ВИДЕА

Космички конфликт – Потеклото на злото

Реално зборувано, постои добрина и убавина во овој свет. Но од друга страна, мноштво луѓе биле сведоци на толку многу зло, што природно го поставуваат прашањето дали Бог воопшто постои. Милиони и милиони невини луѓе низ историјата умреле од војни. Деца се киднапирани и убивани. Да не ги споменуваме секојдневните лаги, кражби, силувања и насилства против невините. Ако Бог е навистина полн со љубов, а истоврмено и семоќен, зошто дозволува да се случуваат овие ужасни нешта? Добрата вест е дека постои логичен одговор на ова прашање, кој што ќе ја задоволи вашата потрага по смислата и вистината.

Ова моќно видео разоткрива и ги отвора очите за најосновната Библиска вистина – големата контроверзија која настанала на небото, кога Луцифер се побунил против Бог. Прикажува како совршениот ангел бил трансформиран во сатана – врховен демон, поведувајќи со себе армија од ангели во бунт против Божјото владеење. Но зошто Бог не го уништил сатаната и неговите демони и не ставил крај на злото? Дали има смисла тоа што Бог ја избрал токму таа комбинација што дозволил злото да продолжи? Кога веќе го направил тоа, каде е неговото место во тој космички конфликт? Дали е Бог е само набљудувач на настаните од далеку или е директно и активно инволвиран?

Кога злото би било присутно само таму некаде во вселената, на небото, можеби и не би биле толку засегнати. Но ние секојдневно сме сведоци за неговото присуство овде на нашата планета. Прашања кои се поставуваат: Како злото стигнало помеѓу нас? Како дошло до тоа сите ние да бидеме дел од космичкиот конфликт? Ова видео ќе ни помогне да ѕирнеме позади духовната завеса и да ги сфатиме законитостите кои владеат во реалната борба помеѓу доброто и злото, борба во која сите ние сме вклучени – биле свесни за тоа или не.

ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАНИ ОД БИБЛИСКИТЕ ПРОРОШТВА

Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги – пророците. (Амос 3:7 ; Библија)
Бог во својата неизмерна љубов кон нас луѓето, не нè оставил да бидеме во незнаење за најважните аспекти од планот на спасението. Преку читањето на Библијата можеме да ги дознаеме поединечните фази и да го лоцираме своето време и место во тој голем план. Според Библиските пророштва, од завршетокот на космичкиот конфликт нè делат само уште неколку големи настани, популарно познати како ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАНИ. Меѓутоа, сето тоа многу добро го знаат и сатаната и неговите демони. Тие се свесни дека деновите од нивното постоење се одбројани и нивниот крај наближува, па во својата голема јарост ги умножуаат своите напори и го користат сето свое бунтовничко искуство во обидот да одвлечат што е можно повеќе луѓе во пропаст. Доколку во таа своја борба се служеа само со отворен, директен напад – немаше да биде толку тешко за луѓето да сфатат дека се наоѓаат во една колосална духовна борба, да направат разлика и да застанат на Божјата страна. Меѓутоа, проблемот е во тоа што сатаната и неговите демони најголем дел од својата борба ја водат подмолно, инфилтрирајќи се во различните структури на општеството, користејќи ги стратешките гео-политички центри на влијание, а што е најзапрепастувачки – инфилтрирајќи се дури и во самата христијанска црква. И воопшто не е случајно тоа што кога Исус бил запрашан од страна на своите ученици „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?” (Матеј 24:3), првото нешто што го одговорил било „Пазете се, да не ве излаже некој“ (Матеј 24:4). Овие Исусови зборови се особено релевантни за нас денес, кога сме сведоци на толку многу различни учења поврзани со последните настани. Сатаната во самиот христијански свет фрлил мрежа од лажни идеи, лажни толкувања, во која мнозина се фатиле. Додека еден дел од христијанскиот свет не препознава ништо посебно во времето во кое живееме и на второто Христово доаѓање гледа како на некој далечен настан, друг дел од христијаните се склони своите толкувања на Библиските пророштва да ги базираат на сензационалистичките прилози од дневниот печат. Трет дел од христијанскиот свет пак, го фокусира својот поглед кон фалсификувани појави и настани, верувајќи дека истите се исполнување на Библиските пророштва. Таков е примерот со микрочиповите под кожа кои се наводно исполнување на пророштвото за „жигот на ѕверот“, а исто така и наводната изградба на третиот храм во Ерусалим…

Ова неверојатно видео ќе ве води чекор по чекор низ последните настани опишани во Библиските пророштва. Неговата цел не е детално да ги анализира Библиските текстови кои ги опишуваат тие настани, туку да направи еден панорамски преглед, за да може полесно да се запамети нивната хронологијата и взаемна поврзаност. Наша препорака е на ова видео да гледате како на еден вид вовед во последните настани, но да не застанете овде, туку да продолжите детално да проучувате за секој од тие настани. Ве упатуваме после ова видео со внимание да ги проучите видео серијалите „Неговиот пат е во Светилиштето“ и „Тројната ангелска вест“.

Откровение: Невестата, ѕверот и Вавилон

 

Најмистериозната и најконтроверзна книга на светот сега е разјаснета. Ниту една друга книга во Библијата не била повеќе погрешно сфаќана и погрешно толкувана како што тоа е случај со книгата Откровение. Но сега, сето тоа е променето со „Откровение: Невестата, ѕверот и Вавилон“! Навлегувајќи до самата срцевина на најпредизвикувачката книга од Библијата, ова 90 минутно документарно видео ги дешифрира визиите од Откровение 12та и 17та глава, за секој да може да ги разбере. Патувајќи од раѓањето на Христос, низ христијанската ера, ова неверојатно видео го отстранува велот од скриената историја, за да го открие издигнувањето на Вавилон, прогонството на Христовата невеста и вистинскиот идентитет на ѕверот. Едукативно и инспирирачки, „Откровение: Невестата, ѕверот и Вавилон!“ ги нунди клучевите на разбирање на епскиот конфликт помеѓу Христос и сатаната, и изнесува кои се импликациите од тие пророштва за животот на луѓето денес. Водејќи ги гледачите низ интервјуата со разни експерти, а истовремено нудејќи проучување во едноставен облик на стих по стих од Библијата, им помага на гледачите да се информираат за настаните од последното време, кои наскоро ќе го снајдат овој свет, за да би можеле да бидат подготвени за истите.

Неговиот пат е во Светилиштето

Откако Бог ги извел Израелците од Египет, им заповедал да Му изградат Светилиште во пустината, кое било копија на Небесното Светилиште. Преку Светилиштето во пустината, кое што било во облик на шатор, Бог сакал да нè поучи на суштински важни лекции со вечни последици.
8 Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. (Излез 25:8 ; Библија)
Израелците требале да Мy подигнат шатор на Бог помеѓу нивните шатори, за да разберат дека не е далечен и недостижен, туку дека е близок Бог. Од друга страна, самото Светилиште го сочинуваат повеќе делови: двор и шатор со две простории (Светиња и Светиња над светињите). Секој од овие делови имал своја специфична функција и било строго дефинирано кој до каде може да влезе и кога може да влезе. На тој начин, истовремено, Бог не сакал луѓето да заборават на непремостливиот јаз помеѓу Него, како Создател и нив како созданија.

Светилиштето имало за цел да ја претстави небесната реалност на земјата. Тоа претставувало како еден вид на портал каде што небото и земјата се соединувале. Манифестацијата на Божјата слава се појавувала токму над овој Шатор на средбата, од каде што и Бог му говорел на Мојсеј.

Преку церемонијалиот систем поврзан со Светилиштето е откриен целокупниот план на спасението. Мебелот, жртвите, првосвештеникот, мноштвото церемонии… сè е тоа сенка која нашла свое исполнување во Исус. Самиот призор на Светилиштето и сите церемонии кои се случувале во него, биле многу впечатливи и имале за цел да ги афектираат сите пет сетила на човекот. Тоа било Божја промисла за својот народ, за да можат големите вистини да им останат длабоко врежани во умот. И уште повеќе од тоа, симболите поврзани со Светилиштето десегале во времето. Временскиот редослед на различните фази од Исусовата служба во планот на спасението се откриени токму преку годишните церемонијални празници во Светилиштето. Нажалост, христијанскиот свет во голема мера занемарил да ги проучува овие суштински вистини. Можеби тоа е и главната причина што денес во светот се проповедаат искривени евангелија. Размислете само за момент: Кој би имал поцелосно разбирање за планот на спасението: а) оној кој што го препознал Исус како чисто и невино јагне жртвувано на олтарот во дворот во Светилиштето (симболички зборувано); или б) оној кој што освен што го препознал Исус како чисто и невино јагне жртвувано на олтарот во дворот, го препознал Исус и во сите останати фази кои следеле, вклучувајќи го и ЧИСТЕЊЕТО на Светилиштето за време на Јом Кипур (Денот на очистувањето)?

Едно од најсуштинските апокалиптични пророштва, за кое во Библијата е запишано дека „се однесува на далечни времиња “, „на крајот од времето“ (Даниел 8:26,17 ; Библија), гласи:
„Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.”
(Даниел 8:14 ; Библија)

За правилно да се разбере ова пророштво, неопходно е добро познавање на доктрината за Светилиштето. Во суштина, таа доктрина ги спојува скоро сите други Библиски доктрини во себе. Освен тоа, за правилно да се разберат пророштвата во книгата Откровение, неопходно е добро е да познава Светилиштето. Откровение и Светилиштето се како рака и ракавица.

1. Неговиот пат е во Светилиштето
2. Ангелите од Светилиштето
3. Смрт и живот во Светилиштето
4. Седум тајни на инкарнацијата
5. Божјото Јагне заклано
6. Жнеење на придобивките од Светилиштето
7. Луѓе блиски до Неговото срце
8. Триаголникот на посветувањето
9. Двата завети од Светилиштето
10. Библиското основно пророштво
11. Хронологијата на судот
12. Светилиштето ќе биде очистено (прв дел)
13. Светилиштето ќе биде очистено (втор дел)
14. Три фази од историјата на Израел
15. Пророштвото за Седумдесетте седмици (прв дел)
16. Пророштвото за Седумдесетте седмици (втор дел)
17. Пронајдено! Ковчегот на заветот!
18. Тестот со маната
19. Разочарување во Светилиштето
20. Како крадец во ноќта
21. Бог во парница
22. Трите фази на судот
23. Јарецот за отпуштање и Милениумот од Откровение
24. Величественото искуство на обратување
25. Во храмот на Антихристот (прв дел)
26. Во храмот на Антихристот (втор дел)
27. Финансиските тајни на Светилиштето
28. Светото и профаното
29. Двата храма
30. Светилиштето и пророчкиот дар
31. Три неодвоиви доктрини
32. Конечно дома

Тројната Ангелска Вест

И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ, и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори. И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.” И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето. И димот од нивното измачување ќе се издига во вечни векови, и не ќе имаат починка, ни дење ни ноќе, оние кои му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и кој ја прима ознаката на неговото име.” Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса. (Откровение 14:6-12 ; Библија)

Според Библијата, живееме во „последните времиња“, на прагот на најславнот настан на планетата Земја – доаѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос на облаците. Меѓутоа, пред да се случи тоа, запишано е дека ќе се проповеда една специфична порака, Тројната Ангелска Вест (Откровение 14:6-12). Како резултат на проповедањето на таа порака ќе дојде до поларизација на сите луѓе на земјата на две групи: една група на луѓе кои ќе имаат т.н. Божји печат и друга група на луѓе кои ќе го добијат т.н. жиг на ѕверот. Бог во својата преголема љубов, преку Тројната Ангелска Вест, на светот му ги открил клучните аспекти од завршните сцени на големата борба помеѓу Христа и сатаната. Ако за некоја библиска вистина би можеле да кажеме дека е актуелна и релевантна за нашето време, тогаш со сигрност тоа би била Тројната Ангелска Вест.

1. Десет факти за Откровение 14
2. Што е вечното евангелие?
3. Почетокот на мудроста
4. Како да се прослави Бог
5. Часот на Божјиот суд
6. Основата на вистинското прославување (на Бог)
7. Тајна: Големиот Вавилон
8. Гнасното вино на Вавилон
9. Гнасното блудствување на Вавилон
10. Ѕверот од морето од Откровение
11. Ѕверот од земјата од Откровение
12. Ликот на ѕверот
13. 666: Бројот на ѕверот
14. Жигот на ѕверот (прв дел)
15. Жигот на ѕверот (втор дел)
16. Виното на Божјиот гнев
17. Димот од измачувањето на Вавилон
18. Трпението на светите
19. Божјите заповеди
20. Исусовата вера
21. Остатокот од нејзиното семе
22. 144-те илјади
23. Исусовото сведоштво
24. Жетвата на земјата е зрела
25. Излезете од неа народе мој

Погрешно сфатени текстови за состојбата на мртвите

Дали смртта е крај на сè? Што се случува со човекот кога ќе умре? Дали човекот има бесмртна душа, која го напушта телото во моментот на смртта или пак смртта е само како состојба на спиење без свест сè до воскресението? Во оваа прониклива серија од 12 дела, пастор Бор прецизно ги разгледува Библиските текстови кои се однесуваат на овие прашања со цел да појасни што тие навистина значат.

1. Правото на дрвото на животот
2. Крадецот и вештерката
3. Богатиот човек и Лазар
4. Павловата дилема: Да остане или да замине?
5. Отсутен од телото и присутен кај Господа
6. Проповедање на духовите во затвор
7. Душата на Рахила која ја напуштила
8. Клучевите на адот
9. Мртвите кои стојат пред Бог
10. Душите под олтарот
11. Црвот кој не умира и неизгасливиот оган
12. Бесмртност на душата или воскресение на мртвите?

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

Што ги предизвикува заболувањата? Зошто се разболуваме? Дали болеста е грешка на гените? Како мислите и емоциите го афектираат телото? Што е подсвеста? Можат ли хроничните заболувања да бидат исцелени и превентирани? Дали вие или некој ваш близок страда од канцер, дијабетис, срцеви заболувања, автоимуни болести…? Се борите ли со проблеми во односите, со депресија или анксиозност? Ја знаете ли својата цел во животот? Д-р Horst Mueller ги споделува своите длабоки согледувања за причините и лекот за болестите, кој само неколкумина го имаат разбрано на таков начин. Овие принципи се лек, за кој целокупниот здравствен систем, во глобала, е во загуба затоа што сѐ уште ги нема разбрано и применето. Во последниве десетина години д-р Horst Mueller открил дека постои силна поврзаност помеѓу страдањата и болестите на индивидуата со личните релациони односи и мисли. Во многу наврати, како резултат на неговиот уникатен пристап на третман на заболувањето, дошло до обновување и исцелување. Мнозина пронашле надеж за исцелување и хармонија во ситуации со безнадежни проблеми. Истата таа надеж може да биде и ваша. Можеби токму сега е време да се обидете да ги примените принципите кои се изнесени во овој видео серијал за себеси или истите да му ги препорачате на некој ваш близок.

Pin It on Pinterest