Подоцнежни англиски реформатори (осми дел)

(продолжува од претходниот ден) ‘Не дојдов да го укинам законот, туку да го исполнам.’ … Без сомнение, смислата на овие Христови зборови (според она што е кажано порано и што следи) е: Дојдов да го утврдам Божјиот закон во неговата целост, наспроти сите човечки толкување. Дојдов да расветлам сè што беше во него темно и нејасно. Дојдов да го разјаснам вистинското и целосното значење на секој негов дел, да ја покажам должината и ширината, и сето значење на секоја негова заповед, како и висината, длабината и несфатливата чистота и духовност на секоја негова реченица” (Wesley, sermon 25).

Весли учел дека постои совршена хармонија меѓу законот и евангелието. „Меѓу законот и евангелието постои најтесна врска што може да се замисли. Од една страна, законот му го приготвува патот на евангелието и нè упатува на него, а од друга страна, евангелието нè води кон поточно исполнување на законот. На пример, законот бара од нас да го љубиме Бога и ближните и да бидеме кротки, понизни и свети. Ние чувствуваме дека сме неспособни за тоа и дека на човекот тоа му е неможно. Но Бог ветил дека ќе ни ја даде таа љубов и дека ќе нè стори кротки, понизни и свети; ние го прифаќаме ова евангелие, оваа радосна вест, и тоа го постигнуваме со вера; и правдата на законот е исполнета во нас со верата која е во Исуса Христа…

Најголеми непријатели на Христовото евангелие се оние кои отворено и јасно го осудуваат законот и зборуваат лошо за него, кои ги учат луѓето да го газат целиот закон, да ја отфрлаат, омаловажуваат, да ја негираат важноста не само на една од најмалечките или најголемите заповеди, туку на сите заповеди. И најчудно во сето тоа е што жртвите на тие измами мислат дека го почитуваат Христа со тоа што го уриваат неговиот закон, дека ја издигнуваат неговата служба со тоа што ја расипуваат неговата наука. Тие го почитуваат како и Јуда кога рекол: ‘Биди поздравен, Учителе! И срдечно го бакна’ (Матеј 26,49). Затоа Исус со право може да му каже и на секого од нив: ‘Зар со бакнеж го предаваш Синот човечки?’ Вистинско предавство со бакнеж е кога зборуваш за неговата крв, а му ја одземаш круната, кога отфрлаш кој и да е дел на неговиот закон под изговор дека го за брзуваш напредувањето на неговото евангелие. Всушност, не можат да се ослободат од тоа обвинување оние што непосредно или посредно проповедаат таква вера која ги одвраќа луѓето од послушноста на макар и една заповед и кои Христа го прикажуваат како Оној што дозволува да се укине или да се намали важноста и на најмалечката Божја заповед“ (Исто).

На оние што тврделе дека „проповедањето на евангелието го заменува законот“, Весли им одговорил: „Ова во целост го отфрламе. Евангелието не ја заменува целта на законот, имено, да го увери човекот во неговата грешност, да ги разбуди оние што сè уште спијат на работ на пеколот. Апостол Павле изјавува дека ‘законот служи само за спознание на гревот’. Додека човекот не ја увиди својата грешност нема да почувствуа вистинска потреба од ‘Христовата крв која чисти…’ ‘Лекар не им треба на здравите, туку на болните’, рекол нашиот Господ. Затоа бесмислено е да им се препорачува лекар на оние што се здрави или што мислат дека се здрави. Прво треба да се уверат дека се болни, инаку нема да ви бидат благодарни за вашиот труд. Исто така бесмислено е да им се открива Христос на оние што сметаат дека срцата им се здрави, односно, дека не се грешни“ (Исто, sermon 35).

Така Весли настојувал, проповедајќи го евангелието за Божјата милост, како и неговиот Учител, законот да го стори „голем и славен“. Верно го извршил делото што му го доверил Бог и прекрасен бил плодот што можел да се види. На крај од неговиот долг живот од над осумдесет години (над педесет години поминал како проповедник патувач) бројот на неговите следбеници изнесувал повеќе од половина милион души. Но бројот на мноштвото такви кои со неговиот труд се подигнати од пропаста и понижувањето на гревот за да живеат повозвишен и почист живот, и бројот на оние што стекнале преку неговата наука подлабоко христијанско искуство, ќе се дознае дури откако целото семејство на спасените ќе биде собрано во Божјето царство. Животот на Весли на секој христијанин му дава поука од непроценлива вредност. О кога верата и понизноста, неуморната ревност, самопрегорот и преданоста на овој Христов слуга би биле обележје и на денешните цркви!

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest