Одбран народ (прв дел)

Повеќе од илјада години еврејскиот народ го очекувал доаѓањето на Спасителот. Со овој настан биле поврзани неговите најсветли надежи. Во песната и во пророштвото, во црковниот обред, во домашната молитва, тој како скапоценост го чувал неговото име. Па сепак, при неговото доаѓање не го препознал. Небесниот Галеник за него бил „како корен од сува земја“. „Не беше строен“, и тој не видел кај него никаква убавина за да го посака. „При своите дојде, но своите не го примија“ (Исаија 53,2; Јован 1,11).

Сепак, Бог го одбрал Израел. Тој го повикал за да ги сочува меѓу луѓето сознанијата за својот закон, за симболите и пророштвата кои укажувале на Спасителот. Тој сакал овој народ да биде извор на спасение за овој свет. Она што бил Аврам за земјата во која престојувал, Јосиф за Египет, а Даниел за вавилонскиот двор, тоа требало да биде еврејскиот народ меѓу народите. Тој требало да им го открие Бога на луѓето.

Кога го повикал Аврама, Господ рекол: „Ќе те благословам… ти ќе бидеш благослов… и во тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата“ (1. Мојсеева 12,2.3). Истото учење го повторувале и пророците. Иако Израел бил опустен со војна и со ропство, сепак останало ветувањето што му било дадено: „Тогаш остатокот на Јакова, меѓу многубројните народи, ќе биде како роса што доаѓа од Господа, како ситен дожд на трева кој не зависи од човек ниту е производ на синовите човечки“ (Михеј 5,7). Во врска со храмот во Ерусалим Господ изјавил преку Исаија: „Мојот дом ќе се вика Дом на молитва за сите народи“ (Исаија 56,7).

Меѓутоа, Израелците своите надежи ги насочиле кон световна големина. Од времето на нивното влегување во хананската земја, тие се оддалечиле од Божјите заповеди и пошле по патиштата на незнабошците. Попусто Бог им праќал опомени преку своите пророци. Напразно поднесувале казни од страна на незнабожечките угнетувачи. Секоја реформа била придружувана со уште подлабок отпад.

Кога Израел би му бил верен на Бога, Бог би ја постигнал својата цел така што би го уважувал и извишил. Кога би биле послушни, Тој би ги издигнал „со чест, со име и со слава над сите народи што ги создал“. „И ќе видат сите народи на земјата“, му рекол на Мојсеја, „дека со право се викаш Господов народ, и ќе се плашат од тебе“. „Кога народите ќе слушнат за сите овие закони“, ќе кажат: „Само еден народ е мудар и умен, а тоа е овој голем народ“ (5. Мојсеева 26,19; 28,10; 4,6). Меѓутоа, поради нивното неверство, Божјата намера можела да се оствари само низ постојани страдања и понижувања.

Тие се одведени во вавилонско ропство и расеани низ земјите на незнабошците. За време на неволјите, мнозина ја обновиле својата верност кон неговиот завет. Додека ги качеле своите харфи на врби и плачеле за светиот храм што опустел, од нив зрачела светлина на вистината и меѓу народите се ширело сознанието за Бога. Незнабожечките жртвени системи биле изопачување на оној систем што го воспоставил Бог; многу искрени учесници во незнабожечките обреди учеле од Евреите за значењето на Божјата служба и со вера го прифа тиле ветувањето за Откупителот.

Многу изгнаници поднесувале прогонство. Не бил мал бројот на оние што го загубле животот затоа што одбиле да ја погазат саботата и да ги почитуваат незнабожечките празници. Кога идолопоклониците се дигнале да ја уништат вистината, своите слуги Господ ги довел пред лицето на царевите и владетелите со цел тие и нивниот народ да ја прифатат светлината. Многупати најголемите владетели се доведени во ситуација да ја прогласат надмоќноста на Бога кого го обожавале нивните еврејски робови.

Со вавилонското ропство Израелците делотворно се лекувани од идолопоклонството ­ од службата пред ракотворени кипови. Во текот на следните векови тие биле угнетувани од незнабожечките непријатели сè додека не станале свесни оти нивниот напредок зависи од послушноста кон Божјиот закон. Меѓутоа, кај мнозина послушноста не произлегла од љубов. Побудата била себична. Му служеле на Бога само со надворешни знаци како средства за постигнување на национална големина. Не станале светлина на светот туку, за да го избегнат искушението од идолопоклонството, тие се затвориле кон светот. Во упатствата дадени на Мојсеја Бог го ограничил нивното дружење со идолопоклониците, но ова учење било погрешно протолкувано. Негова намера била да ги заштити од прифаќање на незнабожечките обичаи. Но тоа е искористено за подигање на ѕид на разделба меѓу Израелците и другите народи. Евреите Ерусалим го сметале за свое небо, и навис тина биле љубоморни што Господ ја покажува својата милост и кон незнабошците. (продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest