Пред Ана и Кајафа (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Исус стрпливо ги слушал противречните сведочења. Не изустил ниту еден збор во своја одбрана. Најпосле неговите тужители станале збунети, посрамени и разјарени. Судењето никако не напредувало; се чинело дека нивниот заговор ќе доживее неуспех. Кајафа бил очаен. Му останала последната можност; Христос треба да се присили самиот себеси да се осуди. Првосвештеникот станал од судската столица со лице изобличено од гнев, додека гласот и однесувањето покажувале дека би го уништил Затвореникот што стоел пред него, кога тоа би било во негова моќ . „Ништо ли не одговараш?“, извикнал. „Што сведочат овие против тебе?“

Исус го сочувал својот мир. „Го малтретираа, а Тој дозволуваше, и не ја отвори својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца, нема пред оние што ја стрижат, не ја отвори својата уста“ (Исаија 53,7).

На крај, подигајќи ја својата десница кон небото, Кајафа во вид на свечена заклетва му се обратил на Исуса: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш дали си ти Христос, Син Божји?“

На ова барање Исус не можел да молчи. Имало време кога требало да молчи, а и време кога требало да зборува. Додека не му било непосредно поставено прашање, Тој не зборувал. Знаел дека ако сега одговори, неговата смрт ќе биде сигурна.

Меѓутоа, повикот го упатил највисокиот признат претставник на власта на народот и во име на Севишниот. Христос не сакал да се покаже непокорен кон законот. Уште повеќе, го поставил прашањето на неговиот однос со Отецот. Тој јасно мора да го објави својот карактер и својата мисија. Исус им рекол на своите ученици: „Секој што ќе ме признае мене пред луѓето, ќе го признаам и јас него пред мојот небесен Отец“ (Матеј 10,32). Со својот личен пример сега ја повторил оваа поука.

Секое уво било приготвено да слуша и секое око без да трепне го набљудувало неговото лице кога одговорил: „Ти кажа.“ Како небесна светлина да го осветлила неговото бледо лице кога додал: „Но јас ви кажувам дека отсега ќе го гледате Синот човечки како седи од десната страна на Семожниот и како доаѓа на небесните облаци.“

За миг низ неговата човечка природа блеснало Христово то божество. Првосвештеникот се тресел пред проникливиот поглед на Спасителот. Тој поглед како да ги читал неговите скри ени мисли и како да го палел неговото срце. Никогаш во својот подоцнежен живот не го заборавил тој прониклив поглед на прогонетиот Божји Син.

„Отсега ќе го гледате“, рекол Исус, „Синот човечки како седи од десната страна на Семожниот и како доаѓа на небесните облаци.“ Со овие зборови Христос прикажал спротивна сцена на онаа што се одигрувала. Тој, Господар на животот и славата, ќе седи од десната страна на Бога. Тој ќе биде судија на сета земја, а против неговата одлука не ќе има жалба. Тогаш секоја тајна ќе биде расветлена со Божјата појава и секому ќе му биде пресудено според неговите дела.

Христовите зборови го исплашиле првосвештеникот. Помислата дека мртвите ќе воскреснат и дека ќе застанат пред Бога да примат награда според своите дела, го проникнала Кајафа со ужас. Не сакал да верува дека во иднина ќе прими осуда според своите дела. Како во некоја панорама низ неговите мисли поминувале сцените на последниот суд. За миг ја видел страшната сцена како гробовите ги враќаат своите мртовци со тајните за кои сметале дека ќе бидат вечно скриени. За миг се чувствувал како да стои пред вечниот Суди ја, чиишто очи гледаат сè, ја читаат неговата душа и ги изнесуваат на виделина тајните што ги сметал за скриени заедно со мртвите.

Пред очите на првосвештеникот сцената исчезнала. Него, како садукеј, Христовите зборови остро го засегнале. Кајафа ја негирал науката за воскресението, за судот и за идниот живот. Сега го опфатил сатански гнев. Зар овој Човек, Затвореник, пред него да ги напаѓа неговите најомилени теории? Искинувајќи ја својата облека, за народот да го види неговото лажно згрозување, барал без натамошни испитувања Затвореникот да се осуди за хула против Бога. „Зошто ни се потреб ни уште сведоци?“, рекол. „Еве, сега ја чувте неговата хула? Што мислите?“ И сите го осудиле. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest