Божјиот непроменлив закон (шести дел)

(продолжува од претходниот ден) Посебно обележје на ѕверот, а со тоа и на неговата икона, е газењето на Божјите заповеди. Даниел кажува за малечкиот рог, односно за папството: „И ќе помислува да ги промени времињата и Законот“ (Даниел 7,25). Павле истата власт ја нарекол „човек на беззаконието“ („човек на гревот“), кој се издигнува над Бога. Овие две пророштва меѓусебно се дополнуваат. Само со менување на Божјиот закон папството можело да се издигне над Бога. Оној што свесно го држи вака изменетиот закон, со тоа ѝ оддава највисока чест на власта што го изменила. Таквата послушност кон папските закони е знак на верност кон папата а не кон Бога.

Папството се обидело да го промени Божјиот закон. Втората заповед, која забранува обожавање на икони, е отстранета од Законот, а четвртата заповед е изменета така што наредува празнување на првиот наместо на седмиот ден во седмицата. Но приврзаниците на папството тврдат дека втората заповед е отстранета затоа што таа, според нивно мислење, е содржана во првата, и според тоа е излишна, и дека тие законот го даваат точно во оној облик како што сакал Бог да биде сфатен Законот. Но тоа не може да биде онаа промена што ја преткажал пророкот. Овде станува збор за намерна и добро промислена промена: „И ќе помислува да ги промени времињата и Законот.“ Промената извршена во четвртата заповед точно го исполнува пророштвото. Црквата тврди дека само таа има власт да ја изврши таа промена. Со тоа папската власт отворено се издигнала над Бога.

Додека почитувачите на Бога посебно се познаваат по тоа што ја држат четвртата заповед зашто таа е знак на Божјата творечка моќ и сведок дека само Тој како Творец има право на почитување од страна на луѓето приврзаниците на ѕверот ќе се познаваат по своето настојување да го оборат денот на сеќавањето на Творецот за да ја издигнат установата на Рим. Токму во полза на неделата папството првпат истапило со свои дрски барања; нејзиното прво повикување на авторитетот на државната сила требало да ѝ послужи да ги присили луѓето да ја почитуваат неделата како „Господен ден“. Но Библијата упатува не на првиот, туку на седмиот ден како Господен ден. Христос рекол: „Синот човечки е господар и на саботата.“ Четвртата заповед вели: „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.“ Преку пророкот Исаија сам Господ овој ден го нарекува: „Мој свет ден“ (Марко 2,28; 2. Мојсеева 20,10; Исаија 58,13).

Толку често истакнуваното тврдење дека Христос ја променил саботата е побиено со неговите сопствени зборови. Во својата проповед на гората Тој вели: „Немојте да мислите дека јас дојдов да ги укинам Законот и Пророците, не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам. Зашто вистина ви велам, додека не исчезнат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ги снема од Законот, а да не се исполни. И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди, и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во небесното царство; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во небесното царство“ (Матеј 5,17­19).

Протестантите главно признаваат дека Светото писмо не ја одобрува промената на денот за одмор. Тоа јасно се гледа од најпознатите списи што ги издаваат Американското трактатско здружение (American Tract Society) и Американската заедница на неделните школи (American Sunday School Union). Едно од тие дела признава дека „Новиот завет не зборува за никаква изрична заповед да се празнува денот за одмор (станува збор за првиот ден на седмицата, за неделата), или за одредени правила за негово празнување“ ((George Elliott, The Abiding Sabbath, page 184).

Друг писател кажува: „Сè до Христовата смрт не е направена никаква промена во врска со денот за празнување“ и „според она што го покажуваат извештаите, тие (апостолите) не… дале никаква изрична заповед за отфрлање на седмиот ден како ден за одмор, и за преместување на денот за одмор во првиот ден на седмицата“ (A. E. Waffle, The Lord’s Day, pages 186-188).

Римокатолиците признаваат дека промената на саботата ја извршила нивната црква и изјавуваат дека со празнувањето на неделата протестантите ја признаваат нивната власт. Во книгата „Католички катихизис на христијанската вера“, на прашањето кој ден треба да се празнува според четвртата заповед, се наоѓа одговорот: „За време на стариот закон, саботата била посветен ден; но црквата, поучена од Исуса Христа и под водство на Светиот Дух, ја заменила саботата со недела, така што ние сега го празнуваме првиот, а не седмиот ден. Тоа значи дека сега неделата е Господен ден.“

Во знак на папскиот авторитет, католичките писатели ја наведуваат “ токму оваа промена на саботата во недела што ја одобруваат и протестантите… зашто, со празнувањето на неделата, тие ја признаваат власта на црквата да ги одредува празниците и со нив да располага во периодот на владеењето на гревот“ (Henry Tuberville, An Abridgment of the Christian Doctrine, page 58). Според тоа, што е друго промената на денот за одмор, ако не знак, или жиг на авторитетот на Римската црква ­ „жиг на ѕверот“? (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest