Неговиот пат е во Светилиштето
Кликнете овде за да ви се прикаже описот на овој видео серијал
Откако Бог ги извел Израелците од Египет, им заповедал да Му изградат Светилиште во пустината, кое било копија на Небесното Светилиште. Преку Светилиштето во пустината, кое што било во облик на шатор, Бог сакал да нè поучи на суштински важни лекции со вечни последици.
8 Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. (Излез 25:8 ; Библија)
Израелците требале да Мy подигнат шатор на Бог помеѓу нивните шатори, за да разберат дека не е далечен и недостижен, туку дека е близок Бог. Од друга страна, самото Светилиште го сочинуваат повеќе делови: двор и шатор со две простории (Светиња и Светиња над светињите). Секој од овие делови имал своја специфична функција и било строго дефинирано кој до каде може да влезе и кога може да влезе. На тој начин, истовремено, Бог не сакал луѓето да заборават на непремостливиот јаз помеѓу Него, како Создател и нив како созданија.
Светилиштето имало за цел да ја претстави небесната реалност на земјата. Тоа претставувало како еден вид на портал каде што небото и земјата се соединувале. Манифестацијата на Божјата слава се појавувала токму над овој Шатор на средбата, од каде што и Бог му говорел на Мојсеј.
Преку церемонијалиот систем поврзан со Светилиштето е откриен целокупниот план на спасението. Мебелот, жртвите, првосвештеникот, мноштвото церемонии… сè е тоа сенка која нашла свое исполнување во Исус. Самиот призор на Светилиштето и сите церемонии кои се случувале во него, биле многу впечатливи и имале за цел да ги афектираат сите пет сетила на човекот. Тоа било Божја промисла за својот народ, за да можат големите вистини да им останат длабоко врежани во умот. И уште повеќе од тоа, симболите поврзани со Светилиштето десегале во времето. Временскиот редослед на различните фази од Исусовата служба во планот на спасението се откриени токму преку годишните церемонијални празници во Светилиштето. Нажалост, христијанскиот свет во голема мера занемарил да ги проучува овие суштински вистини. Можеби тоа е и главната причина што денес во светот се проповедаат искривени евангелија. Размислете само за момент: Кој би имал поцелосно разбирање за планот на спасението: а) оној кој што го препознал Исус како чисто и невино јагне жртвувано на олтарот во дворот во Светилиштето (симболички зборувано); или б) оној кој што освен што го препознал Исус како чисто и невино јагне жртвувано на олтарот во дворот, го препознал Исус и во сите останати фази кои следеле, вклучувајќи го и ЧИСТЕЊЕТО на Светилиштето за време на Јом Кипур (Денот на очистувањето)?
Едно од најсуштинските апокалиптични пророштва, за кое во Библијата е запишано дека „се однесува на далечни времиња “, „на крајот од времето“ (Даниел 8:26,17 ; Библија), гласи:
„Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.”
(Даниел 8:14 ; Библија)
За правилно да се разбере ова пророштво, неопходно е добро познавање на доктрината за Светилиштето. Во суштина, таа доктрина ги спојува скоро сите други Библиски доктрини во себе. Освен тоа, за правилно да се разберат пророштвата во книгата Откровение, неопходно е добро е да познава Светилиштето. Откровение и Светилиштето се како рака и ракавица.