Подоцнежни англиски реформатори (трет дел)

 

(продолжува од претходниот ден) Хамилтон и Висхарт, благородници по потекло, својот живот го завршиле на ломача заедно со голем број скромни ученици. Но од местото на кое бил запален Висхарт станал јунак кого пламенот не можел да го замолкне, јунак кој со Божја помош требало да ѝ стави крај на папската власт во Шкотска.

Џон Нокс ги напуштил традициите и црковниот мистицизам за да се храни со вистините на Божјата реч. Учењето на Висхарт го утврдило во одлуката да го напушти Рим и да им се придружи на прогонетите реформатори.

Наговаран од своите пријатели да прифати должност на проповедник, го отфрлал повикот плашејќи се од толку големите од говорности. Се согласил со тоа дури по неколку дена самотија и тешка борба со себе. Но кога ја примил таа должност, ја извршувал со непоколеблива решителност и со бестрашна храброст сè до својата смрт. Овој храбар реформатор не се плашел од луѓето. Огнот на мачеништвото што се разгорувал околу него само уште повеќе ја поттикнувал неговата ревност. Наспроти секирата на тиранот што постојано му се заканувала, непоколебливо стоел и решител но се борел да го уништи идолопоклонството.

Кога бил повикан пред шкотската кралица, во чиешто присуство исчезнала решителноста на многу водачи на реформацијата, Џон Нокс бестрашно сведочел за вистината. Тој не можел да се придобие со ласкање, а не се плашел ниту од закани. Кралицата го обвинувала поради кривоверство. Рекла дека народот го учи да ја прими верата што ја забранува државата и со тоа ја престапил Божјата заповед која на граѓаните им наредува да им се покоруваат на своите владетели. Нокс решително ѝ одговорил:

„Бидејќи потеклото и авторитетот на вистинската религија не потекнуваат од светските кнезови, туку само од вечниот Бог, тогаш ниту граѓаните не се должни својата вера да ја прилагодуваат кон волјата на своите кнезови. Зашто често се случува кнезовите помалку да се упатени во вистинската Божја вера отколку другите луѓе… Кога сите Аврамови потомци би ја прифатиле фараоновата вера, чиишто граѓани биле, ве прашувам вас, госпоѓо, која вера би била денеска на светот? Или, кога сите луѓе во деновите на апостолите би ја прифатиле религијата на римските цареви, каква религија би владеела денеска на земјата? Затоа, госпоѓо, гледате дека граѓаните не се должни да ја исповедаат верата на своите владетели, иако се должни да им бидат послушни.“

„Вие Библијата ја толкувате на еден начин“, рекла Марија, „а тие (римокатоличките учители) на друг; кому да му верувам и кој може овде да биде судија?“

„Верувајте му на Бога кој јасно ни зборува во својата Реч“ ­ одговорил реформаторот. „Надвор од она што е напишано не треба да им верувате ниту на едните ниту на другите. Божјата реч се објаснува самата себеси; ако некаде се појави нешто што не е јасно, Светиот Дух, кој никогаш не си противречи самиот себеси, го објаснува тоа на друго место, така што сомневање постои само за оние кои тврдоглаво сакаат да останат во незнаење“(David Lai ng, The Collected Works of John Knox, vol. 2, pp. 281, 284).

Тоа биле вистини што бестрашниот реформатор, во опасност за животот, ѝ ги изнесувал на кралицата. Со иста бестрашна храброст се држел за својата цел, се молел и водел Господова војна, додека Шкотска не се ослободила од папството.

Во Англија воведувањето на протестантизмот како национална религија ги намалило прогонствата, но не ги запрело наполно. Иако народот отфрлил многу римски науки, сепак, уште доста задржал од нејзините обичаи. Отфрлена е врховната власт на папата, но на негово место се издигнал кралот како глава на црквата. Богослужението во црквите било уште далеку од евангелската чистота и едно ставност. Големото начело на верската слобода уште не било сфатено. Протестантските владетели ретко применувале свирепо насилство какво што употребувал Рим против „кривоверството“, но сепак, не го признавале правото се кој да му служи на Бога според својата совест. Од сите се барало да ја прифатат науката на државната црква и да учествуваат во богослуженијата што ги воспоставила таа. Дисидентите, односно сите што не се согласувале со државната црква, со векови поднесувале поголеми или помали прогонства.

Во седумнаесеттиот век илјадници проповедници биле при силени да ја напуштат својата служба. Под закана на големи парични казни, затвор и прогонство, на народот му било забрането да присуствува на какви било верски состаноци освен на оние што ги одобрила црквата. Верните, кои сакале да му служат на Бога на вистински начин, биле присилени да се собираат во некој темен премин во мрачни подруми, а во некои годишни периоди ноќе и во шуми. Во засолнетите длабини на шумите, во храмот на природата, расеаните и прогонети Божји деца се собирале да ги излеваат своите души пред Бога во молитва и благодарење. Но, наспроти својата претпазливост, мнозина страдале поради својата вера. Затворите биле полни. Биле разурнати семејства. Мнозина биле протерани во туѓи земји. Но Бог бил со својот народ и прогонствата не можеле да ги замолкнат нивните сведоштва. Мнозина биле присилени да одат во Америка каде што го положиле темелот на двојната слобода: граѓанската и верската, што претставува сила и слава на таа земја. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest