„Дајте им вие да јадат“ (трет дел)

(продолжува од претходниот ден) Чудото со лебовите дава поука за зависноста од Бога. Кога Христос нахранил пет илјади луѓе, храната не била при рака. Очигледно Тој немал никакви средства на располагање. Бил во дивина со пет илјади мажи, освен жени и деца. Тој не го повикал тоа силно мноштво да го следи; дошле без повик илинаредба; но Тој знаел дека по долгото слушање на него вите поуки ќе почувствуваат глад и умор; Тој бил едно со нив во нивната потреба од храна. Биле далеку од домовите и веќе се спуштала ноќ . Мнозина од нив немале средства да набават храна. Тој, кој заради нив постел четириесет дена во пустината, не сакал да дозволи во своите домови да се вратат гладни. Божјето провидение го поставило Исуса таму каде што се наоѓал; и Тој зависел од својот небесен Отец за средствата со кои требало да ја исполни оваа потреба.

Кога ќе се најдеме на тешки места, мораме да се потпреме врз Бога. Ние мораме да покажеме мудрост и расудување во секој животен потфат за да не се доведеме себеси во искушение со непромислени постапки. Ние не смееме да упаѓаме во тешкотии, занемарувајќи ги средствата што ни ги обезбедил Бог и злоупотребувајќи ги способностите што ни ги дал Тој. Христовите работници мора изрично да ги слушаат неговите упатства. Делото е Божје, па ако сакаме на другите да им донесеме благослов, мораме да ги следиме неговите планови. Нашето „јас“ не смееме да го сториме центар; нашето „јас“ не може да прими никаква чест. Ако правиме планови според нашите сопствени замисли, Господ ќе нè препушти на нашите сопствени грешки. Меѓутоа, ако ги следиме неговите упатства и ако тогаш се најдеме на тешки места, Тој ќе нè избави. Ние не смееме да потонеме во обесхрабрување, туку во секоја неприлика треба да бараме помош од него кој има власт над неисцрпните извори. Често ќе бидеме опкружени со тешки околности и тогаш со целосна доверба мораме да се потпреме врз Бога. Тој ќе ја чува секоја душа што упаднала во тешкотии настојувајќи да го следи Господовиот пат.

Христос ни заповеда преку пророкот: „Подели го својот леб со гладните, воведи ги под свој покрив бездомниците, облечи го оној што е гол“ (Исаија 58,7­10). Тој ни дал налог: „Одете по сиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание“ (Марко 16,15). Но колку често срцето ни се обесхрабрува и верата ни исчезнува кога ќе видиме колку е голема потребата а колку се малечки средствата во нашите раце. Како и Андреја, гледајќи ги петте јачменови лебови и двете малечки риби, и ние извикнуваме: „Но што е тоа за толкаво мноштво?“ Често се колебаме неприготвени да дадеме сè што имаме, плашејќи се да трошиме и да се потрошиме за другите. Меѓутоа, Исус ни заповедал: „Дајте им вие да јадат.“ Неговиот налог е и ветување;а зад него се наоѓа истата сила што го нахранила мноштвото крај морето.

Во Христовото дело при задоволувањето на привремените потреби на гладното мноштво се наоѓа длабока духовна поука за неговите пратеници. Христос примил од Отецот; Тој им поделил на учениците; тие му поделиле на мноштвото; а луѓето едни на други. Така сите што се соединети со Христа ќе примат од него леб на животот, небесна храна, и ќе им ја поделат на другите.

Со целосна доверба во Бога, Исус ја зел малечката резерва лебови; па иако тоа било малечко количество дури и за неговото семејство ученици, не ги повикал да јадат, туку почнал да им дели, повикувајќи ги да го послужат народот. Храната се умножувала во неговите раце и, рацете на учениците, подадени кон Христа, кој самиот е леб на животот, никогаш не биле празни. Малечкото количество било доволно за сите. Кога ги исполнил потребите на народот, остатоците биле собрани и Христос и неговите ученици јаделе заедно од таа драгоцена храна добиена од небото.

Учениците биле канали за одржување врска меѓу Христа и неговиот народ. Тоа денеска би требало да биде големо охрабрување за неговите ученици. Христос е голем центар, извор на секоја сила. Неговите ученици мора да примаат од него. Најумните, најдуховните можат да го подарат само она што го примиле. Сами од себе не можат да дадат ништо друго што ѝ е потребно на душата. Ние можеме да го дадеме само она што го примаме од Христа; и можеме да примаме само кога им даваме на другите. Колку даваме, толку ќе примаме; и колку повеќе делиме, сè повеќе ќе примаме. Така можеме постојано да веруваме, да имаме доверба, да примаме и да даваме. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest