Лутер пред државниот собор (деветти дел)

(продолжува од претходниот ден) Луѓето му се восхитувале како да е нешто повеќе од човек. Дури и оние што не верувале во неговата наука ѝ се восхитувале на неговата благородна чесност што го гонела побргу да се изложи себеси на смртна опасност отколку да ѝ згреши на својата совест. Биле вложени сериозни напори Лутер да се наговори на спогодба со Рим. Благородниците и кнезовите го предупредиле дека, ако продолжи упорно да се држи за своето мислење, наспроти мислењето на црквата и соборот, набргу ќе биде протеран од царството и оставен без заштита. На тоа Лутер одговарал: „Христовото евангелие не може да се проповеда без тешкотии… Зошто стравот и заканите да ме одвојат од Бога и од божествената Реч која е единствена вистина? Не, побргу би го дал моето тело, мојата крв и мојот живот“(D’Aubigne, b. 7, ch. 10).

Повторно вршеле притисок да ја прифати пресудата на царот, па нема од што да се плаши. “

„Немам ништо против тоа“, одговорил тој, „царот, кнезовите и дури наједноставниот христијанин да ги испитаат и да ги оценат моите книги, но под услов тоа да го прават врз основа на Божјата реч. Луѓето се должни да ја слушаат само неа. Немојте да вршите насилство врз мојата совест која му се потчинува на Светото писмо“(Исто, b. 7, ch. 10).

При вториот обид да го наговорат, тој одговорил: „Се согласувам да се откажам од моето гарантно писмо. Ја предавам во рацете на царот мојата личност и мојот живот, но Божјата реч ­ никогаш!“ (Исто, b. 7, ch. 10). Изјавил дека е готов да ја прифати одлуката на еден општ собор, но под услов тој собор да суди според Светото писмо. „Што се однесува до Божјата реч и верата“, додал тој, „секој христијанин би можел за тоа сам да просудува исто толку добро како папата, па макар овој да го поддржуваат милиони собори“(Martyn, vol. 1, p. 410). Пријателите и непријателите најпосле се увериле дека е напразен секој натамошен обид за измирување.

Кога реформаторот би попуштил само во една точка, сатаната и неговите соработници би однеле победа. Но неговата непоколеблива решителност била средство за ослободување на црквата и почеток на ново и подобро време. Влијанието на овој човек, кој имал храброст во религиозните прашања да мисли и да работи самостојно, дејствувало врз црквата и врз светот не само во неговото време, туку и во сите идни поколенија. Неговата решителност и верност ќе ги крепи во последното време сите што ќе мораат да поминат низ слично искуство. Божјата моќ и големина биле издигнати над човечките одлуки, над силната моќ на сатаната.

Набргу по ова Лутер добил наредба од царот да се врати дома. Реформаторот знаел дека по таа наредба бргу ќе дојде и неговата осуда. Над неговата патека се надвивале заканувачки облаци; сепак, неговото срце било полно со радост и благодарност кога го на пуштил Вормс. „Лично ѓаволот“, рекол тој, „ја чуваше папската тврдина, но Христос во неа направи голем пробив и сатаната мораше да признае дека Бог е посилен од него“(D’Aubigne, b. 7, ch. 11).

По своето заминување, сакајќи искрено неговата решителност да не ја сфатат како бунт, Лутер му напишал на царот: „Бог, кој ги испитува срцата, е сведок дека сум готов да му се потчинам на вашето величество во славата или во срамот, во животот или во смртта, во сè, освен во Божјата реч, преку која човекот живее. Во деловните работи на овој живот, мојата преданост е непоколеблива, зашто загубата или добивката во земните работи не влијае врз спасението. Но кога во прашање се вечните интереси, Бог не сака да му се покоруваме на човек. Зашто потчинувањето во духовните работи е вистинско богослужение, а тоа му припаѓа само на Творецот” (Исто, б. 7, цх. 11).

На патот од Вормс Лутер е пречекуван со уште поголемо одушевување отколку кога патувал таму. Духовните великодостојници го поздравувале исклучениот калуѓер, и граѓанските власти му укажувале почит на човекот што го осудил царот. Го наговориле да проповеда наспроти царската забра на и така повторно се качил на проповедална: „Јас никогаш не сум се обврзал дека ќе ја врзам Божјата реч“, зборувал тој, „ниту кога и да е ќе дадам таква обврска“(Martyn, vol. 1, p. 420).

Набргу по неговото заминување од Вормс, папските приврзаници успеале да го наговорат царот да издаде против него едикт. Во тој едикт Лутер бил прогласен како „сатана престорен во човек, облечен во калуѓерска облека“ (Д’Аубигне, б. 7, цх. 11). Била издадена наредба да се преземат мерки за да се спречи неговата работа штом ќе истече рокот на неговата заштита. На секого му било забрането да му даде прибежиште, храна или пијалак, да го поддржува или да му помага со зборови или со дела, јавно или приватно. Требало да биде фатен и предаден на властите. И неговите следбеници треба да бидат уапсени, а нивниот имот запленет. Неговите списи треба да се уништат и, најпосле, сите што ќе се осмелат да постапуваат спротивно на оваа наредба, треба да ја делат неговата судбина.

Набргу по неговото заминување, саксонскиот изборен кнез и другите кнезови, кои биле пријателски наклонети кон Лутера, го напуштиле Вормс, и државниот собор го одобрил декретот на царот. Сега папските следбеници триумфирале. Сметале дека судбината на реформацијата е запечатена. (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest