Протест на кнезовите (втор дел)

(продолжува од претходниот ден) „Кога би стапил овој едикт во сила, реформацијата не би можела да се шири во местата каде што уште била непозната, ниту би се зацврстила таму каде што веќе постоела“ (Исто, b. 13, ch. 5). Слободата на говор била забранета. Преобраќања не би биле дозволени. Од пријателите на реформацијата се барало веднаш да ги прифатат тие забрани и ограничувања. Се чинело дека надежта на светот веќе се гасне. „Повторното воспоставување на власта на Римската црква… неминовно би водело кон воспоставување на старите злоупотреби“, и лесно би се нашла можност да биде „уништено делото што веќе било растресено со фанатизмот и раздорите“ (Исто, b. 13, ch. 5).

Кога евангелистичката партија се состанала на советување, нејзините членови збунети се гледале еден со друг. Се прашувале: „Што да се прави?“ Многу важните предимства за светот биле во опасност. „Дали водачите на реформацијата да се покорат?“ Дали да го прифатат едиктот? Во овој критичен миг лесно можело да се направи погрешен чекор. Колку добри изговори и прифатливи причини би можеле да се најдат за одлука да се покорат! На лутеранските кнезови им е ветена гаранција дека ќе можат слободно да ја исповедаат својата вера. Исто право им се ветувало на нивните приврзаници кои ја прифатиле реформацијата пред овој едикт. Зар тоа не е доста? Колку опасности би избегнале ако би се покориле. А во колкави опасности и судири би можел да ги вовлече отпорот! Кој знае дали во иднина ќе им се даде таква поволна можност? Да го прифатиме мирот, да го земеме маслиновото гранче што ни го подава Рим и на тој начин да ги зацелиме раните на Германија. Со овие и со слични причини реформаторите можеле да го оправдаат прифаќањето на условите што набргу би му донеле целосна пропаст на нивното дело.

„Но, за среќа, реформаторите го забележале начелото што било основа на предложениот договор и постапиле според верата. Какво било тоа начело? Тоа било право на Рим да врши притисок, да ја присилува совеста и да ја забранува слободата на истражување. Но, зар слободата на совеста не им е загарантирана ним и на нивните приврзаници? Да, но како милост, а не како право. А што се однесува до оние што не се вклучени во оваа одредба, за нив требало да биде меродавно и понатаму начелото на сила; совеста не е земена во обѕир. Рим би останал непогрешен судија на верата. Да се прими предложеното примирје би значело согласување со тоа слободата да биде дозволена само во реформираната Саксонија и за целото друго христијанство слободното истражување и исповедање на реформираната вера да значи престап што се казнува со затвор и со ломачи. Зар смеат тие да поставуваат географски граници на религиозната слобода? Можат ли да објават дека реформацијата го задобила последниот обратеник, дека ја освоила последната стапка на земјата? Треба ли власта на Рим да остане вечна таму каде што таа постои сега? Дали потоа ре форматорите сè уште ќе можат да тврдат дека се невини за крвта на стотици и илјадници верници кои поради усвојувањето на оваа спогодба во папските земји ќе мораат да го положат својот живот? Во овој најсудбоносен миг тоа би значело предавство на делото на евангелието и на слободата на христијанството“(Wylie, b. 9, ch. 15). Не, тие биле готови побргу да жртвуваат сè, дури и своите кнежевства, своите круни и своите животи“(D’Aubigne, b. 13, ch. 5). (продолжува)

Големата борба е завршена (шести дел)
Големата борба е завршена (петти дел)
Големата борба е завршена (четврти дел)
Големата борба е завршена (трет дел)
Големата борба е завршена (втор дел)
Големата борба е завршена (прв дел)
Пустошење на земјата (четврти дел)
Пустошење на земјата (трет дел)
Пустошење на земјата (втор дел)
Пустошење на земјата (прв дел)

Pin It on Pinterest