Глас во пустина (втор дел)

(продолжуав од претходниот ден) За Гаврила Спасителот зборува во Откровението и вели: „Тој му го пренесе и му го објави тоа на својот слуга Јован преку својот ангел“ (Откровение 1,1). На Јована ангелот му објавува: „Јас сум слуга како и ти и твоите браќа, пророците“ (Откровение 22,9). Величествена е мислата ­ ангел кој во чест стои до Божјиот Син, е избран на грешните луѓе да им ги открие Божјите намери.

Захарија се посомневал во зборовите на ангелот. Тој нема да проговори сè додека тие не се исполнат. „Ете“, рекол ангелот, „ќе онемиш… до денот кога ќе се збидне ова, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат кога ќе дојде времето.“ Должност на свештеникот при оваа служба била да се моли за проштавање на јавните и на народните гревови и за доаѓањето на Месија; но кога Захарија се обидел да го стори тоа, не можел да изговори ниту еден збор.

Кога излегол да го благослови народот „тој им даваше знаци и остана нем“. Долго чекале и почнале да се плашат дека можеби го погодил Божјиот суд. Кога излегол од светињата, неговото лице светело од Божјата слава „и сфатија дека имал видение во храмот“. Захарија им објаснил што видел и чул „и кога завршија деновите на неговата служба, се врати дома“.

Набргу по раѓањето на ветеното дете, јазикот на таткото се ослободил „и тој прозборе па го благословуваше Бога. При тоа страв ги обзеде сите нивни соседи, а за сето тоа се прикажуваше по целиот планински крај на Јудеја, и сите што слушаа, го примија тоа во своите срца, велејќи: ‘Што ќе биде од ова дете?’“ Сето тоа требало да придонесе за насочување на вниманието кон доаѓањето на Месија на кого Јован требало да му го приготви патот.

Захарија бил инспириран со Светиот Дух и мисијата на својот син ја преткажал со следните величествени зборови:

„А ти, дете, ќе бидеш наречено пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господа, да ги подготвиш неговите патишта, да му дадеш на неговиот народ да познае спасение преку проштавањето на нивните гревови, заради милосрдноста на нашиот Бог, со која ќе нè посети Зората од висините, за да ги осветли оние кои седат во темнината и во смртната сенка, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.

„А детето растеше и закрепнуваше со духот, и живееше во пустина до денот кога јавно истапи пред Израел.“ Пред Јован да се роди, ангелот рекол: „Тој ќе биде голем пред Господа ­ не ќе пие ни вино ниту опојни пијалаци. Ќе се исполни со Светиот Дух.“

Бог го повикал синот на Захарија за голема задача, за најголемата задача што кога и да е им била доверена на луѓето. За да го изврши ова дело, Бог морал да работи со него. Божјиот Дух ќе биде со него ако ги почитува упатствата на ангелот. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest