(продолжува од претходниот ден) „И ќе склучи сојуз со мнозина за една седмица.“ „Седмицата“, за која станува овде збор, е последната седмица во временскиот отсек од седумдесет седмици; тоа се последните седум години од временскиот отсек одреден за Евреите. Во тоа време, што се протега од 27та до 34та година по Христа, Исус најпрво лично, а потоа преку своите ученици, им го упатувал евангелскиот повик особено на Евреите. Кога апостолите пошле да ја објават радосната вест за царството, Исус им дал упатства: „Не одете кај незнабошците, и не влегувајте во самаријански град. Туку подобро одете кај загубените овци на Израеловиот дом“ (Матеј 10,5.6).
„А во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот.“ Триесет и првата година по Христа, три и пол години по своето крштавање, Спасителот бил распнат. Со големата жртва принесена на Голгота се завршил периодот на принесување на жртви, кои во текот на четири илјади години укажувале на идното Божје Јагне. Сега сенката станала стварност и затоа требало да престанат сите жртви и приноси на церемонијалниот закон.
Седумдесетте седмици, или 490те години, одредени за Евреите, истекуваат, како што видовме, 34 години по Христа. Во тоа време, со одлука на еврејскиот Синедрион, овој народ конечно го отфрлил евангелието со каменувањето на Стефа на и со прогонувањето на Христовите следбеници. Од тогаш веста на спасението не се ограничувала повеќе на избраниот народ, туку почнала да му се објавува на цел свет. Учениците, кои поради прогонствата морале да побегнат од Ерусалим, „поминуваа проповедајќи ја речта“. „А Филип слезе во градот Самарија и таму им го проповедаше Христа.“ Петар, воден од Бога, му го открил евангелието на побожниот Корнелиј, капетан од Ќесарија; а ревниот Павле, кој ја прифатил Христовата вера, добил налог да им ја однесе радосната вест „далеку на незнабошците“ (Дела 8,4.5; 22,21).
Така јасно се исполнил секој дел од ова големо пророштво. Седумдесетте седмици, што без никакво сомневање почнале 457та година пред Христа, завршиле 34та година по Христа. Поаѓајќи од наведениот датум, не е тешко да се најде крајот на пророчките 2300 дни. Ако седумдесетте седмици или 490те дни ги отсечеме од 2300та дни, ни остануваат уште 1810 дни. Откако завршиле 490те дни, останале уште да се исполнат 1810 дни. Сметајќи од 34 та година по Христа, преостанатите 1810 години допираат до 1844 година. Според тоа, 2300та дни од Даниел 8,14 завршуваат 1844 година. По истекувањето на тоа големо пророчко време, според сведоштвото на Божјиот ангел, „Светилиштето ќе се очисти“. На тој начин точно било утврдено времето на очистување на Светилиштето, а тој настан, како што се веруваше, требаше да се совпадне со времето на второто Христово доаѓање.
Милер и неговите соработници од почеток веруваа дека оние 2300 години од Даниел 8,14 ќе истечат пролетта 1844 година, додека пророштвото упатуваше на есента истата година. Погрешното сфаќање на оваа точка ги разочара и ги вознемири оние што го прифатија првиот датум како време на Христовото доаѓање. Но тоа воопшто не влијаеше врз силата на доказите дека 2300та дни завршуваат 1844 година, и дека тогаш ќе се одигра голем настан очистувањето на Светилиштето.
Кога почнал подробно да го проучува Светото писмо за да до каже дека тоа е Божје откровение, Милер ниту најмалку не очекувал дека истото ќе го доведе до заклучокот до кој дојде сега. Самиот тој одвај можеше да верува во резултатот на своето истражување. Но библискиот доказ беше толку јасен и силен, што не можеше да го отфрли.
Тој две години поминал во проучување на Библијата кога во 1818 година свечено заклучил дека отприлика за 25 години Христос ќе дојде да го избави својот народ. „Не е потребно“, кажува Милер, „да зборувам за радоста што го исполни моето срце при помислата на свечената иднина и за силниот копнеж на мојата душа да имам удел во радоста на откупените. Сега Библијата ми стана една нова книга. Таа беше вистинско уживање за мојот дух. Сè што ми беше нејасно во нејзината наука, таинствено и мрачно, сега го растера силната светлина што ме осветли од нејзините свети страници. О колку сега вистината ми изгледаше сјајна и славна! Исчезнаа сите противречности и недоследности што ги наоѓав порано во Библијата. Иако сè уште имаше многу стихови што не ги разбирав потполно, сепак, од неа зрачеше силна светлина да ја расветли мојот до тогаш затемнет ум и јас, проучувајќи го Светото писмо, чувствував таков восхит каков што никогаш не сум чувствувал ниту пак сум верувал дека ќе почувствувам ако го проучувам“(Bliss, pages 76, 77). (продолжува)