Будење во поново време (втор дел)

(продолжува од претходниот ден) За секоја вистински обратена душа односот кон Бога и кон вечните стварности е големо животно прашање. Но каде може во денешните големи цркви да се најде дух на посветување на Бога? Обратените не се откажуваат ниту од гордоста ниту од љубовта кон светот. Тие сега не се во поголема мера расположени да се откажат самите од себе, да го земат на себе својот крст и да го следат благиот и кроток Исус, отколку пред своето преобратување. Религијата станала предмет на потсмев кај неверните и скептиците, зашто мнозина од оние што го носат нејзиното име не ги познаваат нејзините начела. Силата на побожноста во многу цркви речиси изумрела. Излети, црковни претстави, црковни лотарии, убави куќи, лични украсувања сето тоа ги потиснало мислите за Бога. Мислите се окупирани со имоти, со богатства и со световни работи, а вечните вредности се споменуваат само попатно.

Но, наспроти огромното опаѓање на верата и побожноста, сепак, во овие цркви има вистински Христови следбеници. Пред Бог да ги излее своите судови на светот, меѓу неговиот народ ќе се јави такво будење на вистинска побожност, какво што не се видело од времето на апостолите. Врз Божјите деца ќе се излее неговиот Дух и неговата сила. Во тоа време мнозина ќе ги напуштат црквите во кои љубовта кон светот го зазела местото на љубовта кон Бога и кон неговата Реч. Многу проповедници и верници со радост ќе ги прифатат оние големи вистини што ќе ги даде Бог да се објавуваат во тоа време за да го приготват народот за второто Господово доаѓање. Непријателот на душите ќе сака да го спречи ова дело; и пред да настапи времето на тоа движење, ќе се обиде да го осуети со подигање на свои лажни движења. Во оние цркви, во кои сатаната ќе може да ја покажува својата лажна моќ , ќе предизвика уверување дека врз нив е излеан посебен Божји благослов; во нив ќе се покаже големо религиозно будење. Мнозина ќе ликуваат што Бог работи толку чудесно за нив, а всушност тоа дело потекнува од сосем друг дух. Сатаната ќе се обидува под плаштот на вера да го прошири своето влијание врз целиот христијански свет.

Во многу движења за оживување на верата што се појавија за време на последните педесет години (напишано во 1911 г., заб. на прев.), помалку или повеќе, на дело беше истото влијание што ќе се покаже во иднина во поголемите движења. Ќе се возбудуваат чувствата, вистината ќе се помеша со лага, што луѓето лесно ќе ги заведе. Но никој не мора да се измами. Во светлината на Божјата реч нема да биде тешко да се утврди каков карактер имаат овие движења. Секаде каде што се занемарува сведоштвото на Библијата и каде што се презираат јасните вистини што бараат самооткажување и одвојување од светот, можеме да бидеме сигурни дека тука Бог нема да даде свој благослов. А според правилото што ни го дал Христос: „Ќе ги препознаете по нивните плодови“ (Матеј 7,16), лесно ќе се утврди дека овие движења не се дело на Божјиот Дух.

Во вистините на својата Реч Бог им се открил на луѓето самиот себеси, и за сите што ќе ги примат нив, тие се штит против измамите на сатаната. Ако се занемарат овие вистини, се отвора вратата за злото што е толку раширено денеска во верскиот свет. Природата и важноста на Божјиот закон во голема мера се губат од вид. Погрешното сфаќање за карактерот, за траењето и за задолжителноста на Божјиот закон довело до заблуда во врска со преобраќањето и посветувањето, а тоа е и причината за ниската состојба на побожноста во црквите. Овде лежи тајната зошто во будењата на нашето време недостига Дух и Божја сила. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest