја објават.
Истите искушенија ги преживувале и Божјите луѓе во минатите времиња. Виклиф, Хус, Лутер, Тиндал, Бакстер и Весли барале сите науки задолжително да се испитуваат така што ќе се споредуваат со Библијата, и изјавиле дека ќе се откажат од сè што таа го осудува. Против овие луѓе беснеело прогонство со неумолив гнев, па сепак, тие не престанале да ја проповедаат вистината. Секој отсек на црковната историја се одликува со развој на една посебна вистина што била прилагодена кон потребите на Божјиот народ во тоа време. Секоја нова вистина морала себеси да си го расчистува патот наспроти омразата и противењето. Оние што го примиле благословот на нејзината светлина, морале да поминат низ искушенија и неволји. Секогаш кога е потребно, Бог на народот му дава посебна вистина. Кој се осмелува да го спречи нејзиното објавување? Тој им заповеда на своите слуги да му го објават на светот последниот повик на милоста. Тие можат да молчат само по цена на опасност за својата сопствена душа. Божјите весници не смеат никогаш да мислат на последиците. Тие мора да ја исполнат својата должност, а последиците да му ги препуштат на Бога.
Кога ќе настане пожестоко противење, Божјите слуги ќе бидат повторно збунети зашто ќе им се чини дека тие ја предизвикале оваа неволја. Но совеста и Божјата реч ќе ги убедат дека нивната постапка била исправна; а ако искушенијата и понатаму продолжат, ќе бидат засилени да ги издржат. Борбата ќе биде порешителна и поостра, но со неволјата ќе расте и нивната вера и храброст. Нивно сведоштво ќе биде: Ние не се осмелуваме да ѝ се противиме на Божјата реч ниту да го делиме Божјиот закон на еден суштествен дел и на друг беззначаен за да се здобиеме со наклоност од светот. Господ, на кого му служиме, може да нè ослободи. Христос ги победил земните сили; па зар ние да се плашиме од еден веќе победен свет?
Прогонството во своите разни облици е одраз на еден принцип што ќе постои сè додека ќе постои сатаната и додека христијанството ќе има животна сила. Ниту еден човек не може да му служи на Бога, а со тоа да не предизвика против себе отпор кај четите на темнината. Лошите ангели ќе се устремат против него, вознемирени од неговото влијание да не им го отмепленот од рацете. Грешните луѓе, укорени од неговиот пример, ќе се здружат со лошите ангели и со примамливи искушенија ќе се обидат да го одделат од Бога. Ако не успеат со овие средства, тогаш ќе употребат сила да извршат притисок врз совеста. (продолжува)