Последна опомена (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Но сè додека Исус се наоѓа во небесното Светилиште како човеков посредник, кај владетелите и кај народот ќе се чувствува влијанието на Светиот Дух кој го задржува гневот. Тој сè уште влијае во извесна мера врз земните закони. Кога би ги немало овие закони, состојбата во светот би била многу полоша отколку што е сега. Додека многу владетели се активни орудија на сатаната, Бог има и свои орудија меѓу водачите на народите. Непријателот ги инспирира своите слуги да предлагаат мерки што многу ќе му пречат на Божјето дело; но државниците што се бојат од Господа стојат под влијание на светите ангели со цел на таквите предлози да им се против стават со непобитни докази. На овој начин неколку луѓе ќе ја задржат моќната струја на злото. Противењето на непријателот на вистината ќе биде обуздано за третата ангелска вест да може да го изврши своето дело. Кога ќе биде објавена последната опомена, таа на себе ќе го привлече вниманието на овие луѓе поставени на одговорни места преку кои Господ работи сега и некои од нив ќе ја примат оваа опомена и ќе се приклучат кон Божјиот народ во времето на неволјата.

Ангелот што се придружува кон објавувањето на третата ангелска вест со својата слава ќе ја осветли целата Земја. Овде е преткажано дело со огромен обем и со необична сила. Адвентното движење од 1840 до 1844 година беше прекрасно откровение на Божјата моќ ; првата ангелска вест беше однесена до секоја мисионерска станица на светот и во некои земји настана такво верско будење какво што не се видело ниту во една земја од реформацијата во шеснаесеттиот век; но сето тоа ќе го надмине силното движење во текот на последната опомена на третиот ангел.

Ова дело ќе биде слично на она за време на Духовден. Како „раниот дожд“ што бил даден при излевањето на Свети от Дух во почетокот на ширењето на евангелската вест, и предизвикал ‘ртење на драгоценото семе, така „позниот дожд“ ќе се излее при нејзиниот крај за жетвата да узрее. „Да се стремиме да го запознаеме Господа; неговото доаѓање е сигурно како зората. Тој ќе ни дојде како ран дожд, слично на позен дожд што ја натопува земјата“ (Осија 6,3). „Синови сионски, радувајте се и веселете се во вашиот Господ Бог, зашто ви дава ран дожд во вистинска мера, излеа врз вас ран и позен дожд како некогаш“ (Јоил 2,23). „Во последните денови вели Господ ќе излеам од својот Дух над секого.“ „И секој што ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен“ (Дела 2,17.21).

Големото дело на евангелието нема да се заврши со помалечка манифестација на Божјата сила од онаа што го придружувала неговиот почеток. Пророштвата што се исполниле со излевањето на раниот дожд во почетокот на евангелието пак ќе се исполнат во позниот дожд и при неговото завршување. Тоа е време на „освежување“ за кое се надевал апостол Петар кога рекол: „Покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, та од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување и да го прати Исуса, преткажаниот за вас Христос“ (Дела 3,19.20).

Божјите слуги, со озарено лице од свето помазание, ќе брзаат од место во место да ја објават небесната вест. Илјадници гласови низ целата Земја ќе ја објавуваат опомената. Ќе се прават чуда, болни ќе оздравуваат, а верните ќе ги придружуваат знаци и чуда. И сатаната ќе прави лажни чуда; ќе стори и оган да падне од небото пред луѓето (Откровение 13,13). На овој начин жителите на земјата ќе бидат присилени да се решат за кого ќе се определат.

Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега треба да никне и да донесе род. Списите што ги распространиле евангелските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои евангелската вистина имала длабок впечаток биле спречени вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат на секаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сè друго. Наспроти сатанските сили што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна.

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest