Ellet J. Waggoner
„Праведникот преку верата ќе живее“ Рим. 1,17.
Оваа изјава е сума на тоа што апостолот има да каже за евангелието. Евангелието е сила Божја која спасува, но само „на секого што верува“ (Рим. 1,16). Во тоа се открива Божјата праведност. Божјата праведност е совршен Божји закон, кој всушност е само препис на Неговата праведна волја. Секоја неправедност или престапување на законот е грев. Еванге- лието е Божјиот лек за гревот; затоа, неговата задача мора да биде, ништо друго освен, доведување на човекот во хар- монија со законот – да предизвика делата на праведниот закон да се манифестираат во нивните животи. Но, ова е целосно работа на верата – Божјата праведност се открива од „верата и во верата“ – вера во почетокот и вера до крајот – како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее“.
Ова е вистина во сите векови, и ќе биде вистина од паѓањето на човекот се додека Божјите светии не го добијат Неговото име на нивните чела и Го видат Него. Апостолот ја има цитирано изјавата од пророкот Авакум 2,4. Ако пророците не откриле, првите христијани не би можеле да го знаат тоа, бидејќи тие го имале само Стариот Завет. Да се каже дека во старите времиња немале перфектно познавање на верата во Исус Христос, со тоа се кажува дека во тоа време немало праведни луѓе. Но, Павле оди до самиот почеток и наведува пример на спасоносна вера. Тој вели: „Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен“. (Евр. 11,4). Тој исто така вели дека и Ное преку вера направил ковчег за да го спаси својот дом, „со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера.“(Евр. 11,7). Ние велиме дека нивната вера била во Христа, бидејќи тоа било спасоносна вера, зашто покрај името Христово „под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме“. (Дела 4,12)
Има многумина кои пробуваат да живеат христијански живот со силата на верата до која стигнале откако ја сфа- тиле потребата за простување на гревовите од нивниот досегашен живот. Тие знаат дека единствено Бог може да ги прости гревовите, и дека тоа Он го прави преку Христос, но тие претпоставуваат дека штом почнат, мораат да ја трчаат трката со свои сили. Знаеме дека многумина ја имаат оваа идеја, од причина што имаме слушнато како некои тоа го кажуваат, или од причина што многумина кои тврдат дека се христијани не покажуваат дела кои се со поголема моќ од својата. Ако некогаш имаат што да кажат, покрај постојано-повторуваната формула, „Јас сакам да бидам христијанин, за да можам да се спасам“ зборуваат само за искуство од минатото, за радоста која ја имале кога поверу- вале за прв пат. За радоста, која доаѓа живеејќи за Бога и за чекорењето со Него преку вера, за неа не знаат ништо, а тој којшто зборува за неа, како да им зборува на неразбирлив јазик. Но, апостолот ја разјаснува оваа материја за верата и ја изнесува преку следната илустрација за славното царство: „Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога. А без вера не е можно да Му се угоди на Бога, бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.“ Евр. 11,5.6.
Забележете го аргументот за да докажеме дека Енох бил вознесен преку вера: Енох беше вознесен поради тоа што чекореше со Бога, и го имаше заветот дека Му угодил на Бога; но без вера е невозможно да Му се угоди на Бога. Тоа е доволно за да се докаже поентата. Без вера, никакво направено дело не може да наиде на одобрување од Бога. Без вера и најдобрите дела кои човек може да ги направи, ќе бидат бесконечно далеку од совршената Божја праведност, која е единствениот стандард. Добра работа е да се најде некаде вера, но и најдобрата вера во Бога која ќе го одземе товарот на гревовите од минатото нема да има корист, освен ако после тоа не следи постојано зголемување на мерката се додека не заврши времето на проба.
Сме слушнале многумина како велат колку им е тешко да постапат исправно. Обележани само со неуспех, најчесто се незадоволни од својот христијански живот и биле во искушение да се откажат во обесхрабрување. Не е ни чудо што се обесхрабруваат. Континуираниот неуспех е доволен да го обесхрабри секого. Најхрабриот војник на светот би постанал малодушен кога би бил поразуван во секоја битка. Понекогаш овие личности со жал кажуваат дека се блиску да ја изгубат самодовербата. Кутри души. Кога само стварно би ја изгубиле целосно довербата во себе и ја стават целосно нивната доверба во Оној кој е моќен да спаси, тогаш тие би имале друга приказна за раскажување. Тие тогаш би се „радувале во Бога преку нашиот Господ Исус Христос“ (Рим 5,11). Апостолот вели: „Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе ви речам: радувајте се“ (Фил. 4,4). Човекот кој не се радува во Бога, и покрај тоа што е искушуван и погоден и понижен, не се бори во добрата борба на верата. Тој се бори со слабата борба – со самодовербата и поразот.
(продолжува)