Холандија и Скандинавските земји (прв дел)

Во Холандија уште порано папската тиранија предизвикала решителен отпор. Седум векови пред Лутера обвинение против папата подигнале двајца бискупи кои како пратеници биле во Рим и таму го запознале вистинскиот карактер на „светата столица“. Бестрашно станале против римскиот понтифекс велејќи: „Бог на својата црква, на својата кралица и свршеница, нејзе и на нејзиното семејство, им дал богат и вечен мираз, наследство што не може да пропадне и да овене; тој ѝ дал вечна круна и жезол; сите овие добра ти си ги присвоил како арамија. Си седнал во Божјиот храм; наместо да си пастир на стадото, си станал волк на овците. Сакаш да те сметаме за врховен бискуп, но ти си тиран. Наместо да си слуга на слугите, како што се нарекуваш, сакаш да станеш господар над господарите… Ги презираш Божјите заповеди… Божјиот Дух е тој што ги подига црквите секаде каде што се наоѓаат… Градот на нашиот Бог, чиишто граѓани сме ние, ги опфаќа сите краишта и е поголем од градот што го нарекле пророците Вавилон и што се смета за божествен, што се издигнува до небото и се фали дека има бесмртна мудрост, тврдејќи, иако неточно, дека никогаш не згрешил ниту пак може да згреши“(Gerard Brandt, History of the Reformation in and About the Low Countries, b. 1, p. 6).

Во текот на вековите се појавувале и други со сличен протест. Првите учители биле проповедници слични на валденжанските пионери. Тие патувале во разни земји и биле познати под разни имиња; насекаде го ширеле евангелието. Стигнувајќи во Холандија, нивната наука овде бргу се раширила. Ја превеле валденжанската Библија на холандски јазик во стихови. Изјавиле „дека таа ужива предимство затоа што во неа нема ниту шеги, ниту бајки, ниту трици, ниту измами, туку само зборови на вистината; навистина, на одделни места се наоѓа по некоја тврда лушпа, но и тука лесно може да се дојде до јатката и до сласта на она што е добро и свето“ (Исто, b. 1, p. 14). Така во дванаесеттиот век пишувале пријателите на старата вера.

Тогаш почнало римското прогонство. Но, наспроти ломачите и измачувањата, бројот на верните сè повеќе се множел. Решително изјавувале дека Библијата е единствен непогрешен авторитет на верата и дека „ниеден човек не смее да се присилува да верува, туку треба де се придобие за вистината со проповедање“(Martyn,vol. 2, p. 87).

Лутеровото учење во Холандија нашло плодна почва. Станале сериозни и верни луѓе да го проповедаат евангелието. Од една холандска провинција излегол Мено Симонс. Воспитан во римокатоличката црква и посветен за свештеник, тој ниту малку не ја познавал Боблијата и се плашел да ја чита од страв да не падне во кривоверство. Кога почнало да го мачи сомневање во врска со науката за транссупстанцијација (пресуштествување), тоа го сметал за искушение од страна на сатаната и настојувал да се ослободи од него со молитва и со исповедање, но сè било напразно. Потоа се обидел гласот на совеста да го замолкне со светски уживања, но и тоа не вродило со успех. По извесно време почнал да го проучува Новиот завет и тоа, заедно со списите на Лутера, му помогнало да ја прифати реформираната вера. Набргу во едно соседно село бил очевидец на погубувањето на еден човек затоа што овој по вторпат се крстил. Тоа го поттикнало да ја проучува Библијата во врска со прашањето на крштавањето на децата. Во неа не можел да најде никаков доказ што би го оправдал крштавањето на децата, но видел дека покајанието и верата се неопходен услов за примање на крштавањето.

Мено ја оставил Римската црква и својот живот го посветил на проповедање на вистините што ги открил. Како во Германија така и во Холандија се појавиле занесеници кои ширеле лажни и заводни науки и кои дури не се притеснувале да се служат со насилство и со буни. Мено ги предвидел страшните последици до кои неизбежно би довело тоа учење и затоа со сета сила му се противставил на лажното учење на овие занесеници. Имало многу такви кои биле заведени од овие фанатици, но сепак, се откажале од нивното погубно учење; преостанале и доста потомци од старите христијани кои биле плод на валденжанското учење. Мено работел меѓу нив ревносно и успешно.

Во текот на дваесет и пет години патувал со жената и децата, поднесувајќи умор и скудност и често бил во животна опасност. Ја пропатувал Холандија и северна Германија, работејќи претежно меѓу сиромашните слоеви, но неговото влијание било големо. По природа речит, иако со скромно образование, тој бил човек со непоколеблива чесност, со понизен дух, нежен во однесувањето, искрено и сериозно побожен. Тој во живот ги спроведувал начелата што ги проповедал и така задобил доверба кај народот. Неговите раштркани и угнетени следбеници многу трпеле поради тоа што нив ги заменувале со фанатичните Минстерови приврза ници. Сепак, со неговата работа мнозина се преобратиле. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest