„И постави дванаесетмина“ (четврти дел)

(продолжува од претходниот ден) Апостолите значително се разликувале во навиките и склоностите. Тука биле цариникот Левиј­Матеј и огнениот Зилот Симон, решителен непријател на римската власт; ве ликодушниот и брз Петар и подлецот Јуда; Тома, со искрено срце, но срамежлив и плашлив; Филип, со бавно срце и наклонет кон сомневање, и славољубивите, простодушни Зеведееви синови. Исус ги примил во заедницата со нивните различни мани; сите имале наследни и стекнати сколоности кон злото; но во Христа и преку него требало да живеат во Божјето семејство, учејќи да станат едно во верата, во учењето, во духот. Ќе доживеат искушенија, жалости, подвоености во мислењето; но сè додека во срцето живеел Христос, не можело да има никакви недоразбирања. Неговата љубов ќе ги поведе во љубов еден кон друг; поуките на Учителот ќе им помогнат да ги усогласат сите разлики, водејќи ги апостолите во единство во една мисла и во едно расудување. Христос е центарот и тие ќе се приближуваат еден кон друг во иста мера во која му се приближуваат на центарот.

Кога го завршил своето поучување на учениците, Исус ја собрал малечката група околу себе и, клечејќи среде нив и полагајќи ги рацете врз нивните глави, изговорил молитва, посветувајќи ги за неговото свето дело. Така Господовите ученици биле ракоположени за служба на евангелието.

Како свои претставници меѓу луѓето Христос не избрал ангели кои никогаш не згрешиле, туку човечки суштества, луѓе со исти склоности како и оние што сакаат да ги спасат. Христос зел на себе човечка природа за да може да му се приближи на човештвото. На божествената природа ѝ била потребна човечка природа, зашто за спасението на светот биле потребни и божественото и човечкото. На божествената природа ѝ била потребна човечка природа, за човештвото да може да добие канал за врска меѓу Бога и човекот. Така е и со Христовите слуги и весници. На човекот му е потребна сила што е надвор од него и над него за да го прероди, да го обнови Божјиот лик во него и да го подготви за извршување на Божјето дело, но ова не го прави човечкото учество неважно. Човечкиот род се потпира врз божествената сила, Христос живее во срцето со вера, и во соработка со божествените сили, човечките сили стануваат делотворни.

Оној што ги повикал галилејските рибари, сè уште ги повикува луѓето во својата служба. Тој сака својата сила во иста мера да ја покаже преку нас како и преку своите први ученици. Колку и да сме несовршени и грешни, Господ го продолжува повикот да се здружиме со него, да се учиме кај Христа. Тој нè повикува да дојдеме на божествено поучување и, соединувајќи се со Христа, да можеме да правиме Божји дела.

„А ова богатство го имаме во земјени садови, та ненадминливото величие на моќта да биде од Бога, а не од нас“ (2. Коринќаните 4,7). Тоа е причината што проповедањето на евангелието им е доверено на грешните луѓе а не на ангелите. Тоа открива дека силата што дејствува преку слабостите на човечката природа е Божја сила, па на тој начин сме охрабрени да веруваме дека силата што може да им помогне на другите, кои се исто толку слаби како и ние, може да ни помогне и нам. А оние што и самите се „под слабост“, треба да бидат подготвени да пострадаат „со оние кои се во незнаење и се заблудени“ (Евреите 5,2).

Бидејќи и самите се загрозени, тие ги познаваат опасностите и тешкотиите на патот и затоа се повикани да ги досегнат другите што се наоѓаат во слична загрозеност. Постојат души збунети со сомневање, оптоварени со слабости, слаби во верата и неподготвени да се фатат за Невидливиот; но пријателот што можат да го видат, што доаѓа кај нив наместо Христа, може да стане алка што ќе ја прицврсти нивната колеблива вера за Христа.

Треба да станеме работници, заедно со небесните ангели да му го претставиме Исуса на светот. Со нестрплива желба ангелите очекуваат наша соработка, зашто човек мора да стане канал за врска со човекот. Кога со целосно посветување на срцето ќе му се предадеме себеси на Христа, ангелите се радуваат што можат преку нашите гласови да ја откријат Божјата љубов.

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest