Непријателство меѓу човекот и сатаната (прв дел)

„Јас ставам непријателство меѓу тебе и жената, меѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја сотира главата, а ти ќе го каснуваш во петата“ (1. Мојсеева 3,15). Божествената пресуда изречена над сатаната по човековиот пад била исто така пророштво што ги опфаќа сите векови до крајот на овој свет. Тоа укажува на големата борба во која ќе учествуваат сите човечки поколенија што ќе живеат на земјата.

Бог вели: „Ставам непријателство.“ Ова непријателство не е нешто природно. Кога човекот го престапил Божјиот закон, неговата природа станала грешна и тој стапил во хармонија со сатаната, а не во непријателство со него. По природа не постои непријателство меѓу грешниот човек и зачетникот на гревот. Обајцата станале зли поради отпадот. Отпадникот нема мир додека не најде разбирање и поддршка кај оние што успеал да ги заведе да го следат неговиот пример. Од оваа причина паднатите ангели и безбожните луѓе се здружуваат во една очајна заедница. Кога не би се вмешал Бог, сатаната и луѓето би склучиле сојуз против небото; и наместо да одгледува непријателство кон сатаната, целото човечко семејство би се соединило во бунтот против Бога.

Сатаната го навел човекот на грев, како ангелите што ги вовел во бунт, и со тоа себеси да си обезбеди помагачи во војната против небото. Што се однесува до нивната омраза кон Христа, постоело потполно единство меѓу сатаната и паднатите ангели. Иако во сите други точки владеела неслога, сите биле цврсто соединети во својот отпор против врховната власт на Господарот на вселената. Но кога сатаната ја слушнал изјавата дека ќе постои не пријателство меѓу него и жената и меѓу неговото потомство и нејзиното потомство, знаел дека ќе бидат осуетени неговите напори да ја расипе човечката природа и дека со некое средство човекот ќе биде оспособен да ѝ се противстави на неговата сила.

Непријателството на сатаната кон човечкиот род настанало затоа што луѓето преку Христа станале предмет на Божјата љубов и милост. Тој настојува да го осуети божествениот план за спасение на човекот и на Бога да му нанесе срам со тоа што ќе го изопачи и ќе го опогани делото на Божјите раце. Тој со задоволство би предизвикал страдања на небото, а земјата би ја исполнил со болка и со пустош, и тогаш сето тоа би го поврзал со создавањето на човекот.

Милоста што ја всадува Христос во човековата душа буди кај него непријателство кон сатаната. Без оваа милост што го преродува и го обновува човекот, тој би станал роб на сатаната слуга кој секогаш е готов да ги извршува неговите заповеди. Но новиот принцип во душата создава борба таму каде што до сега владеел мир. Силата што ја дава Христос го оспособува човекот да му се противстави на насилникот и узурпаторот. Оној што покажува дека го презира гревот наместо да го сака, оној што се опира и ги победува страстите што настојуваат да завладеат со него, покажува дека во него дејствува принцип што доаѓа озгора.

Непријателството што постои меѓу Христовиот Дух и духот на сатаната најјасно се покажало во начинот како светот го примил Христа. Евреите не го отфрлиле поради тоа што дошол без светско богатство, без раскош и големина. Тие виделе дека Тој има сила што може да го надомести недостигот на ова надворешно предимство. Но Христовата чистота и светост предизвикале против него омраза од страна на безбожниците. Неговиот самопрегорен живот и совршена посветеност биле постојан укор за горделивиот и похотлив народ. Тоа предизвикувало непријателство против Божјиот Син. Сатаната и лошите ангели се соединиле со лошите луѓе. Сите отпаднати сили создале заговор против Борецот на вистината. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest