Во Капернаум (трет дел)

(продолжува од претходниот ден) Оној што го победил сатаната во пустината на искушението, повторно се нашол лице в лице со својот непријател. Лошиот дух ја покажал сета сила за да ја задржи власта над својата жртва. Да се загуби почвата значело да му се препушти победата на Исуса. Се чинело дека измачуваниот човек ќе мора да го загуби животот во борбата со непријателот кој го уништил неговиот мажевен период. Меѓутоа, Спасителот проговорил со авторитет и го ослободил заробеникот. Човекот што бил опседнат сега стоел пред восхитеното мноштво радосен што владее со себе. Дури и лошиот дух посведочил за божествената сила на Спасителот.

Човекот го славел Бога поради своето ослободување. Окото кое до неодамна молскало со жар на лудило, сега сјаело со разум и било полно со солзи благодарници. Народот занемел од восхит. Кога им се вратила моќта на зборување, си довикнале еден на друг: „Што е ова? Нова и силна наука! Им заповеда дури и на нечистите духови и тие му се покоруваат“ (Марко 1,27).

Тајната причина за страдањето кое од овој човек направило застрашувачка појава за пријателите и товар за самиот него, лежела во неговиот живот. Бил пленет од задоволствата на гревот, планирајќи животот да го направи голема забава. И не сонувал дека ќе стане страв и трепет за светот и срам за семејството. Сметал дека своето време може да го троши на невини лудости. Меѓутоа, кога еднаш се нашол на удолниште, нозете бргу се лизгале. Неумереноста и лекомисленоста ги изопачиле благородните особини на неговата природа и сатаната потполно завладеал со него.

Каењето стигнало предоцна. Кога сакал да го жртвува богатството и задоволството за да го поврати своето загубено човечко достоинство, станал беспомошен во рацете на лукавиот. Застанал на непријателска почва и сатаната се добрал до сите негови способности. Искушувачот го намамил со многу волшебни понуди; но кога несреќникот паднал под негова власт, непријателот станал немилосрден во својата свирепост и страшен во жестокоста на своите напади. Така ќе биде со сите што ќе му попуштат на злото; она што почнало со заносно задоволство, ќе заврши во темнина на очај и со лудило на разорената душа.

Истиот зол дух, кој го искушавал Христа во пустината, и кој го држел под своја власт душевниот болен во Капернаум, владеел и со неверните Евреи. Меѓутоа, тој кај нив зел облик на побожност, сакајќи да ги измами во врска со нивните побуди за отфрлање на Спасителот. Нивната состојба била значително побезнадежна отколку состојбата на опседнатиот од зол дух, зашто не чувствувале никаква потреба од Христа и затоа цврсто се држани под власт на сатаната.

Временскиот период на Христовата лична служба меѓу луѓето било време кога силите на царството на темнината најмногу дејствувале. Со векови сатаната со своите лоши ангели се стремел да завладее со телата и со душите на луѓето за да им донесе грев и страдања; а тогаш за сета своја беда го товарел Бога. Исус на луѓето им го откривал Божјиот карактер. Ја кршел сатанската сила и ги ослободувал неговите робови. Човечките срца биле поттикнати со нов живот, со љубов и со сила од небото, и кнезот на злото станал да се бори за надмоќ на своето царство. Сатаната ги собрал сите свои сили и на секој чекор се борел против Христовото дело.

Така ќе биде и во последната голема борба, во судирот меѓу правдата и гревот. Додека врз Христовите ученици слегува нов живот, светлина и сила од небото, оздола извира нов живот и им дава сила на посредниците на сатаната. Жестокост владее со секој земен елемент. Кнезот на злото дејствува престорен, со лукавство стекнато во текот на многувековна борба. Се појавува престорен во светлосен ангел и големо мноштво слуша „лажни духови и науки ѓаволски“ (1. Тимотеј 4,1).

Во Христово време водачите и учителите на Израел биле немоќни да му се противстават на делото на сатаната. Го занемариле единственото средство со кое можеле да им се противстават на лошите духови. Христос го победил лукавиот со Божјата реч. Израелските водачи по име биле толкувачи на Божјата реч, но ја проучувале само за да ги поткрепат своите преданија и да ги наметнат своите човечки обичаи. Со своето толкување ти неа ја претвориле во мислење што Бог никогаш не го дал. Нивното таинствено толкување го сторило нејасно она што Бог го кажал јасно. Расправале за безначајни технички прашања, а всушност ги побивале најосновните вистини. На тој начин се сеело неверство. Божјата реч била лишена од својата сила, а лошите духови спроведувале своја волја. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest