Историјат

Исус рекол: “И ќе се проповеда ова евангелие по целиот свет, за  сведоштво на секој народ, јазик и колено. Надежта за второто Христово доаѓање ги греела срцата на сите Христови верни следбеници во сите времиња. Меѓутоа на крајот од XVIII – от и почетокот на XIX – от век оваа надеж како пламен ги зафатила земјите во Европа, Блискиот и Средниот Исток, Северна и Јужна Америка. Сите очекувале дека многу скоро ќе се појави нивниот Месија, кој ќе направи крај на гревот и злото. Овој верски покрет се појавил спонтано како резултат на сеопштото будење и интересот за проучување на библиските пророштва за Второто Христово доаѓање на нашата земја.

Особен интерес за месијанските пророштва пројавил познатиот германски протестантски теолог Јохан Бенгел (1687-1752), кој го најавувал адвентот и почетокот на милениумот.

После 20 – годишно истражување чилеанскиот исусовец Мануел де Лакунца (1731-1801), во Италија го напишал делото “Venida del Mesias en Gloria y Magestad”. Ова дело било читано со задоволство од мнозина поради поврзаноста на пророчкиот ланец од 2300 дена и ноќи со доаѓањето на Исуса Христа (Данило 8,14).

Верувањето во скорешното Христово доаѓање во Европа е поврзано со ликот на Јозеф Волф (1795 - 1862), протестантски мисионер , но исто така и плоден адвентистички писател. На основа на своите проучувања на овие пророштва од 2300 дена и ноќи, Волф дошол до сознание дека Христос треба да дојде по истекот на Даниловиот пророчки ланец. Често пати патувал низ земјите од Блискиот Исток и таму имал средби со муслимани кои изразувале иста вера во скорото доаѓање на Месијата. Во својот дневник напишал: “Арапите во Јемен имаат една книга која содржи вест за Христовото доаѓање. Тие веруваат дека тоа ќе се случи во 1840 година.

Верувањето во скорото Христово доаѓање се ширело и во Велика Британија. Истакнатиот британски книжевник Моран Брок вели дека во 1826 година преку 700 проповедници од англиканската црква го објавувале ова евангелие, радосната вест за Христовото царство.

Во Скандинавските земји ширењето на Адвентот наишло на остро спротивставување од страна на државната црква. За ширењето на верувањето во скориот адвент во континентална Европа, заслужен е протестантскиот теолог и професор на семинарот во Женева Луј Госен (1790-1863), кој често држел предавања за Даниловото пророштво и стекнал доста приврзаници.

Посебно место меѓу припадниците на авентистичкиот покрет му припаѓа на Вилијам Милер (1782-1849), баптистички проповедник. На основа на Даниловото пророштво уште во 1818 година дошол до заклучок дека Христос ќе дојде многу скоро. Имено, во книгата на пророкот Данило, стои напишано:”И ми рече: ‘До 2300 вечери и утрини ,и тогаш светилиштето ќе се очисти.’” (Данило 8,14) Тој открил дека тој голем пророчки ланец почнал 457-мата година пред Христа кога персискиот владетел Ксеркс издал наредба Ерусалим повторно да се соѕида (Данило 9,24-27). Тој очекувал дека очистувањето на Светилиштето ќе се случи некаде во 1843 година, кога требало да се очекува големиот еврејски празник Јом Кипур – денот на помирување – Христовото доаѓање. Вилијам Милер за кратко време постанал ракоположен баптистички проповедник, и од тогаш целиот свој живот ќе го посвети во објавување на радосната вест:”Бојте се од Бога  и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот Суд. (Откровение 14,7) Со своите соработници, развил жива мисионерска дејност и наскоро мнозина проповедници и верници од своите проповедални го најавувале Христовото доаѓање. Така тој постанал најистакната личност меѓу адвентистите на своето време, а Северна Америка – центар на најдраматичните случувања во историјата на покретот. Неговите проповеди пробудиле длабоко интересирање  во општеството, а неговите гледишта постанале општо прифатени гледишта на адвентистите по целиот свет. Меѓутоа после истекот на одреденото време за Христовото појавување, следбениците на Милер доживеале горко разочарување. Тој во своите белешки ќе напише: “Два пати се разочарав, но не ја изгубив надежта, не се обесхрабрив. Мојата надеж во Христа дека скоро ќе дојде е и понатаму цврста како и во почетокот.

Таканареченото разочарување од 1844 година претставува пресврт во развитокот на адвентистичкиот покрет. Останатите адвентисти со голем жар продолжиле да ги проучуваат пророштвата на пророкот Данило за да го пронајдат огдоворот на прашањето зошто блажената надеж не се исполнила. Набрзо воочиле дека толкувањето на Даниловото пророштво било исправно, но чистењето на Светилиштето не се однесувало на чистење на Земјата од гревот и злото, а со тоа и на Второто Христово Доаѓање, туку на почетокот на Истражниот Суд, на небото и на чистењето на небесното светилиште, во кое Христос служи како Првосвештеник и наш Застапник. Денот и часот на Христовото доаѓање никој не го знае и Христос ќе дојде кога повторно ќе се наврши времето, кога Бог во Својата милост ќе одлучи да стави крај на гревот и злото.

Времето помеѓу 1844 и 1863-та година претставуав преодно време во создавањето и зацврстувањето на адвентистичката црква и организација.  Голема улога во тоа имале т.н. библиски конференции на кои со искрена молитва и пост се расправало за доктриналните проблеми на организацијата на црквата. Пресудно влијание во формулирање на начелата на црквата одиграле Советите на Духот на пророштвото објавени преку Елен Г. Вајт. Ова влијание на Духот на пророштвото и помогнало на црквата да ги преброди сите потешкотии, не само во почетокот на својата историја, туку и понатаму се до ден денес. Во 1860 –та година поголемиот дел од верниците го прифатиле името АДВЕНТИСТИ НА СЕДМИОТ ДЕН, а во 1963 – та година го добиле и првиот претседател на Генералната Конференција, братот Џон Блинктон. Во 1837- ма година ,братот Јозеф Волф патувал од Европа во САД, одржувајќи мноштво проповеди за Христовото доаѓање. Првите почетоци за повторното оживување на адвентистичкиот покрет на стариот континент се направени многу рано.

Михаел Белина Чеховски – католички свештеник , роден во Полска (1818 -1876), се приклучил на Црквата на адвентистите на седмиот ден во Америка 1857 година и веднаш почнал да работи како проповедник во Канада и САД, заедно со Даниел Бурдо. Со желба оваа надеж за радосната вест да ја однесе во старата татковина се вратил 1864 година во Европа. Најпрвин, се задржал во Италија во местото Торе Пеличе, во подрачјето каде што живееле Валденжаните. Тука најпрво настанала заедница на верници, на кои духовен водач и учител им бил токму тој. Потоа се преселил во Швајцарија, во која работел цели 4 години. Тука ја основал првата адвентистичка издавачка куќа, која го издала списанието “L’Evanegile Eterne” (Вечно евангелие) и мноштво други адвентистички книги. Во 1869 година, верниците во Швајцарија за свој делегат на Генералната Конференција во Батл Крик го испратила младиот теолог  Јаков Х. Ерценбергер (1843-1920). Тој се вратил во Европа во 1870 година, како ракоположен проповедник на својата матична црква, за да подоцна извршува многу одговорни должности во неколку европски земји.

Во далечната 1874 – та година, црквата како свој претставник во Европа го делегира братот Џон Ендрјус (1829 - 1883), необично надарен теолог од пионирите на црквата , претседател на Генералната конференција од 1867 -1869 година и главен и одговорен уредник на списанието “Review and Herald”. Се до крајот на својот живот тој останува во Европа каде дава полн допринос во организационото зацврснување и поврзување на делото на европското тло.

Првите адвентисти во нашите краишта биле доселеници кои верата за Второто Христово Доаѓање ја прифатиле во САД или во некоја западноевропска држава. Во Македонија првите верници се појавувааат во 1880 година, во која година во Скопје се доселил како претставник на Британското Библиско Друштво, братот Алфред Зефрид (1840 - 1927) со својата сопруга. Во Македонија тие поминале 9 години сведочејќи со збор и дело за својот Спасител. Во 1881 година се родил нивниот син во Скопје, Јоханес Зефрид, кој подоцна ќе заврши теолошки семинар во Фриденсау и ќе работи како проповедник во Швајцарија, Германија и Унгарија.

Алфред Зефрид во мај 1882 година, од страна на турската власт бил уапсен и одведен во затвор на тврдината Кале во Скопје.Во овој затвор минал 2 месеца, никогаш не дознавајќи зошто е затворен. После 2 недели поминати во затворот поверена му е должност на другите затвореници да им носи храна во нивните ќелии. Таму се запознал со тројца затвореници. Двајца од нив биле христијани, а третиот бил 82 – годишен Албанец, муслиман, кој веќе 16 години лежел во затворот закован со ланци. Алфред Зефрид на овие двајца христијани често пати им читал од Светото Писмо, за апостол Павле и Сила кои невино биле оптужени и затворени во затворот во Филипи. Стариот Албанец, слушајќи ги зборовите од Светото Писмо, поверувал дека Исус умрел и за него, и дека и за него има надеж. По неколку дена турската управа на затворот го повикала братот Алфред Зефрид каде му било соопштено дека добил ослободување. После пионерската работа во Македонија , братот Алфред Зефрид со фамилијата се преселил во Романија, каде што работел како проповедник се до своето пензионирање.

Вестите за напредокот на делото во Македонија се појавиле и во гласилото на црквата “Review and Herald ” во бројот 3 од декември 1901 година, каде се наоѓа еден отсек под насловМакедонскиот повик” .

“Дојдете и помогнете ни. Ова бил повик на човекот од Македонија на кој апостол Павле поттикнат од Светиот Дух не можел да не ја исполни таа желба и во овие предели да ја проповеда радосната вест. Авторот на овој текст објавува дека во овие предели има искрени луѓе кои живеат во измачена покраина и кои ја бараат вистината. Да му заблагодариме на Бога што Бог им дозволил на овие луѓе кои никогаш не слушнале за саботата и за другите вистини, да им ја пренесеме радосната вест. Овој допис го испратил еден од пионирите на адвентизмот во Македонија , братот Гарабет Јерам. Овој човек заедно со својата сопруга седум години провел во градот Радовиш и во некои други места во Македонија носејќи ја радосната вест за Христовото доаѓање. Братот Гарабет Јерам по професија бил лекар така да мисионската мисија воедно била и здравствена мисија. Тој малото гратче Радовиш често пати го нарекува Витлеем во Македонија, зашто во ова место имало толку многу протестанти како во ниедно друго место. Освен евангелска и здравствена мисија овој пионер на адвентизмот во Македонија се занимавал и со издавачка дејност. Во написот од 10 август, 1905 година, во списанието “Review and Herald” под наслов : “Третата ангелска вест во Македонија, д-р Гарабет зборува за тоа како тие преведале поуки на македонски јазик, и се вели дека Господ ги благословил сите напори на овој пионер. Скоро сите протестанти и православни верници во Радовиш биле многу заинтересирани за сите предавања на д-р Гарабет.

Овие записи на страниците од списанието “Review and Herald” ги оживуаваат во нашите очи личноста и делото на еден лекар и проповедник по потекло  -  Ерменец кој дошол во нашите краишта како младич и како лекар во служба на турската војска. Д-р Гарабет во своето писмо до одборот на мисијата спомнува една млада верничка од Радовиш по име Атина Димева, по професија учителка. Подоцна таа заминала во САД, каде завршила висока медицинска школа, но во 1907 година се вратила во Македонија, каде до крајот од својот живот работела во својот крај како медицинска сестра. Нејзината ќерка и внука се верници на нашата црква.

После балканските војни во Македонија, работеле повеќе литерарни евангелисти, каде најпрво се задржале во Прилеп. Во 1921 година таму најпрво се обратил Иван Шемкоски и неговиот син Анѓел. Во 1922 година во Скопје доаѓа проповедникот Мирко Кавур, а по неколку години му се придружува и братот Никола Сланкаменац. За тоа време во Прилеп работи Милан Шарчански, во кој период се обратиле седум верници , а братот Албин Мочник е присутен во Прилеп да го изврши обредот крштевање. Така во 1923 – та година е организирана прва службена призната црква во Македонија – црквата во Прилеп. Делото брзо напредувало се до втората светска војна, но во периодот на комунизмот има проблеми со властите, но сепак имало доста верници кои сакале да му служат на Бога.

Црквата во Скопје  по ослободувањето свое прибежиште наоѓа во куќата на сестра МИХАЈЛОВА која живеела во населба Пролече. Таму богослуженијата се обавувале се до 1958 год. кога е изградена новата зграда на ул. Петар Поп Арсов 25, во која година се обавува и посветувањето на самата црква. Делумно е оштетена во земјотресот во 1963 год., но со помош на меѓународната заедница повторно се обнови а постои и работи до ден денес. Во развојот на црквата свој придонес дале и братот Ѓорѓи Шемкоски со сопругата, братот Васе Антовски, братот Стефан  Николовски, Ристо Кочовски, Цвета Марковска, Калезиќ Томаш, Стојановски Ристо, Селимовски Даут, Проф. Алексовски Лазар, Михајловска Ратка, фамилија Кушевски и многу други браќа и сестри.

    По осамостувањето во Македонија уште повеќе се шири Адвентното движење. Плуралистичките околности овозможија да се штампаат мноштво на книги, да се издаваат дискети со музика од духовен карактер како и можност на радио и ТВ да се слушне за нашата надеж и за нашето верување.









Христијанска адвентистичка црква - Администратор
I believe that this year's Rolex products to replica watches uk understand friends should know that this year Rolex at the same time on replica watches the empty Pa, Di Daya and other products rolex replica have been updated, and let users more concerned about Di Dayong, this year launched the new pass , In the design to join the swiss replica watches Cerachrom ceramic bezel, the material in the past only in the precious metal watch which is popular this year.