„За мој спомен“ (прв дел)

(продолжува од претходниот ден) „Господ Исус онаа ноќ во која беше предаден, го зеде лебот и, откако заблагодари, го скрши и рече: ‘Ова е телото мое кое е за вас. Правете го ова за мој спомен.’ Исто така по вечерата ја зеде чашата и рече: ‘Оваа чаша е новиот завет во мојата крв. Правете го ова, секогаш кога ја пиете, за мој спомен. Зашто секогаш, кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја навестувате смртта Господова додека Тој не дојде’“ (1. Коринќаните 11,23-26).

Христос стоел на превалецот меѓу две епохи и меѓу нивните два големи празника. Тој, Божје Јагне без мана, наскоро требало себеси да се принесе како жртва за гревот и со тоа да му стави крај на системот на симболите и обредите што четириилјади години укажувале на неговата смрт. Додека јадел пасха (пасхално јагне) со своите ученици, наместо неа воспоставил обред што требало да стане спомен на неговата голема жртва. Еврејскиот народен празник требало засекогаш да ја загуби важноста. Обредот што го воспоставил Христос требало да го празнуваат неговите следбеници во сите земји и низ сите векови.

Пасха е воспоставена како сеќавање на ослободувањето на Израел од египетското ропство. Бог заповедал историјата да се повторува секоја година со цел децата да прашуваат за значењето на оваа установа. Така во мислите на сите требало да се сочува свежо величественото ослободување. Установата „Госоподова вечера“ е дадена како сеќавање на големото ослободување извршено со Христовата смрт. Оваа установа треба да се празнува сè додека Тој не дојде по вторпат во сила и слава. Ова средство ни помага секогаш да се сеќаваме на ова големо дело.

Во времето на ослободувањето од Египет Израелците јаделе пасхална вечера простум, со препашани бедра и со стап во рацете, подготвени за патување. Начинот на кој ја празнувале оваа установа бил во сообразност со нивната состојба; штотуку се приготвувале за своето излегување од Египет, стоејќи пред мачно и тешко патување низ пустина. Но во Христово време состојбата се изменила. Сега не морале да излезат од некоја туѓа земја, туку населувале своја земја. Во сообразност со одморот што им е даден, народот во полулежечка положба учествувал во пасхалната вечера. Околу трпезата биле поставени простирки и гостите се сместувале на нив, потпирајќи се на левата рака, додека десната им била слободна да се служат при јадењето. Во таа положба гостинот можел да ја потпре главата на градите на оној што бил до него, а нозете биле испружени кон надворешната страна и нив можел да ги мие човек што одел надвор од кругот.

Христос сè уште е на трпезата на која е поставена пасхалната вечера. Пред него се наоѓаат пресни лебови. На трпезата стои и пасхално непревриено вино. Со овие знаменитости Христос ја прикажува својата чиста жртва. Ништо што е расипано со вриење, со симболот на гревот и смртта, не може да го претставува „простодушното и пречисто Јагне“ (1. Петрово 1,19).

„А кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го скрши, им го раздаде на учениците, и рече: ‘Земете, јадете, ова е моето тело.’ Потоа ја зеде чашата, заблагодари, им ја даде и рече: ‘Пијте сите од неа, зашто ова е мојата крв на заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите. Но, ви велам, отсега нема да пијам од овој лозов плод сè до оној ден кога со вас ќе пијам нов во царството на мојот Отец.’“

Предавникот Јуда учествувал во обредот Света вечера. Тој ги примил од Исуса знаменитостите на неговото скршено тело и на неговата пролеана крв. Ги чул зборовите: „Правете го ова за мој спомен.“ Седејќи непосредно до Божјето Јагне, предавникот премислувал за своите мрачни цели и им давал мав на своите злокобни и реваншистички мисли.

При миењето на нозете Христос уверливо докажал дека го познава карактерот на Јуда. „Не сте сите чисти!“ (Јован 13,11), рекол Тој. Овие зборови го увериле лажниот ученик дека Христос проникнал во неговата тајна намера. Сега Христос зборувал многу поотворено. Додека седеле на трпезата, рекол, набљудувајќи ги учениците: „Не зборувам за сите вас. Ги знам оние што ги избрав; но треба да се исполни Писмото: ‘Оној што го јаде мојот леб, ја крева својата пета против мене.’“

Дури и сега учениците не се посомневале во Јуда. Меѓутоа, ја забележале длабоката Христова жалост. Над сите се надвил облак како претчувство на страшна несреќа чијашто природа не ја разбирале. Додека јаделе во тишина, Исус рекол: „Вистина, вистина, ви велам дека еден од вас ќе ме предаде.“ Овие зборови предизвикале вчудовидување и ужас. Не можеле да сфатат дека некој меѓу нив може да биде предавник на божествениот Учител. Поради што би можеле да го предадат? И кому? Во чие срце би можел да се роди таков план? Секако, некој меѓу омилените дванаесетмина кои, слушајќи ги неговите поуки, имале предност над сите други, кои ја делеле неговата величествена љубов и кон кои покажувал толку многу обѕир со тоа што ги довел во толку тесна заедница со себе! (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest