„Бог е со нас“ (втор дел)

(продолжува од претходниот ден) Славните ангели наоѓаат своја радост во давањето ­ во дарувањето на љубов и во неуморното бдеење над душите што паднале и ја загубиле својата светост. Небесните суштества се обидуваат да ги задобијат човечките срца; тие на овој мрачен свет му носат светлина од небесните дворови. Со својата љубезна и стрплива служба тие вршат влијание врз човечкиот дух и така загубените ги водат во заедница со Христа кој им е многу поблизок отколку што самите можат да си претпостават.

Кога ќе се свртиме од сите помалку важни откровенија, тогаш го гледаме Бога во Исуса. Набљудувајќи го Исуса, гледаме дека славата на нашиот Бог лежи во давањето. Јас „ништо не правам сам од себе“, рекол Христос. „Мене ме прати живиот Отец, и јас живеам заради Отецот“. „Јас не барам своја слава“, туку славата на Оној кој ме прати (Јован 8,28; 6,57; 8,50; 7,18). Во овие зборови е изложено големото начело што е закон на животот за вселената. Христос сè примил од Бога, но зел за да даде. Така во небесните дворови, во неговата служба за сите создадени суштества, животот на Отецот се излева преку саканиот Син врз сите, а потоа истиот, како плима на љубовта, се враќа преку Синот во слава и радосна служба кон големиот Извор на сè. И така преку Христа се затвора кругот на доброчинството, претставувајќи го карактерот на големиот Дародавец ­ законот на животот.

Овој закон е прекршен на небото. Гревот произлегол од се бичноста. Луцифер, херувим засолнувач, сакал да биде прв на небото. Тој настојувал да завладее со небесните суштества, да ги одвои од нивниот Творец и нивната верност да ја придобие за себе. Од таа причина Луцифер неточно го прикажувал Бога, припишувајќи му желба за самоизвишување. Своите лоши особини почнал да му ги припишува на Творецот кој е извор на безмерна љубов. Така ги измамил ангелите. Така ги прелагал луѓето, наведувајќи ги да се посомневаат во Божјата реч и да загубат доверба во неговата добрина. Затоа што Бог е Бог на правда и на неспоредливо величество, сатаната ги навел Бога да го сметаат за строг и безмилосен ­ ги навел да му се придружат во бунтот против него, и на светот се спуштила ноќ на проклетство.

Земјата ја обвил мрак, зашто Бог е погрешно сфатен. За да се растераат мрачните сенки, за светот да може да се врати кај Бога, измамничката сатанска сила морала да биде скршена. Тоа не можело да се постигне со сила. Насилството е спротивно од начелата на Божјето владеење. Тој сака само служба од љубов, а љубовта не може да се изнуди; таа не може да се задобие со сила или со власт. Само љубовта може да разбуди љубов. Да го познаваме Бога значи да го љубиме. Неговиот карактер мора да се истакне како спротивност на карактерот на сатаната. Ова дело може да го оствари само едно Суштество во целата вселена. Божјата љубов може да ја објави само Оној што ја познава нејзината висина и длабина. Над мрачната ноќ на светот мора да изгрее Сонцето на правдата со здравје „во неговите зраци“ (Малахија 4,2).

Планот за нашето спасение не бил дополнителна мисла, план создаден откако Адам паднал во грев. Со него се открила „тајната скриена од вечноста“ (Римјаните 16,25). Тој е откровение на начелата што биле темел на Божјиот престол уште од вечноста. Уште од почеток Бог­Отецот и Христос знаеле за отпадот на сатаната и за падот на човекот предизвикан со дејствувањето на измамната сила на отпадникот. Бог не е причина за постоењето на гревот, но Тој однапред го видел неговото постоење, обезбедувајќи средство со кое ќе ѝ се против стави на оваа страшна можност. Неговата љубов кон светот била толку голема, што Тој се заветувал дека ќе го даде својот единороден Син „за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3,16).

Луцифер рекол: „Над ѕвездите Божји ќе подигнам свој престол,… ќе се изедначам со Севишниот“ (Исаија 14,13.14). Меѓутоа, Христос „кој, иако имаше божествена природа, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога, туку се откажа од таа еднаквост, земајќи природа на слуга и станувајќи сличен со луѓето“ (Филипјаните 2,6.7).(продолжува)

Голгота (втор дел)
Голгота (прв дел)
Во судницата на Пилата (деветти дел)
Во судницата на Пилата (осми дел)
Во судницата на Пилата (седми дел)
Во судницата на Пилата (шести дел)
Во судницата на Пилата (петти дел)
Во судницата на Пилата (четврти дел)
Во судницата на Пилата (трет дел)
Во судницата на Пилата (втор дел)

Pin It on Pinterest