„Едно ти недостига“ (втор дел)

(продолжува од претходниот ден) Христос ги одредил единствените услови што би можеле да му помогнат на поглаварот да го усоврши христијанскиот карактер. Неговите зборови биле зборови на мудрост, иако изгледале строги и дека многу бараат. Единствена надеж за спасение на овој поглавар била да ги прифати и да ги послуша. Неговата висока положба и неговиот имот неусетно внесувале зло во неговиот карактер. Ако ги негува, тие ќе го заменат Бога во неговите мисли. Да се закине Бог малку или многу значи да се задржи она што ја намалува неговата морална сила и делотворност; ако грижливо се негува она што е световно, колку и да е несигурно или безвредно, тоа ќе преовладее.

Поглаварот бргу сфатил сè што опфаќале Христовите зборови и станал жалосен. Кога би ја сфатил вредноста на понудениот дар, бргу би му се придружил на Христа како следбеник. Бил еден од членовите на уважениот Совет на Евреите и сатаната го искушувал со ласкави изгледи за иднината. Го сакал небесното богатство, но ги сакал и поминливите предимства што ќе му ги донесе неговото богатство. Му било жал што постоеле такви услови; сакал вечен живот, но не сакал да поднесе жртва. Цената на вечниот живот му се чинела премногу висока, па отишол жалосен, „зашто беше многу богат“.

Неговото тврдење дека го држи Божјиот закон било измама. Покажал дека богатството му било идол. Не можел да ги држи Божјите заповеди додека светот заземал прво место во неговите мисли. Повеќе ги сакал Божјите дарови отколку Дародавецот. Христос му го понудил на младичот своето пријателство. „Следи ме“, рекол. Меѓутоа, Спасителот за него не значел толку колку неговото име меѓу луѓето или неговиот имот. Да се откаже од своето земно богатство што е видливо, заради небесното богатство што е невидливо, било премногу голем ризик. Го одбил понудениот вечен живот и отишол во постојана служба на светот.

Илјадници поминуваат низ вакво искушение, бирајќи меѓу Христа и светот; и мнозина го бираат светот. Како и младиот поглавар, тие го напуштаат Христа, велејќи си во своите срца: Не го сакам овој човек за свој водач.

Христовото постапување со младичот ни е прикажано како очигледна поука. Бог ни дал правила на однесување што секој од неговите слуги мора да ги следи. Тоа е послушноста кон неговиот закон не само формална послушност, туку послушност што го проникнува животот и се открива во карактерот. Бог го воспоставил своето мерило на карактерот за сите што сакаат да станат припадници на неговото царство. Само оние што сакаат да станат соработници со Христа, само оние што ќе кажат Господе, сè што имам и што сум, ти припаѓа тебе ќе бидат признати за Божји синови и ќерки. Сите треба да размислат што значи да се сака набото, а сепак да му го свртат грбот поради поставените услови. Размислете за тоа што значи да му се каже на Христа: „Не!“ Поглаварот рекол: „Не, јас не можам да ти дадам сè.“ Дали и ние го велиме истото? Спасителот ни нуди со нас да ја дели задачата што ни ја дал да ја извршуваме. Тој нуди средства за да го унапредиме Божјето дело на светот. Само на овој начин Тој може да нè спаси.

Имотот му е доверен на поглаварот за да покаже дека е исправен повереник; овие добра требало да им ги подели на сиромасите. Така Бог и денеска им доверува на луѓето средства, дарови и прилики за да можат да станат негови посредници, да им помагаат на сиромасите и на тие што страдаат. Оној што ги користи доверените дарови како што одредил Бог, станува соработник на Спасителот. Тој ги придобива душите за Христа, зашто е претставник на неговиот карактер.

На оние што се наоѓаат на високи, доверливи положби и имаат голем имот, како и младиот поглавар, може да им изгледа премногу голема жртвата на откажување од сè за да го следат Христа. Но тоа е правило што важи за сите кои сакаат да станат негови ученици. Послушност мора да се покаже во сè што се прифаќа. Самооткажувањето е срцевина на Христовата наука. Често се изнесува и се поучува со јазик што изгледа мошне заповеднички затоа што не постои друг начин за човековото спасение освен решително да се отфрли сè она што, ако се негува, ќе го скрши целото суштество.

Кога Христовите следбеници ќе му го вратат на Господа она што е негово, тогаш собираат богатство што ќе им биде дадено кога ќе ги чујат зборовите: „Добро, слуго, добар и верен… влези во радоста на својот господар.“ „Кој поради радоста што беше пред него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол“ (Матеј 25,23; Евреите 12,2). Радоста што ги гледаат откупените души, душите спасени за вечност, е награда за сите што одат по стапките на Оној кој рекол: „Следи ме!“

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest