„Да не се вознемирува вашето срце“ (трет дел)

(продолжува од претходниот ден) Господ е разочаран кога неговите деца малку се ценат. Тој сака неговото избрано наследство да се цени себеси според цената со која ги проценил Тој. Бог ги сакал, инаку не би го пратил својот Син да ги откупи со толку скап потфат. Тој има одредена задача за нив и мошне е задоволен кога од него бараат највисоки предимства со желба да го прослават неговото име. Тие можат да очекуваат многу ако имаат вера во неговите ветувања.

Меѓутоа, да се молиме во Христово име значи многу. Тоа значи дека мораме да го усвоиме неговиот карактер, да го покажеме неговиот дух и да ги правиме неговите дела. Ветувањето на Спасителот е дадено условно. „Ако ме љубите“, кажува Тој, „ќе ги држите моите заповеди.“ Тој ги спасува луѓето не во гревот, туку од гревот, а оние што го сакаат него, ќе ја покажат својата љубов со послушноста.

Секоја вистинска послушност доаѓа од срцето. Тоа значи да се работи со Христа со цело срце. Ако сакаме, Тој ќе се изедначи со нашите мисли и цели, нашите срца и умови ќе ги доведе во хармонија со својата волја и ние, слушајќи го него, всушност постапуваме според нашите природни поттици. Волјата, исчистена и посветена, ќе најде свое највозвишено задоволство во неговата служба. Кога ќе го запознаеме Бога онака како што имаме предимство да го запознаеме, ќе живееме живот во постојана послушност. Со почитување на Христовиот карактер и со заедница со Бога, гревот ќе ни стане одвратен.

Како Христос што живеел според законот во својата човечка природа, така можеме да сториме и ние ако се фатиме за Силниот и ако побараме сила. Не смееме да ја пренесеме одговорноста врз други и да чекаме тие да ни кажат што би требало да правиме. Не смееме да зависиме од човечки совети. Господ ќе нè поучи на нашите должности исто толку подготвено како што би поучил некој друг. Ако му пристапиме со вера, Тој лично ќе ни ги довери своите тајни. Нашето срце често ќе гори во нас кога ќе се приближи да разговара со нас како што го правел тоа со Еноха. Оние што ќе решат да не прават ништо што на кој и да е начин би го навредувало Бога, ќе знаат, откако ќе му го изнесат својот случај, по кој пат треба да одат. Тие ќе добијат не само мудрост, туку и сила. Силата за послушност, за служба, ќе им биде подарена онака како што ветил Христос. Сè што му е дадено на Христа сè што е потребно да се задоволат потребите на паднатите луѓе дадено му е нему како поглавар и претставник на човечкиот род. „Што и да побараме од него, добиваме затоа што ги пазиме неговите заповеди и го правиме тоа што му е нему по волја“ (1. Јованово 3,22).

Пред да се принесе себеси како жртва, Христос сакал на своите следбеници да им го подари најважниот и најцелосниот дар, дарот што ќе им ги приближи неисцрпните извори на милоста. „Јас ќе го молам Отецот”, рекол, „па ќе ви даде друг Утешител кој ќе остане со вас засекогаш: Духот на вистината, кого светот не може да го прими, зашто не го гледа, ниту го познава. Вие го познавате, зашто Тој живее со вас и ќе биде во вас. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам кај вас“ (Јован 14,6­-18).

Пред ова Духот бил на светот; уште од почеток на делото на откупувањето Тој дејствувал врз човечките срца. Но, додека Христос бил на земјата, учениците не сакале никаков друг помошник. Дури кога ќе бидат без него, ќе почувствуваат потреба од Духот и тогаш Тој ќе дојде.

Светиот Дух е Христов претставник, но не во човечки лик, независен од тој лик. Затоа што носел човечка природа, Христос не можел да биде лично на секое место. Заради тоа, за нив било подобро Тој да си замине кај Отецот и да им го прати Духот да биде негов наследник на земјата. Тогаш ни кој не ќе има никакво предимство што му го донесува местото на живеење или личниот допир со Христа. Со посредство на Духот сите ќе можат да му пристапат на Спасителот. Во оваа смисла Тој ќе им биде поблизок отколку да не се вознел на небото.

„Кој ме љуби мене, него ќе го љуби мојот Отец, и јас ќе го љубам и самиот ќе му се објавам.“ Исус ја читал иднината на своите ученици. Еден од нив видел одведен на губилиште, друг на крст, трет во изгнанство меѓу осамени морски карпи, други во прогонство и смрт. Ги охрабрил со ветувањето дека ќе биде со нив во секое искушение. Ова ветување не загубило ништо од својата сила. Господ знае сè за своите верни слуги кои заради него се во затвори или прогнани на осамени острови. Тој ги теши со своето присуство. Кога верникот заради вистината  ќе седне на обвинителна клупа на неправедни судови, Христос стои крај него. Сите обвинувања што паѓаат врз него, паѓаат врз Христа. Христос уште еднаш се осудува во личноста на својот ученик. Кога некој е заробен меѓу затворски ѕидишта, Христос го исполнува неговото срце со својата љубов. Ако некој претрпи смрт заради него, Христос кажува: „Јас сум Оној што живее. Бев мртов, но, еве, живеам во век века и ги имам клучевите од гробот и од смртта“ (Откровение 1,18). Животот што е жртвуван за мене е сочуван за вечна слава. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest