Дописен библиски курс

Доколку сакате да ја проучувате Библијата тоа
можете да го сторите на два начина:

- Можете да ни пишете на следната адреса:
„Восхитувачки факти“, П.Фах 151, 2000 Штип
- Можете тоа да го сторите и он лајн на следниот линк: 
Библиски курс 
Основни верувања

1. Светото писмо
2. Светото тројство
3. Божјиот закон
4. Саботата - Божјиот ден
5. Покајание и обратување, искуство на спасението
6. Нашето тело - Божји храм
7. Исус наш првосвештеник
8. Живее ли човек по смртта?
9. Второто Христово доаѓање
10. Христијански обреди
11. Десеток






1.Светото писмо

Светото писмо е најважно од Божјите откровенија дадени на човекот. Се состои од Стар и Нов завет и е извештај зa Божјото обраќање кон луѓето. Писмото е многу повеќе отколку само историја на средбите меѓу Бога и човекот во минатото, многу повеќе од споменик на верата на минатите генерации – тоа е жива реч Реч на живиот Бог.

Што библијата тврди за себеси? Библијата вели: “Целото писмо е од Бога вдахновено.” (2 Тимотеја 3:16) Напишана е од луѓе кои биле водени од Светиот дух. "Оти никогаш според човечка волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух" (2 Петрово 1:2). Светото писмо не може да се урне или на било кој начин да се покаже како неточно.

Неколку факти за Библијата! Библијата е составена од 66 книги кои биле напишани на три континенти, на три јазика, од околу 40 различни луѓе (цареви, пастири, рибари, адвокати, генерал на армија, свештеници и еден доктор). Пишувана е во период од околу 1500 години. Зборува за најконтраверзни теми. Сите 66 книги кои ја сочинуваат Библијата се во потполна хармонија помеѓу себе. Светото писмо во Христово време ги опфаќало Мојсеевите книги, книгите на пророците и псалмите. Списите на апостолите исто така биле признати како дел на Светото писмо. Целата библија е поделена на Стар и Нов завет кои се во потполна меѓусебна хармонија. Всушност Стариот завет е темел на Новиот. Писателите на Новиот завет честопати цитираат делови од Стариот Завет. Тоа покажува дека обата дела на Светото писмо се еднакво важни. Обата се Божја реч – темел на нашата вера и на нашиот живот.

Зошто ни е дадено Светото писмо? Познавањето на Светото писмо е полезно за овој, но и за идниот живот. Светото писмо ни дава правила за совршен христијански живот. Тоа ни ги открива сите наши должности кон Бога и кон ближните. Светото писмо не само што не кара, туку и не поправа и ни го покажува вистинскиот пат. Една од клучните причини зошто ни е дадено светото писмо е поради тоа што преку него ние можеме целосно да го запознеме Христа, неговата личност и карактер, кој претставува централна личност во целото Свето писмо.

 

Бог-Отец – Тој е опишан како личност. Бог зборува, слуша, гледа, пишува. Тој жали, се гневи, покажува радост и тага. Тој има своја волја (2 Коринтјаните 1:1), суди (Римјаните 2:16) , проштава (Исаија 55:7) и чува тајни (5 Мојсеева 29:29). Тој е над се, Тој создал се и одржува се. Тој е семожен, возвишен и свет, сезнаен, со неограничена мудрост, вечен и бесмртен, насекаде присутен (Псалм 139:7) – слободен од сите временски и просторни ограничувања во своето делување. Еден е Бог и Отец на сите кој е над се и преку сите и во сите нас (Ефесјаните 4:6).

Бог-Син – Нашата надеж во спасение се темели единствено на Исуса. Името, според кое е познат Божјиот Син ја одразува Неговата улога во планот на спасението, улогата што му е доделена уште пред создавањето на светот. Тој се родил на овој свет во вид на човек (Евреите 1:5,6). Пред своето отелотворување постоел како Бог во најпотполна највисока смисла на зборот од вечноста. Тој е Бог по Својата природа, по Својата сила, по Својот авторитет (Јован 1:1,2; 17:5,24;Филипјаните 2:6). Христос е творец на се (Јован 1:3;Колосјаните 1:16,17;Евреите 1:2). Тој бил онаа личност на Божеството која се откажала од себе, земајќи обличје на слуга и станувајќи послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст (Филипјаните 2:7,8). Преку Него на грешните суштества им се открил Божјиот карактер и се извршило делото на спасението на човекот за на крај преку Него и да му се суди на светот.

Бог-Светиот Дух – Светиот Дух е вистинска божествена личност како еден од членовите на Божеството. Тој учествувал со Отецот и со Синот при создавањето на Земјата и имал истакната улога во остварувањето на планот на спасението. Во евангелието според Јован, Христос ја опишува работата на Светиот Дух како Дух на вистината, кој ќе биде пратен во Христово име да биде со учениците. "А утешителот пак Духот Свети, кого што Отецот ќе го испрати во мое име, Тој ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал” (Јован 14:26). Тој бил пратен да сведочи за Исуса. И бидејќи не е ограничен со времето и со просторот, Тој може да им го претстави Исуса на луѓето во сите краишта и во секое време. Под влијание на Светиот Дух Божјите свети луѓе ја напишале Библијата која сведочи за Христа. Светиот Дух делува на нашето срце и во него разбудува желба да го запознаеме Бога. Светиот Дух не наведува да ги проучуваме оние делови од Писмото што ни се неопходни, ни помага правилно да ги разбереме, да сфатиме што сакал Бог да каже во тој текст и ни дава сила практично да го применуваме во нашиот живот.

 

3. Божјиот закон

Секаде во природата и вселената владеат физички закони. Постои ли закон по кој треба да се управуваат сите луѓе за да бидат среќни? Нашиот творец ни дал таков закон кој важи за сите луѓе и за сите времиња. Тој го регулира нашиот меѓусебен однос, како и односот кон нашиот творец.

Како бил објавен Божјиот закон на луѓето? Божјиот закон бил напишан на две камени плочи. На првата плоча биле напишани првите четири заповеди кои ја нагласуваат нашата должност кон Бога, а на втората плоча другите шест кои ја истакнуваат нашата должност кон ближните.

Дали можеме да бидеме спасени држејќи го законот? “Зошто со делата на законот ниедно тело нема да се оправда пред Него” (Римјаните 3:20). “Зошто по благодат сте спасени, и тоа не е о вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.” (Ефесјаните 2:8,9).

Зошто законот е апсолутно неопходен за усовршување на христијанскиот карактер? “Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто тоа е се за човекот” (Проповедник 12:13). "Зошто преку законот доаѓа самото познавање на гревот” (Римјаните 3:20). Не можам да знам дали сум грешен освен ако внимателно не се загледам во совршениот стандард Божјиот закон – огледалото. Христос не само што му простува на покајаниот грешник, туку во него го обновува и Божјиот лик. Тој го доведува во хармонија со Божјиот закон преку силата на Своето внатрешно присуство. Бог не можел да го промени Својот закон, но затоа пак обезбедил начин преку Христа да го промени грешникот за тој да биде во склад со законот.

 

4. Саботата - Божјиот ден

Кај сите народи постојат разни верски празници што ги воспоставиле луѓето со текот на времето. Но Светото писмо учи, дека, всушност постои само еден празник што потекнува лично од Творецот на светот.

Кога и преку кого е основана саботата? Бог го завршил создавањето на светот за шест буквални денови. Во седмиот ден си отпочинал. Бог се одмарал создавајќи со тоа за човекот ден за одмор и му оставил пример и тој, следејќи го својот Творец да се одмора во седмиот ден. Христос ја одделил саботата од другите денови во седмицата како ден за одмор токму со тоа што тој ден го благословил, го посветил и во тој ден се одморил. Она што Бог го благословил и го посветил останува вечно благословено и посветено. Од Светото писмо дознаваме дека Христос саботата ја воспоставил во рајот пред човекот да падне во грев. Исус кажал дека саботата е создадена за човекот, односно за сите луѓе. Некои сметаат дека саботата им е дадена само на евреите, но од Божјата реч гледаме дека таа е дадена уште во рајот околу 2000 години пред да се роди првиот евреин Авраам. Саботата ја празнувале патријарсите од Адама до Мојсеја и од Мојсеја до Христа. Саботата ја празнувале Христос, апостолите и првите христијани. Саботата, Божјите деца ќе ја празнуваат и на обновената земја (Исаија 66:22,23)

Која е целта на воспоставување ден за одмор? Христос ја одделил саботата:                                                              (1) Да не потсетува на Творецот и на Неговото дело на создавањето.                                                                               (2) Саботата му е дадена на човекот заради негов одмор.                                                                                                     (3) Саботата е дадена како ден за богослужение. Исус често одел во саботата на богослужение со одредена цел да ни помогне повеќе да се соединиме со нашиот Творец и да се подготвиме за идниот вечниот живот.                              (4) Саботата е дадена како знак на роднинство меѓу Бога и Неговиот народ како знак на посветување. “Празнувајте ги моите саботи за да бидат знак меѓу мене и вас, па да знаете дека Јас сум Господ вашиот Бог.” (Езекиел 20:20).

 

5. Покајание и обратување, искуство на спасението

Човекот по својата природа е грешен. Тој се раѓа со грешно наследство, со склоност кон гревот и во текот на животот уште повеќе ја зголемува својата грешност. Нашите гревови не одделуваат од Бога и навлекуваат Божји грев над нас. Природно се наметнува прашањето, како може човекот да биде спасен?

Покајание! Вистинското покајание е темелна промена во однос на гревот и на Бога. Тоа е искрено жалење поради сторените гревови и напуштање на истите. Само Светиот Дух, со помош на Божјата реч и на Божјиот закон, може да не разбуди и да не осведочи за нашата грешност. Она што го води грешникот на покајание е Божјата доброта. “Или пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување.” (Римјаните 2:4). Ниеден човек не може сам со своја сила да го победи гревот. Со раѓањето од нашите биолошки родители ја наследуваме нивната грешна природа, а со раѓањето “од горе”, од небесниот Родител, стануваме учесници во божествената природа.

Односот меѓу покајанието и обратувањето! Покајанието или внатрешната промена кога е искрена, е придружена и со надворешна промена – нов живот. Новиот живот, кој е последица на покајанието, Светото писмо го нарекува обратување. Покајaнието му претходи на обратувањето. Покајанието опфаќа: увидување на својата грешност, жалост поради гревот, признавање на гревот, надоместување на штетата која сме му ја нанеле на нашиот ближен колку што е тоа возможно, напуштање на гревот. Верата опфаќа: примање на Христа како личен Спасител, преданост и послушност кон Христа.

Родови на обратувањето! Обратениот човек живее нов живот Неговиот карактер секој ден станува се посличен на Христовиот карактер. Тој раѓа духовни плодови (Галатјаните 5:22,23). Обратениот човек секој ден умира со Христа за гревот и за грешната природа. Луѓето кои увиделе колку е големо злото на гревот, цврсто ќе решат никогаш повеќе да не грешат. Кај обратениот човек Божјиот закон е напишан во неговото срце и тој живее според него. “Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и исполнувате наредбите Мои” (Езекиел 36:26,27).

 

6. Нашето тело-Божји храм

Бог го создал човекот со добро здравје. Никогаш не била Божјата волја човекот да биде болен, да страда и на крај да умре.

Што учи Светото писмо за нашето тело? “Скапо сте купени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.” (1 Коринтјаните 6:20). Бидејќи Бог во Исуса Христа не откупител од вечната смрт, наша должност е да сториме се што е во наша моќ да го сочуваме нашето тело во најдобра можна состојба за да можеме подобро да го прославиме. “Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате само на себеси” (1 Коринтјаните 6:19).

Основни начела на здравјето! Луѓето повеќе проучуваат разни болести отколку прашањето како да го сочуваат здравјето. Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, физичките вежби, здравата исхрана, правилна употреба на водата, довербата во Божјата моќ – тоа се вистински лекови.

Каква храна му одредил Бог на човекот на почетокот? Исхраната што на почетокот Бог им ја дал на луѓето се состоела од овошје, житарки и зрнести плодови. “И рече Бог: ‘Еве ви дадов секаков вид на растение, што дава семе, ... секое плодоносно дрво, што во себе има семе според својот род и вид...Од секое дрво во градината можеш да јадеш.’” (Битие 1:29; 2:16). По потопот Бог им дозволил на луѓето да јадат месо. Ное и другите патријарси не јаделе секакво месо. Тие животните ги делеле на чисти и нечисти.

Која храна е спицифично спомната во Библијата како нечиста? Во Левит 11 и Второзаконие 14, Бог многу јасно ги посочува групите на животни кои се нечисти. Сите животни кои имаат раздвоени копита и не ја преживаат храната. Сите риби и водни созданија кои немаат лушпи и перки. Скоро сите риби се чисти. Сите птици грабливки, мршојадци и рибојадци и повеќето влекачи (оние кои немаат ‘рбетен столб).

Што кажува Божјата реч за алкохолните пијалоци? Виното, ракијата, пивото, ликерите и сите други пијалоци што содржат алкохол, се непријатели на нашето здравје и затоа Божјата реч ги забранува. Многу убиства, самоубиства, несреќи во сообраќајот и на работа, се случуваат како последица на употребата на алкохолни пијалоци. “Ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божје” (1 Коринтјаните 6:10).

Каков совет ни дава Божјата реч во врска со напуштањето на секоја штетна навика? “И така возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји” (2 Коринтјаните 7:1). Тутунот е бавен и подмол отров, а пушењето нечиста и штетна навика. Пушењето штетно влијае врз крвните садови, а често предизвикува рак на белите дробови и на другите органи кај човекот.

 

7. Исус наш првосвештеник

Ние живееме во време кога небото се врши чистење на небесната светиња или истражен суд. На пророкот Данило во видение му било покажано дека судот ќе почне по периодот од 2300 пророчки денови. Судот или делото на чистење на небесната светиња почнало 1844 година.

Земната светиња и службата во неа. Старозаветната светиња која била воспоставена во времето на Мојсеј со завеса била поделена на два дела. Првиот дел се викал светиња, а вториот светиња над светињите. Во првото одделение, или во светињата се наоѓале три предмети: златен свеќник со седум краци, трпеза со лебови и златен кадилен олтар. Во второто одделение, или во светињата на светињите се наоѓал ковчегот на заветот или плочите со Божјите заповеди. Службата во земната светиња се делела на секојдневна и на годишна служба. Секој ден грешниците кои се каеле принесувале свои крвни жртви. Целосно проштавање и ослободување грешникот добивал дури при годишната служба или при службата на Денот на чистењето. Тој ден служба вршел поглаварот свештенички. Денот на очистувањето народот морал да го поминува во длабока понизност, во пост и молитва, зашто тоа бил суден ден на израелскиот народ.

Небесната светиња и нејзиното чистење. Земната светиња била слика на небесната светиња. По своето вознесение, Христос влегол во небесната светиња и таму ја почнал службата на поглавар свештенички за нас. “А ова што го зборуваме, го зборуваме, главно, дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата, и е служител на Светилиштето и на вистинската Скинија, која што ја воздигна Господ, а не човек.” (Евреите 8:1,2). Чистењето на земната светиња било слика на чистењето на небесната светиња. Во 1844 година како што прекажал Данило во 8-та глава стих 14 Христос влегол во второто одделение на небесната светиња да изврши чистење на светињата, чистење на нашите гревови. Судот ќе суди врз основа на извештаите во книгите каде се заведени сите наши гревови, а десетте Божји заповеди ќе бидат мерило на судот.

 

8. Живее ли човек по смртта?

Верувањето во бесмртноста на човечката душа денеска во светот речиси е сеопшто распространето.

Кој има бесмртност? “Кое што, кога ќе му дојде времето, ќе го открие Блажениот и единствен Владател, Цар над царевите и Господар над Господарите, Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин.” (1Тимотеева 6:15,16). Овде е истакнато дека само Бог е бесмртен, а праведните ќе добијат бесмртност од Изворот на бесмртноста, од Христа, во мигот на воскресението.

Човековата природа. “А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во носот дух животен; и човекот стана жива душа” (1 Мојсеева 2:7). Бог човекот го создал од материјата, од земниот прав и дувнал во него животен здив. Така човекот станал жива душа. Без животниот здив телото било мртво. Здивот ги оживеал и ги ставил во движење човечките органи. Изразот жива душа значи разумно живо суштество. Без здивот човекот е само безживотна материја.

Што се случува со човекот кога ќе умре? Телото повторно се враќа во земниот прав. “Зошто си земја, и во земја ќе се вратиш.” (1 Мојсеева 3:19). Духот (животниот здив) се враќа кај Бога. “И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал” (Проповедник 12:7). Значи, кога човекот ќе умре, се случува спротивниот процес од процесот на создавање на човекот.

Човековата состојба за време на смртта. Еве четири точки што ги истакнува Светото писмо во врска со состојбата на човекот за време на смртта.
(1) Тој ден пропаѓаат сите негови помисли (Псалм 146:4)
(2) Мртвите не знаат ништо и не чувствуваат ништо (Проповедник 9:5,6)
(3) Мртвите не го фалат Бога (Псалм 115:17)
(4) Смртта се споредува со длабок сон (Јован 11:11-14)

 

9. Второто Христово доаѓање

Повторното Христово доаѓање се споменува над триста пати во Новиот Завет. Патријарсите и пророците го очекувале не само првото Христово доаѓање, туку во визија го гледале и неговото второ доаѓање.

Дали Христос пак ќе дојде? Исусовото ветување гласи: ”Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во мене верувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.” (Јован 14:1-3). Ангелите посведочиле дека Исус пак ќе дојде: “И додека гледаа кон небото,кога се вознесуваше Он,одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, и рекоа: Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, кој од вас се вознесе на небото,ќе дојде пак по истиот начин, како што го видовте да оди на небото. ”(Дела 1:9-11). Оваа мисла за второто Христово доаѓање преминала од апостолите во срцата на христијанската апостолска црква и станала главен столб на нивната вера и надеж.

Како ќе дојде Исус? Исус ќе дојде лично, истиот Оној кој се вознел на небото. Кога Исус им се јавил на апостолите по Своето воскресение, им ги покажал своите прободени раце и нозе. Исто така, кога Исус повторно ќе дојде, лузните на Неговите дланки – знаците на Неговото понижување и на љубовта кон нас - ќе бидат Негова чест, и по тоа верните ќе Го препознаат. Неговото доаѓање ќе биде видливо на облаци. “Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки.” (Матеј 24:27). Тој ќе дојде со голема сила и слава, а Неговото доаѓање ќе биде неочекувано. Исус не предупредува да внимаваме некој да не не измами: “Пазете се да не ве излаже некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име говорејќи: ‘Јас сум Христос!’ и ќе прелажат мнозина ” (Матеј 24:4.5). Сатаната денес мами огромно мноштво на луѓе преку спиритизмот. Спиритистите тврдат дека на нивните собири се појавува Исус Христос и дека Тој лично им упатува важни совети. Исус нема да се појави тајно во некоја соба или во пустина, туку јавно, за да го види цел свет.

Зошто Христос ќе дојде? Исус ќе дојде за да ги дигне праведните од гробовите, а живите праведни да ги преобрази и на сите да им даде небесни станови. Платата пак за грешниците е смрт и уништување.

Како можеме да се приготвиме за Христовото доаѓање? Ние во секој момент сме добредојдени кај Христа. Ако сакаме Исус да не прими кога ќе дојде, ние мораме сега да го примиме Него како наш Спасител. Тој до сега не дошол затоа што има многу искрени души кои треба да бидат спасени.Ние можеме да живееме за Него, како што живеел и апостолот Павле, и да се стремиме да станеме слични на Него. “Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив; понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само на мене туку и на сите оние кои се радуваат на Неговото доаѓање.” (2. Тимотеј 4:7.8).

 

10. Христијански обреди

Исус на својата црква и оставил три свети обреди кои не потсетуваат на Него, на Неговиот живот и на одделни фази од неговото дело на спасение. Тие три обреди се крштевањето, вечерата Господова и обредот миење нозе како дел на подготовката за вечерата Господова.

Крштевање. Христос крштевањето го сторил врата за влегување во своето духовно царство. “Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, Синот и Светиот Дух.” (Матеј 28:19). Крштевањето треба да се врши во име на Отецот и Синот и Светиот Дух. Оној што се крштева на овој начин се става под власт на Светото Тројство, станува член на Божјото семејство Апостолите го исполнувале овој Исусов налог и така се основани првите христијански цркви.

Услови кои треба ги исполнува оној што сака да биде крстен.
а) Кандидатот треба да биде темелно поучен и обратен, односно треба да живее во сообразност со науката на Светото Писмо;
б) Мора да верува во Исуса како свој личен Спасител;
в) Мора да се покае; Да се покаеме значи да го напуштиме гревот. Тоа значи да се обратиме кон Бога и кон Неговата правда.
г) Мораме да бидеме готови да умреме за гревот и да живееме за Бога; Да умреме за гревот значи да умреме за нашата стара грешна природа.

Што значи крштевањето? Како што Христос умрел за човековите гревови, што бил закопан и на третиот ден воскреснал, така и грешникот кој се кае умира за старата природа, го закопува стариот живот во водниот гроб и станува во нов живот.

Како се крстил Исус? Зборот “крсти” потекнува од грчкиот збор “baprtiso” што значи нурка, влегува под вода. Исус бил крстен на реката Јордан. “И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.” (Матеј 3:16). Ова јасно покажува дека Исус бил крстен со нуркање. Освен крштевањето со вода, постои и крштевање со Светиот Дух и со оган. И едното и другото се потребни за спасение.

Вечера Господова. “А јас го примив од Господа она што ви го предадов; а тоа е дека Господ онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб и откако заблагодари, го прекрши и рече: ‘Земете и јадете, ова е телото мое кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој! По вечерата исто така, зеде и чаша, и рече: Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв; oва правете го кога ќе пиете за Мој спомен!Оти кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа додека Он не дојде.’” (1. Коринтјаните 11:23-26). Вечерата Господова не потсетува на четири евангелски факти:
а) На Христа кој умрел за нас
б) на Христа кој пак ќе дојде
в) лебот го претставува Неговото тело кое се кршело за нас
г) виното ја претставува Неговата крв која е пролеана за нас.

Обредот миење нозе. Со овој обред Исус сакал да ги поучи Своите ученици дека вистинската големина лежи во понизноста и во несебичната служба. Миењето на нозе е прилика која ни ја дава Господ да се испитаме себеси, да ги признаеме нашите слабости и искрено да се покаеме и да соединиме со Бога и меѓу себе. “Вие ме нарекувате Учител и Господ: и право велите, бидејќи Јас Сум таков. Ако пак Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да си ги миете нозете. Затоа и ви дадов пример да правите и вие така, како што направив и Јас.” (Јован 13:13-15). 

 

11. Десеток

Вистина е дека многу луѓе ќе кажат дека имаат доверба во Бога, меѓутоа тие не постапуваат така. И полошо од тоа, затоа што тие немаат доверба во Него, тие всушност крадат од него! Можеби ќе се постави прашањето: Како е тоа можно? Никој не може да краде или присвои пари од Бога? Меѓутоа Божјата порака до неговиот народ гласи: “Вие крадете од мене” (Малахија 3:8). Кој дел од нашата заработка му припаѓа на Бога според Библијата? Една десетина од заработувачката на една личност му припаѓа на Бог. “Сиот десеток од земјата... е Господов” (Левит 27:30). Зборот десеток буквално значи десетина. Десетокот му припаѓа на Бога. Тој е Негов. Кога се дава десеток всушност му се дава на Бога она што е Негово. Каде барал Бог луѓето да го донесат десетокот? “Донесете ги сите десетоци во ризницата” (Малахија 3:10). Во Малахија Бог посочува кон ризницата како “Мој дом”. Тоа значи дека нашиот десеток треба да биде донесен во собиралиштето на храмот или во самата црква.

За која намена се користи десетокот? Десетокот во Стариот Завет се користел како плата за свештениците. Всушност планот Божји е десетокот да се користи како плата за издржување на оние кои што посветуваат време во служба на евангелието. Доколку сите луѓе даваат десетоци и десетокот беше користен стриктно за издржување на евангелските работници, ќе има повеќе од доволно пари за целиот свет да се опфати многу брзо со Божјата евангелска вест за последното време.

 

Христијанска адвентистичка црква - Администратор
I believe that this year's Rolex products to replica watches uk understand friends should know that this year Rolex at the same time on replica watches the empty Pa, Di Daya and other products rolex replica have been updated, and let users more concerned about Di Dayong, this year launched the new pass , In the design to join the swiss replica watches Cerachrom ceramic bezel, the material in the past only in the precious metal watch which is popular this year.