Придружете ни се на нашите служби

ПЕТОЧНО БОГОСЛУЖЕНИЕ

Петок, со заоѓање на сонцето
Добредојдени сте заеднички да го отпочнеме библискиот саботен ден со зајдисонце во петок навечер. Богослужението опфаќа проучување на Светото Писмо и соодветна духовна литература, во кое секој може слободно да земе учество со свој коментар или прашања поврзани со темата.

САБОТНИ БОГОСЛУЖЕНИЈА

Сабота, 09:00 (утринско) и 18:00 (вечерно)
Придружете ни се на нашите саботни богослуженија каде го прославуваме Бога преку проучување на Светото Писмо, молитва и пеење на духовни химни. Доколку не сте во можност да присуствувате во молитвениот дом, богослуженијата можат да се следат во живо на оваа веб страна или директно на нашиот youtube канал.

МОЛИТВЕН ЧАС

Среда во 18:00
Богослужение посветено на молитва кон Бога за сите наши благодарности и потреби, како и молитви за потребите на нашите ближни. Повелете заеднички да ги отвориме нашите срца во молитва кон Бога!

Библиска поука

Соединување на Небото и Земјата - Како светилки во ноќта (24 јануари - 30 јануари)

Докажан карактер

28 јануари

Настани кои следуваат

Стих на денот

Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.
(Пословици 3,5)

Мисла на денот

Работи за Господ; навистина, платата е мала, но пензијата е вечна!

Стих на денот

Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.
(Пословици 3,5)

Мисла на денот

Работи за Господ; навистина, платата е мала, но пензијата е вечна!

Блескава религија

28 јануари - Израз на верата

„И ќе воскликнува сета моја внатрешност, кога твоите усни зборувааат што е право.“ (Пословици 23,16)

Бог ни го дал дарот на говорот за да можеме на другите да им раскажуваме за Неговото постапување со нас, за да може Неговата љубов и сочувство да ги допрат нивните срца, и за да може пофалба да �...

Видео на денот

Песна на денот

„Копнежот на вековите“ на денот

„Одете и сите народи сторете ги мои ученици“ (четврти дел)

јануари 28

…Христос го урнал ѕидот на разделбите, ги урнал предрасудите за поделби меѓу народите и упатил кон љубов спрема целото човечко семејство. Тој ги подига луѓето од тесниот круг што ја одредува нивната себичност. Тој ги укинува сите огради и вештачки разлики во општеството. Тој не прави никаква разлика меѓу соседите и странците, меѓу пријателите и непријателите. Тој нè учи секоја душа што е во неволја да ја сметаме за свој брат, а светот за свое поле на работа…

„Големата борба“ на денот

Хус и Јероним (четврти дел)

јануари 28

…„Славата Божја, спасението на душите и работата нека бидат твоја главна грижа, а не поседот на црковните добра и имотот. Внимавај да не ја украсуваш својата куќа повеќе отколку својата душа; вложи најголем напор за својата духовна зграда. Биди благ и понизен со сиромасите и немој да ги трошиш своите добра на гозби. Ако не го поправиш својот живот и ако не се воздржиш од она што е излишно, се плашам дека ќе бидеш тешко казнет како јас, кој сум го правел тоа, заведен со навиката и збунет со горделивиот дух…”

Pin It on Pinterest