Одбран народ (втор дел)

(продолжува од претходниот ден) По враќањето од Вавилон, големо внимание му било посветено на верското воспитување. Насекаде, низ сета земја, се граделе синагоги во кои свештениците и закониците го толкувале законот. Исто така се основани и училишта во кои, заедно со уметноста и науката, се предавале и начелата на правдата. Но овие установи се изопачиле. За време на ропството многу луѓе ги прифатиле незнабожечките поими и обичаи и истите ги внеле во својата верска служба. Во значителна мера тие се прилагодиле кон обичаите на идолопоклониците.

Бидејќи се оддалечиле од Бога, Евреите во голема мера го загубиле од вид учењето за обредната служба. Оваа служба ја воспоставил Христос. Со секој свој дел таа го претставувала него и била полна со животна сила и со духовна убавина. Меѓутоа, Евреите го загубле духовниот живот што произлегу вал од нивните обреди и цврсто се држеле за мртвите форми. Се потпреле исклучиво врз жртвите и обредите, наместо да се потпираат врз Оној на кого укажувале тие жртви. За да го пополнат местото на она што го загубиле, свештениците и рабините ги умножувале своите сопствени барања и, колку биле построги, сè помалку се откривала Божјата љубов. Својата светост ја мереле со мноштво свои обреди, додека нивните срца биле исполнети со горделивост и со лицемерство.

Заедно со сите нивни дребничави и тешки прописи, не било можно да се држи законот. Оние што сакале да му служат на Бога и што се труделе да ги почитуваат рабинските правила, стенкале под тешкото бреме. Нив ги мачела вознемирена совест и немале мир. Така сатаната го обесхрабрувал народот за да не го сфати потполно Божјиот карактер и израелската вера ја изложувал на презир. Тој се надевал дека ќе го докаже тврдењето што го поставил при бунтот на небото ­ дека Божјите барања се неправедни и дека не можат да се исполнат. „Дури и Израел“, изјавил тој, „не го држи законот“.

Иако со желба го очекувале доаѓањето на Месија, Евреите не ја сфатиле правилно неговата мисија. Тие не барале ослободување од гревот, туку ослободување од Римјаните. Очекувале Месија да дојде како освојувач, да ја скрши силата на угнетувачот и да го издигне Израел до степен на светско царство. Така за нив бил подготвен патот да го отфрлат Спасителот.

Во времето на Христовото раѓање, народот го угнетувале странски господари и го кинеле внатрешни несогласија. На Евреите им било дозволено да задржат еден вид самостојна управа, но сепак, ништо не можело да го прикрие фактот дека биле под римски јарем или дека се помириле со ограничувањето на својата моќ . Римјаните си го присвоиле правото да го именуваат и отповикуваат првосвештеникот и затоа до оваа служба често се доаѓало со измама, со поткупување, па дури и со убиства. На тој начин свештенството станувало сè поизопачено. Наспроти тоа, свештениците сè уште поседувале голема моќ што ја користеле за остварување на своите себични и наемнички цели. Народот бил притиснат од нивните немилосрдни барања, а и Римјаните тешко го оданочувале. Таквата состојба предизвикала силно незадоволство. Народните буни зачестиле. Алчност и насилство, недоверба и духовна рамнодушност го разјадувале срцето на нацијата.

Омразата кон Римјаните и националната и духовната гордост ги навеле Евреите уште построго да се придржуваат кон своите богослужбени форми. Свештениците настојувале да го одржат угледот на својата светост со претерано внимание кон верските обреди. Народот во мрак и под товар на владетелите жедни за власт, копнееле да дојде Оној што ќе ги победи нивните непријатели и ќе го обнови израелското царство. Тие ги проучувале пророштвата, но без духовно да проникнат во нивната суштина. Така ги занемариле деловите на Писмото што укажуваат на Христовото понижување при неговото прво доаѓање, а погрешно ги применувале оние што зборуваат за славата на неговото второ доаѓање. Нивната горделивост ја затемнила нивната визија. Тие пророштвото го толкувале сообразно со своите себични желби.

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest