Придружете ни се на нашите служби

ПЕТОЧНО БОГОСЛУЖЕНИЕ

Петок, со заоѓање на сонцето
Добредојдени сте заеднички да го отпочнеме библискиот саботен ден со зајдисонце во петок навечер. Богослужението опфаќа проучување на Светото Писмо и соодветна духовна литература, во кое секој може слободно да земе учество со свој коментар или прашања поврзани со темата.

САБОТНИ БОГОСЛУЖЕНИЈА

Сабота, 09:00 (утринско) и 19:00 (вечерно)
Придружете ни се на нашите саботни богослуженија каде го прославуваме Бога преку проучување на Светото Писмо, молитва и пеење на духовни химни. Доколку не сте во можност да присуствувате во молитвениот дом, богослуженијата можат да се следат во живо на оваа веб страна или директно на нашиот youtube канал.

МОЛИТВЕН ЧАС

Среда во 19:00
Богослужение посветено на молитва кон Бога за сите наши благодарности и потреби, како и молитви за потребите на нашите ближни. Повелете заеднички да ги отвориме нашите срца во молитва кон Бога!

Библиска поука

Големата борба - Мотивирани од надежта (11 мај - 17 мај)

За натамошно проучување

17 мај

Настани кои следуваат

Стих на денот

Зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ. (Римјаните 6,23)

Мисла на денот

Оној што не сака да простува, го урива мостот преку кој и самиот ќе мора да помине.

Стих на денот

Зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ. (Римјаните 6,23)

Мисла на денот

Оној што не сака да простува, го урива мостот преку кој и самиот ќе мора да помине.

На патот кон небесниот дом

17 мај - Живејте онака како што се молите

„Имено, затоа им е проповедано Евангелието и на оние кои се сега мртви, за тогаш да беа судени по човечки во телото, а со духот сега да живеат според Бога.“ (1. Петрово 4,6)

Мнозина немаат доволно жива вера. Токму затоа и не гледаат повеќе докази за Божјата моќ. Нивната слабост е последица на нивното ...

Видео на денот

Песна на денот

„Копнежот на вековите“ на денот

Во Капернаум (трет дел)

мај 17

…Временскиот период на Христовата лична служба меѓу луѓето било време кога силите на царството на темнината најмногу дејствувале. Со векови сатаната со своите лоши ангели се стремел да завладее со телата и со душите на луѓето за да им донесе грев и страдања; а тогаш за сета своја беда го товарел Бога. Исус на луѓето им го откривал Божјиот карактер. Ја кршел сатанската сила и ги ослободувал неговите робови…

„Големата борба“ на денот

Подоцнежни англиски реформатори (четврти дел)

мај 17

…Весли и неговите соработници увиделе дека вистинската вера живее во срцето и дека Божјиот закон ги опфаќа не само зборовите и делата туку и мислите. Биле уверени дека е потребна светост на срцето и исправно надворешно однесување и затоа сакале да живеат нов живот. Се труделе со молитва и пост да ги победат наклоностите на природното срце. Живееле живот на самооткажување, полн со љубов и понизност, и строго го извршувале сето она што им се чинело дека би можело да им помогне да ја постигнат својата цел светост што ќе им обезбеди Божја наклоност…

Pin It on Pinterest