Левиј-Матеј (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Кога Исус ќе воскресне од гробот, нивната жалост ќе се претвори во радост. По своето вознесение, Тој како личност ќе биде отсутен, но преку Утешителот сè уште ќе биде со нив и тие времето нема да го поминуваат во тага. Тоа го сакал сатаната. Сакал светот да се здобие со впечаток дека биле измамени и разочарани, но тие требало со вера да гледаат во горното светилиште во кое Исус служел за нив; требало да му ги отворат срцата на неговиот Заменик, на Светиот Дух, и да се радуваат во светлината на неговото присуство. Сепак, ќе дојдат денови на искушение и борба, кога ќе се судрат со владетелите на овој свет и со управителот на царството на темнината; кога Христос не ќе биде лично со нив и кога не ќе можат да го препознаат Утешителот, тогаш за нив ќе настапи време на пост.

Фарисеите се стремеле да се издигнат со строга почит кон формите, додека нивното срце било исполнето со завист и со кавги. „Ете“, кажува Писмото, „вие постите за да се препирате и да се карате и со тупаница да ги биете сиромасите. Не постете веќе како денеска, и ќе се чуе вашиот глас горе. Таков ли е постот што го определив: Човекот да ја мачи својата душа еден ден; да ја наведнува главата надолу како трска и да постила под себе црнина и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и угоден ден на Господа?“ (Исаија 58,4.5).

Вистинскиот пост не е само надворешна служба. Писмото го опишува постот што го одбрал Бог ­ „да ги раскинеш оковите на неправдата, да ги скинеш ремените на бремето, да ги пуштиш угнетените и да скршиш секој јарем… да му ја отвориш својата душа на страдалникот, да го нахраниш гладниот“ (Исаија 58,6.10). Овде е прикажан вистинскиот дух и карактер на Христовата работа. Целокупниот негов живот бил жртвување на самиот себе за спасение на светот. Постејќи во пустината на искушението или јадејќи со цариниците на гозбата кај Матеја, Тој го давал својот живот за откуп на загубените. Вистинскиот дух на посветување не се покажува во бес полезното тагување, во понижувањето на телото и во многубројните жртви, туку во прифаќањето на доброволна служба на Бога и на човекот.

Продолжувајќи го својот одговор на Јовановите ученици, Исус изнел една парабола, велејќи: „Никој не става латица од ново платно, зашто латицата ја цепи облеката и дупката станува поголема.“ Веста на Јована Крстителот не требало да биде проникната со предание и со суеверие. Обидот да се спои фарисејската претворливост со Јовановото посветување би создал очигледна пукнатина меѓу нив.

Христовото учење не можело да се спои со фарисејските форми. Христос не требало да ја затвори пукнатината направена со Јовановото учење. Тој посилно ќе ја истакне разликата меѓу старото и новото. Исус понатаму го прикажал овој факт сликовито, зборувајќи: „Никој не става ново вино во стари мевови; зашто мевовите се кинат, виното истекува и мевовите пропаѓаат.“ Мевовите што се употребувале за чување на ново вино по извесно време станувале суви и крти и непогодни повторно да послужат за иста цел. Со оваа позната слика Исус ја прикажал состојбата на еврејските водачи. Свештениците, закониците и поглаварите биле засадени во вртежот на обредите и преданијата. Нивните срца станале спекнати како исушените вински мевови со кои ги споредил. Додека останувале задоволни со религијата што се потпирала врз законот, не можеле да станат чувари на живата небесна вистина. Сметале дека нивната праведност е сосема доволна и не сакале во нивната религија да се внесе ништо ново. Божјата добра волја кон луѓето не ја прифаќале како нешто одвоено од самите себеси. Тие ја поврзувале со сопствените заслуги за своите добри дела. Верата што дејствува низ љубовта и ја чисти душата не можела да најде допирна точка со фарисејската вера создадена од обреди и човечки наредби. Напорот Исусовото учење да се соедини со воспоставената ралигија би бил напразен. Божјата животодавна сила, како виното што преврива, би ги уништила старите, гнили мевови на фарисејското предание. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest